Author Topic: Проблем со фрижидер Samsung RL41WCSW [РЕШЕНО]  (Read 22297 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
RL41WCSW би требало да е сличен со RL41WGPS, за него вади повеќе информации и слики. W-то на крај од RL41WCSW означува дека е White (бела боја), а S-от на крај од RL41WGPS означува дека е Silver (сребрена боја). И двата би требало да се многу слични (мотор, принцип на работа), со некои мали разлики (боја, серија, година на производство, итн.).

И твојот би требало да има нешто вакво, види дали може да ја расклопиш таа пластика.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Пробав и успеав скоро цело да го извадам ама проблем ми прави горе кај што е светлото, фасонката не можам да ја извадам никако и ми е страв да не скршам нешто ако запнам...

а во user manual пишува дека ако сакаш да смениш светло да викнеш мајстор, нема објаснето како сам да смениш..

Инаку да, фрижидерот е ист таков само бел :)

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Re: Проблем со фрижидер Samsung RL41WCSW [РЕШЕНО]
« Reply #62 on 07.09.2019, Saturday, 15:32:09 (Edited 07.09.2019, Saturday, 18:50:45) »
Дечки, дојде мајстор, го отвори долниот дел од фрижидерот ( каде што е комората ). Оно уствари комората што работи си работи, ама има моторче - со вентилатор кој го носи ладниот воздух во фрижидерот.

Тоа моторче има на него трафо кое истотака од јакиот напон прегорело. И сега практично џабе што го сменив едното трафо, кога ке мора и ова да се смени.

Еве слика од тоа моторче, на него е закачен вентилатор кој врти...



ако некој може да иам вакво, пишете.

Мајсторот го зема за да и он провери кај може да најде...ако не, ке порачам пак до Сервис МК.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Проблем со фрижидер Samsung RL41WCSW [РЕШЕНО]
« Reply #63 on 07.09.2019, Saturday, 17:01:05 (Edited 07.09.2019, Saturday, 17:32:45) »
Моторчето е прегорено?
Toa не е трафо, намотката од мотот е...
Јави од кај што го набави трафото, ако е до кај 700 ден, земи такво, ако е по скапо, имам скично, значи не е исто, малце е поголемо и има пократка осовина. на дребонг може да му настават осовина, не знам како стоело тоа предходно, но може да се напасира, ако не може крај краева со жица ќе го стегниш, и да не бучи ќе ставиш внатрешна гума измеѓу. Јас ќе ти го дадам така моторчето, секако така ми стои, а пат и дребонгна твоја сметка. деновиве ќе ти прата и слики, не сум дома моментално

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
тоа е, намотката од моторот изгорела од јакиот напон, ќе видам ако не најдам ке пробам со твојата

фала!

позз

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
а во user manual пишува дека ако сакаш да смениш светло да викнеш мајстор, нема објаснето како сам да смениш..

Је*оте ;D ;D ;D... ц ц ц ц ц... до кај стигна работава, да викаме мајстор за да смениме сијалица ;D ;D ;D.

Еве слика од тоа моторче, на него е закачен вентилатор кој врти...

[...]

ако некој може да иам вакво, пишете.

Ова е класично синхроно моторче... има ист принцип на работа како и повеќето вентилатори ;). Ако не најдеш заменско, пиши, имам цел куп вакви, ќе ти дадам колку сакаш :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Фала, да видам деновиве мајсторот дали ке најде и ке ти пишам. Ова стои во еднс пластична како кутија, пиши ми димензии за да знам дали ќе се фати...

ја не го измерив, ај ке му кажам на мајсторот да ми пише димензии.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@blizzard: Во кутија ми стојат некаде во работилница, не знам точно каде (мислам дека знам... од прилика... ама не сум сигурен ;D). Во секој случај, ниеден од оние моторчиња кои ги имам нема толкава оска, така да, во секој случај, ако не успееш да најдеш заменско, ќе мораш да се продолжува оската и (можеби) да се преправа пластиката во која се монтира моторчето (во случај да не е со адекватни димензии).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Дечки, ме немаше полно време, мислев сум пишал ама некако сајтот не го сочувал коментарот.  Да ви се пофалам дека го бидна фрижидерот, моторчето го направија, мајсторот нашол винклер кој го премотал и сега си работи супер. Ме чинеше 1000 денари.

Претходно 2000 денари за трафото, значи вкупно 3.000 ама секако боље од нов фрижидер мин. 25.000 денари :)

фала на сите за помошта!

поздрав,

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ова 1000-че изгледа им е стартна тарифа на винклериве :)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Според мене не скапо.
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој  месец.
Според мене има изггубено време трошок за жица амортизација на алати и да не набројувам...
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline blizzard

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
Мислам дека мајсторот за фрижидерот ги лапна сите пари, а го замолил винклерот кој му е пријател да му го навинклува моторчето :) можда ке го почасти нешто, ама мене не ми е битно, т.е. му кажав кога му давав пари дека сигурно и винклерот ке сака нешто. Не дека мајсторот нешто многу направи, го отвори долниот дел од фрижидерот и го извади моторчето, ама тоа што знае винклер што ке го поправи е битен момент. Да не беше мајсторот ке морав да дадам уште 2.000 за ново моторче од сервис македонија :)

нека им се алал парите, а мене фрижидерот да ме служи уште години :)

се на се, од утката на ЕВН со дупла фаза, курбан отиде кафематор 3.000 денари и 3.000 за поправка на фрижидерот. Мислам дека имам среќа што уште нешто не прегоре...

позз

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Според мене не скапо.
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој  месец.
Според мене има изггубено време трошок за жица амортизација на алати и да не набројувам...
последно мотав мотор од косилица за трева, 1kw, има повеќе расход, а за иста цена ја премота ... :)
Blizzard, бувни варистори , следен пат и да ги греши фазите ќе смениш само осигурачи и варистори, кои се далеку поефтини од 6000 денари :)
Консултирај се со електричар за монтажа, едноставен зафат е....

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Бицикле секој го цени трудот и извршената работа според негови сопствени калкулации .
Цената за иста работа може да биде различна од многу причини, ај да наброиме некој
Во Скопје и во Пехчево, различен стандард различна цена. Мајстор, плаќа данок и кирија другиот работи дома и на црно... да не набројувам има и повеќе други фактори кои влијаат на цената на услугат или на производот, така да за мене тоа е се релативно и од случај до случај.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Битни да си задоволен како муштерија, уредот да работи варем 2-3 години и да имаш есап да го поправиш, па што праел мајсторот најдобро е да не се замараш. Сам пиша дека некад е подобро да ставиш стар дел негонов кинески. И за коли е така, не само за бела техника\електроника. Други се стандардите за резервни делови, други за тие што се вградуваат.