Се сложувам дека се вика „наизменичен“ и се употребува многу почесто одошто „изменичен“, но и „изменичен“ не е погрешно.
И двата изрази упатуваат на ист правец, кој како милува зашто нема строго правило во тоа изразување.
Хм... не сум знаел
.
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
Доблесно ќе беше да одговориш прво на тоа, а потоа оваа.
Ако работи на наизменичен напон, можни се една од две комбинации (за волку мал уред, како што е блендер). Или моторот работи на AC напон и директно се напојува од мрежниот кабел (или преку некој прекинувач, небитно) или работи на DC напон, при што мрежниот наизменичен напон се исправува со помош на диоден мост (грец) и така исправен (не и стабилизиран, има разлика), се носи на моторчето. Во било која комбинација, димер ќе заврши работа
. И AC мотори релативно добро работат со димери
.
Од каде знаеме дека има диоден мост кога членот не напишал ниту сликал па да видиме за што треба да пишуваме и даваме мислења и идеи!.
Кога ја читав темата мојата прва идеја беше да се искористи димер и ако нема диоден мост тогаш да се додаде и да се фиксира напонот на 110-120V
Па зошто не предложи? Како што веќе пишав, не е важно дали работи на DC или на AC, само е важно да се спушти ефективната (RMS... мада RMS пресметката е точна само за прости синусоидални напони, а не исецкани синусоди, има други методи за пресметка на ефективна вредност ако станува збор за неправилни периодични форми, но нејсе) вредност на напонот на определено ниво (конкретно, 110, 115, 120V).