Кога веќе сме тргнале вака ај и јас по твојот терк на пишување.
Аман бе Гига каде делам правда а бре не сум судија.
Беше... не си повеќе.
Ниту сум размислувал ниту сум бил Тоа е твој впечаток
Ако мислиш со тоа дека јас кога сум станал модератор сум добил “крилја„ многу се лажеш јас не сум тој тип на индивидуа
или како што велат Дај му на човек власт да видиш каков е (ќе му го видиш вистинскиот карактер)
Сакав да речам дека можам многу да помогнам а и толку многу сум помогнал а да, се секаќаваш ли како се смееше парафразирам: сигурен сум 95.328%.
Еве и овде си ме разбрал погрешно мојот впечаток е дека мислиш се каам а не е тоа ниту мислата ниту поентата
Ако мислиш на емотивна база дека ќе потклекнам, се лажеш, пројде тој воз.
Еве пак сме на истото ти мислиш дека мене сега ми е жал што не сум модератор многу се лажеш со тој заклучок
Напротив сега немам обврски ниту одговорност што ме прави многу повеќе релаксиран и спокоен.
Требаше кога замолив да бидете по толерантни и ти и batka, да се извиниш и да признаеш дека немаше потреба да се вмешаш во разговорот,
иако веќе виде една „опомена“ од мене према batka во темата, но не, ти реши да „газиш даље“, иако немаше потреба... и не само ти, и batka исто.
Зошто си убеден дека само ти си во право
Јас мислам дека немаше потреба од никакво извинување од моја страна од причина што ако внимателно уште еднаш ја прочиташ темата
според мене треба да дојдеш до заклучок дека во постовите подолу има зборови кои треба да се разберат како мое прифакање на тоа
дека членот ме разбрал а и јас него или сме се разбрале
Таков си каков што си, во ред, веќе пишав, ценет си како кадар на форумов (барем од моја страна)
Дали тоа сега јас треба да го толкувам како комплимент или како смирување на страстите
Значи да оставиме на тие малку активни членови да судат и молкум (или јавно) во својата душа да прифаќаат или не како релевантно онаа што јас го имам напишано и некој било кој друг, па да во својата пракса го користат моето мислење или на било кој друг ама за истата проблематика
и убаво е од твоја страна што сакаш да го пренесеш знаењето...
Значи сега со твојот личен однос кон мене треба да дојдам до заклучок дека си бил во заблуда
си бил модератор, но тоа е веќе минато свршено.
Моето пишување нема апсолутно никаква намера дека жалам или дека сакам да сум модератор (имам каде сум) што веќе не сум модератор и дека сега се умилкувам да се вратам ...(апсурд)
И поентата на темава (барем јас така ја толкувам) беше околу твојот однос, кој не беше ваков додека беше модератор, тоа можам да го потврдам јас,
а верувам и останатите членови.
Каков е сега мојот однос различен е? не не различен туку сега како обичен член немам интенција и одговорност да реагирам таму каде сметам дека некој греши или не
А исто зошто кога ме критикуваш не аргументираш и зошто не го даде твоето мислење во оваа тема па било во чија и полза да е истото.
Па членот според мене напиша негово мислење дека сум дрзок а не образлои зошто!
Ова сега го видов и навистина не го разбирам. Појасни.
Ќе ти појаснам.
Кога веќе донел заклучок дека сум дрзок требало да се вклучи во темата и да го даде своето видување на поентите во темата со аргументи и негови факти
И јас можам да речам дека членот нема поим од нешто ама сето тоа треба да го аргументирам било точно или не а не само така да истресам од ракав.
Околу извичниците... ајде еве, јас да не судам, нека пишат останатите членови како каков тип на емоција
(психичка состојба која се манифестира физички) би сватиле реченица со еден извичник на крај и реченица со три извичници на крај.
Притоа, мора да се потенцира дека таа реченица не е поврзана со темата на дискусија и е пишана од модератор, згора на тоа, текстот е болдиран.
Еве и јас се сложувам со тоа да судат по свое сопствено убедување.
Оваа со болдирањето неможам да најдам за што станува збор и во кој контекст е напишано.
А дали пренесувањето на мислење дека и на други мрежи и од други извичниците се толкуваат така или онака ( не е некој вид на цитат) или нели е исто со постирање на некој цитат од друг извор со кој се сака да се каже дека онаа што го прави членот во моментот не е по некои правила пишани или непишани.
Како го сфаќаш твојот израз “
сватиле“. Мислиш ли дека е правилно напишан
Форумот е македонски а сеуште е признаен и кодифициран литературниот македонски јазик и треба да се придржуваме на тоа ако веќе претендираме дека сме Македонци.
Со овој пост сакам да појасниме некои работи. Се работи за различни луѓе со различни карактери и ментални склопови (генерално земено) .
Инаку како да пишуваме и што и да напишеме можеме погрешно да се разбереме затоа да се донесе конечен суд за било која индивидуа потребен е отворен разговор
во живо во четири очи и тогаш најверојатно можеме да донесеме како таков суд за некого каква индивидуа е со сите свои мани и врлини.
Во принцип сум противник на такви долги пишувања затоа што е заморно се одзема време а и во многу случеви се губи поентата.
Овој пост е некаква си реплика на претходнит за други отом потом (ако има потреба).