Author Topic: Hack на камера од стар лаптоп  (Read 875 times)

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2776
  • Gender: Male
Hack на камера од стар лаптоп
« Opened on 10.06.2019, Monday, 15:27:19 (Edited 10.06.2019, Monday, 16:16:59) »
Неодамна ми искочи во пресрет да расклопам старо лап топче(од оние од средните училишта),па имав можност старите делови да си ги искористам.Екранот беше највреден,но не ја заборавив камерата.



Погоре е линк од youtube како да си направите своја камера користејќи стара камера од лап топ.

Камерата е и главниот елемент на оваа тема.Гледав неколку видеа како да се искористи web камера од лап топ и да се изработи security system.Комуникацијата што ја имаат камерчињава е изведена преку USB портата,па само тоа ме делеше од поврзување на самата камера со PC-то.Најдов стар USB A тип конектор со пластика и го залемив на жичките.За моја среќа на самата плочка,позади самиот конектор имаше pinout и според него ги поврзав жичките со USB A тип конекторот.





За моја несреќа,камерата не проработе и Windows-от не го препозна ‘уредот‘.Имав пронајдено друг проблем,тоа беше напонскиот регулатор.На него беа ознаките WW-147,но со Google-ње не најдов никакви резултати.Претпоставував дека е некој напонски регулатор на 3,3волти  и претпоставките ми беа точни.Се обидов да најдам на Loging страницата некој сличен регулатор(го барав по изглед) и го пронајдов.Регулаторот е некојси TPS76333.Го споредив даташитот и неговиот пинаут и беа скоро исти.Немав време да купам од логинг ваков регулатор,па морав самиот да најдам алтернатива која ќе ја спаси камерата и ќе може да се искористи.Тоа го изведов така што од 5волтниот напон,поврзан на влезот од камерата(УСБ портата) преку сериски поврзани 2 диоди од познатите 1N4148 изведов пад на напон од 1,4 волти  и тој напон е донесен на пинот кој треба да даде регулирани 3,3волти.(Може да се види на сликата како диодите се поврзани сериски и анодата е поврзана на напон од +5волти,а додека пак катодата на втората е поврзана на +3,3волти односно на пинот којшто стабилизаторот го носи тој напон)

Ја вклучив камерата во УСБ портата на мојот лап топ и камерата си проработе.  ;D Се инсталира автоматски драјверот за камерата и сега на ред беше да инсталирам софтвер за снимање.Софтверот за снимање е позната програма која се вика AMcap и може да се симне од следниов линк -
Code: [Select]
https://amcap.en.softonic.com/
Еве еден screenshot од програмата и како работи во функција камерата-



Со самото инсталирање и вклучување во функција на камерата постапката е завршена.Проектов ми се виде многу едноставен а на секого би му помогнал доколку нема web камера и нема пари да си купи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12018
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Hack на камера од стар лаптоп
« Reply #1 on 10.06.2019, Monday, 16:11:08 »
Знам, често слична е и ситуацијата со Bluetooth картиците (на постарите лаптопи не беа интегрирани во Wi-Fi картиците ;)). И тие се на USB ;). Колега на работа имаше вака преправено камерче од таблет, супер си работи :). Со среќа да си го користиш ;).

ПС: Активирај си го Windows-от :P ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2776
  • Gender: Male
Re: Hack на камера од стар лаптоп
« Reply #2 on 10.06.2019, Monday, 17:08:27 »
Знам, често слична е и ситуацијата со Bluetooth картиците (на постарите лаптопи не беа интегрирани во Wi-Fi картиците ;)). И тие се на USB ;). Колега на работа имаше вака преправено камерче од таблет, супер си работи :).

Хм,не најдов таква картица.Ако најдам наредна прилика тоа ќе ми е целта,но не ми е приоритет(проектов само бидејќи имав камерче).

Со среќа да си го користиш ;).

ПС: Активирај си го Windows-от :P ;D.

Фала и подобра да се направи(доколку се најде темава како корисна) :D

А за активирање на ОС ќе проверам деновиве,сега нешто сум зафатен.Ќе прашам во друга тема,да не биде оф-топик ако имам некои прашања за инсталација на ОС.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3541
  • Gender: Male
Re: Hack на камера од стар лаптоп
« Reply #3 on 10.06.2019, Monday, 18:55:40 »

ПС: Активирај си го Windows-от :P ;D.
или е скапо или е тројан xD

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 100
Re: Hack на камера од стар лаптоп
« Reply #4 on 10.06.2019, Monday, 20:53:33 »
Супер ова може да се користи како ендоскоп или шпионска камера  ;D