Па можно е да е наједноставно така... некаде блиску да сум, ама не знам кога ќе сум слободен
, тоа е вистинскиот проблем
. Еве вчера (денес) плачеше од 3 до 11 сабајле
. Нема правило кај него, некои вечери ќе почне од 8, 9, па ќе тера до 3, 4 сабајле, некои вечери ќе плаче како сега (најчесто ноќе го фаќаат грчевите).
Како и да е, ви пишав, договорете се вие, разменете броеви и пишете на форумов (да знаат и другите, можеби и некој друг ќе сака да дојде, еве bumbar изрази желба
), мене јавете ми се или ќе прочитам тука (обично се логирам еднаш до два пати дневно), ќе ви се јавам и ќе знаете дали ќе дојдам. Не можам јас да договарам бидејќи договорот ќе важи во наредните 3, 4 часа и ќе мора ВЕДНАШ, ТОГАШ да се најдеме (бидејќи тогаш е мирен и најверојатно ќе биде, врз база на проценка, си го знаеме, наредните 3, 4 часа), а тоа на никој не му одговара (да ти пишат „5 за 12“ и да треба некаде да се нацрташ, сите сакаме да си го планираме времето колку што можеме повеќе
).