Може да имам заборавено ама мислам дека прашакот треба да се стави во жешка вода како делумно би се распаднал односно сварил. А не мора да значи.
Не бе, баш го читавме упатството, не пишува жешка, пишува топла
. Се разбира, претходно зовриената вода, потоа малку ја загреваме, за да не биде ладна
.
А и мислам дека не смее во жешка бидејќи има некои субстанции потребни на бебето во млекото, се распаѓаат на висока температура... вака читав некаде online, ова го немаше во упатството.
Онда од пробиотик, мене доктурот ми препорача сааб, и еспомисан. Не секогаш беа ефикасни, ама консултирај се со матичниот, претежно помагаат.
Нас ни кажа педијатарот дека треба да го ротираме пробиотикот бидејќи сите пробиотици се всушност корисни (за дигестивниот систем) бактерии кои, ако се намножат (а може да се намножат, ако континуирано користиш само еден пробиотик), ќе направат други проблеми. Претходно користивме Ваја, а сега Био Гаја, па пак ќе заротираме некој друг.
А Еспомисанот не е пробиотик, тоа е лактин, ензим потребен за разложување на лактозата во млекото. Кај новороденчињата не се лачи овој ензим (подоцна да, ама првите неколку месеци, не... до кај максимум 6 месеци, варира од новороденче до новороденче), па затоа и имаат грчеви, бидејќи не може да се довари лактозата во млекото (се вари и без тој ензим, ама многу поспоро и дел од лактозата останува несварена и поминува низ тенко и дебело црево и тогаш прави проблеми, т.е. грчеви). Истото е и Колиеф, само што е од друг производител. Имало и некој Сабсимлекс, ама го немало кај нас, само во Бугарија го имало.