Јас не знам дали и некој друг ги има овие проблеми, но на секои 2 или 3 дена, ми се случува следново:
Нема конкретен временски период кога нема да можам да се конектирам на сајтот, некогаш е ноќе, некогаш е дење (најчесто дење, но понекогаш и ноќе). Навистина не знам дали проблемоте до мојот ISP или до серверот на сајтот зашто кога ќе пробам да ја ping-увам IP адресата на сајтот, ping-от најнормално си ваќа назад пакети и тоа во разумно време (100-200ms што е разумно време за нашите провајдери). Но, ако пробаш да се конектираш на сајтот преку internet browser, нема шанси да се конектираш, можеби после 10 retries или така нешто.
Ќе може некој да ми појасни што може да биде проблемот