Author Topic: Дрско однесување на членот Toma  (Read 17645 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Бидејќи јас сум црната овца нај реално е
-Дрско однесување на членот Toma-

Бевте фер па ми ја исполнивте желбата само половично.
Оваа поделена тема не е авторска право на  vittoelectronics  туку е започната од друг автор па културно ве замолувам исполнете ми ја желбата и исправето го никот на авторот
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline vittoelectronics

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
 Тома имаш грешка во правопис те молам биди така фин исправи се  ,,Оваа поделена тема не е авторска право,, за некој почетник ќе има забуни :o

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Благодарам за сугестијата изгледа дека навистина сум утнал. А според тебе како требаше да напишам чисто онака да не грешам дргпат
Извини ако нешто сум те навредил
Што да правиш грешки сме луѓе правиме
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Бевте фер па ми ја исполнивте желбата само половично.
Оваа поделена тема не е авторска право на  vittoelectronics  туку е започната од друг автор па културно ве замолувам исполнете ми ја желбата и исправето го никот на авторот

Не те сватив... што конкретно бараш? Да му сменам nick на vittoelectronics?

Што да правиш грешки сме луѓе правиме

Е, тука ти фалат две запирки и точка :P :D.

„Што да правиш, грешки сме, луѓе правиме.“

:P ;D

Ама пак те разбрав ;). Гледаш? Не е проблем :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Не те сватив... што конкретно бараш? Да му сменам nick на vittoelectronics?
Не темата не почна од него, ти ја подели а може да стои GigaWatt или Toma, бирај.

Quote
Е, тука ти фалат две запирки и точка :P :D.
„Што да правиш, грешки сме, луѓе правиме.“
Ама пак те разбрав ;). Гледаш? Не е проблем :).
Ме разбра затоа што којзнае колку пати го имаш оваа чуено или прочитано, така?
Па нели по дифолт јас сум тој што “бара влакно во јајце“!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Quote
Не те сватив... што конкретно бараш? Да му сменам nick на vittoelectronics?
Не темата не почна од него, ти ја подели а може да стои GigaWatt или Toma, бирај.

Наместо „Дрско однесување на членот Toma“ да стои „Дрско однесување на членот GigaWatt“?

Ме разбра затоа што којзнае колку пати го имаш оваа чуено или прочитано, така?

Да, но тоа не го менува фактот дека може да те допрашам ако нешто не те разберам, така ;)?

Па нели по дифолт јас сум тој што “бара влакно во јајце“!

Да, знаеш да го правиш тоа... не често, но знаеш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
Наместо „Дрско однесување на членот Toma“ да стои „Дрско однесување на членот GigaWatt“?
Зошто не ме разбираш кога е толку просто.
Тој што ја пишува темата тој е автор на таа тема . Насловот на темата во овој случај не е  во прашање.
Ти ја подели темата и според мене ти си авторот а ако сакаш пиши ме и мене како автор или остави ја без автор, не ми пречи.
Значи vittoelectronics не е авторот на таа тема тој се вмеша од после “стотина“ постови и неговиот удел е минимален.
Треба ли уште појаснување?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Дискусијата за однесувањето ја почна vittoelectronics во друга тема, GigaWatt  само ја оддели дискусијата од другата тема.
vittoelectronics ја започна порв таа дискусија/тема, првиот пост во темата е негов тоа го прави автор на таа тема.
Мислам дека автор на темата не одговара, стартер/иницијатор можеби но автор не, сите кои пишуваа во оваа тема се автори во темата.
 
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тој што ја пишува темата тој е автор на таа тема . Насловот на темата во овој случај не е  во прашање.
Ти ја подели темата и според мене ти си авторот а ако сакаш пиши ме и мене како автор или остави ја без автор, не ми пречи.
Значи vittoelectronics не е авторот на таа тема тој се вмеша од после “стотина“ постови и неговиот удел е минимален.
Треба ли уште појаснување?

Некако мораше да се подели (барем според мене... не сакав да се трупа темата за тестерот за оптокаплери со непотребни коментари поврзани со сосема друга работа), и, ја поделив и, и дадов име.

