Author Topic: Корисни линкови во областа на високонапонската електроника  (Read 181 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 742
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Ги чистев bookmarks пред некој ден, и случајно го најдов фолдерот со линкови од страни за високонапонска индустриска електроника, од кои што многу научив, па си реков да ги споделам како индекс, референца, за било кој што сака да ја истражи оваа област подлабоко...  ;)

1. Forum @ 4hv.org
Code: [Select]
https://4hv.org/e107_plugins/forum/forum.phpАко сакате да комуницирате за било што во врска со индустриска електроника, конвертори на моќност, теслини трансформатори, електромагнетни забрзувачи на проектили (coilgun, railgun), и други луди, практични, непрактични, изведби на најчудни најлуди топологии што сте можеле да ги замислите, ова е вистинскиот форум... Има повеќе лудаци одколку на сите други електронски форуми заедно, не преувеличувам, исто така и премногу теми од инженери, магистри и доктори кои се занимаваат со RF, конвертори на моќност и слично, и неверојатна збирка на ресурси и знаење.
 
2. Steve's High Voltage
Code: [Select]
https://www.stevehv.4hv.org/Steve Ward, активен на 4hv форумот е константно од зачетокот, еден од првите, ако не и прв што се осуди да дизајнира и изработи транзисторски теслин трансформатор што има резонантен примар, и го сведе работењето на сериско резонантно коло на резонантна фреквенција во пулсен режим до перфекција, го дизајнираше Universal Driver кој што понатаму беше усовршен и беа додадени сите можни опции и заштити. Вистински пионер во ова поле.

3. HVTesla
Code: [Select]
http://www.hvtesla.com/terry.htmlTerry Fritz, уште еден од пионерите на ова хоби, кога другите мислеле дека првичниот дизајн на Никола Тесла е совршен и не му е потребно ништо повеќе, тој почна да се занимава со разни заштити, филтри, резонантно полнење, синхрони искричари, теми на кои што би елаборирал подлабоко другпат, но сега навистина го сведе класичниот дизајн со искричар до перфекција и ја зголеми ефикасноста до невидено ниво.

4. Tesla Coil Mailing List
Code: [Select]
https://www.pupman.com/
Code: [Select]
https://www.pupman.com/safety.htm(Да не речите овој сака да се убиеме, еве и Safety sheet ;) )
pupman е архива на мејловите на најстручните членови на 4hv форумот, се прави муабет за најразлични проблеми што ги среќавале во пракса и како ги решавале, според мене едно од најдобрите нешта што го има на интернет од оваа област, немам поминато ни третина од мејловите овде, ама најчесто важи правилото: еден збор-еден алтан.

5. Kaizer Power Electronics
Code: [Select]
http://kaizerpowerelectronics.dk/Mads Barnkob, само еден збор, хакериште! ;D

6. Loneoceans Laboratories
Code: [Select]
http://www.loneoceans.com/labs/Gao Guangyan, еден од ретките азијци што се впуштиле во ова хоби и напреднале, Гао ги има едни од најдобро документираните проекти од било кој на листава. Го усоврши универзалниот драјвер на Steve Ward до најмодерната верзија што е навистина врвна и екстремно професионална. Ако бирате еден сајт од сите овие да го посетите, тоа би бил овој.

7. Scopeboy
Code: [Select]
http://scopeboy.com/
Code: [Select]
https://www.youtube.com/user/scopeboyr00lz/videosSteve Conner, легенда која ги врза световите на музиката и Теслините Трансформатори, нажалост неговата страна е привремено суспендирана, ама може да се види на неговиот YouTube канал со што се занимаваше...

8. Danyk.cz
Code: [Select]
http://danyk.cz/index_en.htmlНајголемата Чешка будала на сите времиња. Како овој човек е уште жив не знам, ама има многу интересна навика да користи што му се најде и да добие екстремно импресивни резултати.

9. Uzzors2k
Code: [Select]
https://uzzors2k.4hv.org/Eirick, Норвежанец со многу проекти зад него, сите прописно документирани и достапни.

10. Deep Fried Neon
Code: [Select]
http://deepfriedneon.com/tesla_frame0.htmlКорисно за секој што се осудил на тој чекор да изработи Теслин Трансформатор, многу кориси ресурси, формули, пресметки, водичи за бирање на компоненти. Не знам зошто ама сајтов ми предизвикува некаква носталгија за интернетот во времето во кое не сум знаел ни да зборувам...  :D

11. Richie Burnett
Code: [Select]
http://www.richieburnett.co.uk/tesla.shtmlМногу добар теоретичар, има да се научат многу работи на оваа страна.

12. Daniel Kramnik's Project Log
Code: [Select]
https://xellers.wordpress.com/page/1/Покрај другото, го има најверојатно најдобриот дизајн за плочка за H-мостен инвертер со транзистори во TO247 куќиште, ефтин за изработка а ефикасен во елиминирање на напонски шпицови, работи перфектно и без заштити, индуктивноста на водовите што предизвикува напонски шпицови е сведена на апсолутен минимум.


Ако ми текнуваат други ќе ги додавам, сега засега овие сметам дека се најбитни, ако има некој други сугестии ќе ги додадам на овој пост.  ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12019
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А, дел од овие ги знам и сум разгледувал работи на нив :). Добро е што ги сподели ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."