Претпоставка ми е дека повисокиот напон (18.5V) се користи за релињата и дека оди кои TIP42C (PNP транзистор) кој има максимален напон меѓу колектор-емитер и колектор-база од 100V, што, по некоја логика, дури и ако за кратко време трансформаторот му дал дупло поголем напон пред да изгори (околу 50V), не би требало да е изгорен. Може и да се одлеми и да се испита, ако сервисерот знае како
.
Од друга страна, претпоставувам дека понискиот напон (13.8V) се користи за стабилизаторите 7812 и 7805. Нивниот максимален влезен напон им е 35V. 13.5V~ исправен е околу 17.6V, а дупло повисок напон од 13.5V (27V) исправен е околу 36.6V, што е практично малку над максимално дозволената граница на 7805 и 7812. Дури и ако само овие два стабилизатори се проблематични, евтини се и лесно се менуваат
. Освен тоа, имаат заштита од превисок напон на влез, температурна заштита (се гасат ако температурата надмине определена вредност), како и заштита влез-излез (ако се зезне, кога горат, не пропуштаат ништо на излез, го краткоспојуваат излезот со маса и се натаму само не работи, ништо не гори
).
Така да, генерално, да, може да се земе дека плочата е целосно исправна
.
Јас би пробал со два посебни трансформатори. Едниот нека има излезен напон од 15V~ (15VAC), што исправен има вредност од околу 19.7V. Ова е за малку повисок напон од оној кој треба да се донесе на влез на 7812 и 7805, но е далеку од нивниот максимален влезен напон
. Другиот нека има излезен напон од 20V~ (20VAC) или било која вредност меѓу 18V~ и 20V~. Тој ќе биде сосема доволен за работа на релињата, како и за правилна работа на TIP42C.
Моќноста на трансформаторите треба да биде меѓу 20 и 30W (VA). Може да се искористат и помоќни (40, 50W), но не би ставил послаби од 20W.