Ако мислиш на тоа „прв post во темата да биде мој“, не можам тоа да го направам и да сакам. Коментарите се редат хронолошки, по датум и време на post, не можам да го сменам тоа и да сакам. Искрен да бидам, технички гледано, можам (се е можно технички гледно, особено ако е направено од човек ;)), но... не би се замарал :P :D.

Значи, кратко и јасно, сега веќе, и да сакам, не можам да се направам автор на темава... освен ако не спојам во темава некој мој коментар кој го имам дадено пред првиот коментар во темата. Тогаш, да, мојот коментар ќе биде прв во темата.

Мислам дека автор на темата не одговара, стартер/иницијатор можеби но автор не, сите кои пишуваа во оваа тема се автори во темата.

Апсолутно се сложувам ;). Ако станува збор за ваков вид на тема, да ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одамна не сум го отворил форумов, сега влегувам и има што да видам, ... ;)
Шала на страна, еве и јас да дадам едно мислење за новонастанатава ситуација:
За batka искрено не знаев дека е исклучен, ама мислам дека добро сте постапиле. На почетокот беше ОК ама ако му ги прегледаме постовите, во последно време, со секој член сака да се расправа, да се докажува колку знае, а сметам дека не помага многу, туку повеќе енергија троши на докажување дека он е во право (има некаков став дека он е постар, искусен, има поминато „сито и решето“ и дека ние што сме помлади треба уште „леб да јадеме“ за да бидеме како него). Мене лично ми има избришано неколку постови, нешто во врска со него пишав, ама не беше сериозно па ај викам да не се расправам, (а што е право, и не знаев каде да се жалам)
За Toma сметам дека е ОК, можеби не треба да претерува со граматиката, ама генерално мислам дека е доста стручен и има големи познавања поготово за темата Аудио/Видео, и најбитно од се, дека сака да помага односно да го споделува знаењето. Мене неколку пати ми има помогнато, за поправка на ТВ и монитори, и со негова помош ги поправив..
Што се однесува до долгите постови, лично не сакам многу долги постови, бидејќи треба многу време да ги прочитам, а обично се најавиувам на кратко на форумов, така да оние од Гигават само површно ги разгледувам, (ако е ептен голем и го прескокнувам) но ОК е, можеби некој тоа го сака..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
За batka искрено не знаев дека е исклучен, ама мислам дека добро сте постапиле.

Само уште еднаш да појаснам, никогаш не беше исклучен (баниран) од форумов, само беше тргнат од администрацијата (му беше одземен статусот Модератор).

Мене лично ми има избришано неколку постови, нешто во врска со него пишав, ама не беше сериозно па ај викам да не се расправам, (а што е право, и не знаев каде да се жалам)

Си требал да пишеш на друг модератор или админ... или на сите. Работата ќе се разгледаше во секциите за администрација, а можеби, ако сметавме дека има потреба, и јавно.

Не бев свесен дека вакво нешто има направено. Форумов има Канта (Recycle bin) и сите избришани коментари одат прво таму, но искрено, ретко ја проверувам и не знам што точно има во неа, а коментарите ги бришеме на определено време (еднаш во година, можеби еднаш во две години, но не се оставаат таму вечно да седат).

За Toma сметам дека е ОК, можеби не треба да претерува со граматиката, ама генерално мислам дека е доста стручен и има големи познавања поготово за темата Аудио/Видео, и најбитно од се, дека сака да помага односно да го споделува знаењето.

Тоа никогаш не беше под знак прашалник за Toma (па и за batka)... барем не од моја страна.

Што се однесува до долгите постови, лично не сакам многу долги постови, бидејќи треба многу време да ги прочитам, а обично се најавиувам на кратко на форумов, така да оние од Гигават само површно ги разгледувам, (ако е ептен голем и го прескокнувам) но ОК е, можеби некој тоа го сака..

И нема љутиш ;). Така сакаш, така терај ;). Нема ништо лошо и во едниот и во другиот (па и во некој трет) пристап ;).