Незнам кој колку заработил по квартал или годишно и не ме интересира. Еве линк од најпродаваните 10 електрични возила во америка за 2019
https://www.businessinsider.nl/best-selling-electric-vehicles-united-states-so-far-2019-2019-7?international=true&r=US
Прво Tesla model 3 =67650 второ Tesla model x = 9000 четврта Tesla model s = 7225 останатите седум марки заедно 22029.
Не правам муабет за електрични, правам муабет за заработувачка целосна. Прави коли, нека се споредува и со класични коли, а не само со електрични... бидејќи сака да се споредува со класични коли во се, освен во цена и заработувачка.
Јас не ја бранам компанијата Tesla Elon Musk или пак некоја друга компанија, немам акции во ниту една. Коментирам за технологијата и нејзината финансиска вредност и исплатливост. Не коментирам за Elon Musk дали е филантроп, добар лош, или било што друго. За мене е бизнисмен кој сака да заработи.
Токму тоа е проблемот. Ти си го согледал за она што всушност е, но не оставил таков впечаток кај сите. Да не вадам сега FB статуси и коментари... повеќето го доживуваат како наредниот месија.
Но, сепак, мора да признаеш и дека е по „ку*чењето“... зошто инаку би почнал да правам спортски автомобили, кога очигледно е дека многу повеќе ќар има во класични коли, фамилијарни, мали за низ град коли, итн. Па и Мерцедес ова го призна со воведувањето на A класата. И они видоа дека има огромен пазар во делот за мали градски коли. Не можеш да ме убедиш дека Musk ова го не го увидел. Не, едноставно муабетот е „да бидам прв, на кој му е поголем“
. Забележи му ги и пресовите, секогаш има таков став, таков карактер е.
И јас немам ништо против него како бизнисмен, но и он самиот на моменти се претставува (не со зборови, но со став) како да е вториот месија. Имам против тоа. Чоек, глеј си ги колите и вселенската програма и остај не нас обичните смртници на раат. И сметам дека е редно да каже дека, да, он прави спортски коли, не коли за средна или ниска класа. Па и не секој Американец или Европјанец може кога сака да си го дозволи дури и најевтиниот модел на Тесла. Тоа за мене кажува дека колите се наменети за парајлиите и дека се спортски.
Имаше дискусија и претходно за електрични возила и зошто не се користат масовно.
http://elektronika.mk/index.php?topic=14709.0
Дискусијава беше околу Musk и конкретно неговите коли (неговата фирма).
Зошто мислиш дека Tesla се спортски автомобили? Model 3 е седан со 4 врати и голем багажник Model Т го користат на многу места како такси возило.
Зошто Tesla мора да произведува друг тип на возила?
Мене Model 3 ми изгледа на спортска кола... очигледно јас имам друга перцепција од сите останати...
Мислиш ли дека тие кинеските автомобили кои се продаваат во Македонија се фамилијарни автомобили?
Во ниеден момент не реков дека се фамилијарни, пишав дека е градски автомобил (како што се и сите мали автомобили од тој калибар).
Немаат никаква удобност никаква безбедност немаат греење/ладење носивоста им е едно дете од 50кг и 2 пици по рамен пат, максимална брзина 40км на час, батериите издржуваат најмноигу 2 часа. Сето тоа за само 5 до 7 илјади евра и вие викате не е луксуз потреба е. Тоа е луксуз фрлени 5-7 илјади евра за играчка.
Имаш да предложиш алтернатива за до 12, 13 илјади евра? Бидејќи 36 е веќе премногу.
Поентата ми беше, Tesla можеше да произведува вакви автомобили (градски, до кај 12, 13 илјади евра, ајде еве, нека се и 15) и да им ги купуваат многу повеќе отколку овие модели кои сега ги произведуваат. Не можеш да кажеш дека е само бизнис одлука во прашање. Си прави скапи коли и тоа е тоа.
Незнам кој вика дека Elon Musk се грижи за народот, според мене тој како и секој друг се грижи за остварување на сопствените цели.
Веќе пишав, прогуглај малку, ќе видиш дека на многу места го гледаат како месија.
Јас никаде не реков дека Tesla се евтини автомобили, за да бидат квалитетни безбедни и корисни сеуште неможат да бидат многу евтини, сеуште има многу пари во нафтата.
Не е тоа единствена причина, но ајде, нека биде.
Незнам како мислиш за наш пазар, Tesla Model e 35000 долари, во Маќедонија се возат многу поскапи коли, не сите но мноигу да.
Да, се возат поскапи... и тоа е така поради тоа што често се и на старо купени, а често изгледаат како скапи, а не се. Сега SUV/џип се шема како дизајн и има релативно евтини модели (до кај 15-тина илјади евра). Тоа не е премногу за возило кое личи како да чини 30, 40 или 50 илјади евра. Да, повторно, во прашање е к*рчење, не потреба (скоро сите од нив се возат во градска средина, а реално гледано, скоро никој нема потреба од SUV во градска средина, колку сака нека ни се лоши патиштата, не се до толку лоши).
Еве, јас возам Meriva на старо, 3200 евра со поминати 85 илјади од 2005-та (крајот, скоро 2006-та). Искрено, немам пари за да си купам нешто на ново, ниту планирам да купам нешто на ново, освен ако не е електрично. Ај те молам објасни ми, како јас да си дозволам електричен автомобил (мора на ново да се земе, сеуште ги нема на старо, а и да ги има, најверојатно ќе бидат со пролупани батерии, така да, ќе треба да инвестираш уште толку за да ги смениш батериите) на ново, да не е скап колку најевтиниот Тесла, но и да не е Кинески (ако воопшто постојат такви како производ од некој производител)?