Author Topic: Омилени серии!  (Read 10871 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Омилени серии!
« Opened on 05.06.2019, Wednesday, 13:16:52 »

Code: [Select]
https://www.imdb.com/title/tt7366338/
Одлична серија, топло ја препорачувам да ја гледате ;).

За оние кои се како мене и не сакаат да чекаат сезона по сезона (искрено, тоа е една од главните причини поради кои не гледам серии ::)), не се секирајте, мини серија е, има само една сезона, целата серија е снимена и последната епизода се емитуваше вчера :).

Code: [Select]
http://d.rutor.info/download/697962
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #1 on 05.06.2019, Wednesday, 16:39:46 »
Исто и јас ја изгледав вчера, секако препорака.
Инаку според мене, заради автентичноста требаше да биде на руски јазик.
Некаде прочитав дека еден од реакторите е сеуште во погон и произведува ел. енергија, а Чернобил полека станува туристичка атракција (искрено не би одел), а 2017 е завршена санацијата на хаваријата со огромна бетонска и оловна изолација.

@GigaWatt
Моја препорака.
Би било добро да се отвори тема „Омилени серии“ и та му да се пресели постот, да бидат засебни теми за омилени филмови и серии.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #2 on 05.06.2019, Wednesday, 20:12:06 »
Исто и јас ја изгледав вчера, секако препорака.

Интересен момент ;D... видов реклама за серијата на FB, ми фати око бидејќи се интересирам за вакви интересни и чудни настани од историјата на човештвото (ако е со вонземјани, диносауруси, втора светска војна, Чернобил, нелегални експерименти, студена војна, итн., да, најверојатно ќе ја гледам серијата :P :D). Инаку, никој не ми ја препорача серијата ;D. Јас сам си ја препорачав ;D.

Инаку, не, најчесто не гледам серии... освен ако не се некои поврзани за историски настани, тогаш да, има големи шанси да ја гледам :).

Инаку според мене, заради автентичноста требаше да биде на руски јазик.

Да, и јас баш исто помислив, ама... не верувам дека од HBO ќе видиме нешто на Руски :-\... тоа е тоа.

Некаде прочитав дека еден од реакторите е сеуште во погон и произведува ел. енергија, а Чернобил полека станува туристичка атракција (искрено не би одел), а 2017 е завршена санацијата на хаваријата со огромна бетонска и оловна изолација.

Не само еден, туку сите три останати колку што знам јас ;).

И да, полека станува туристичка атракција, но и јас, исто како и тебе... најверојатно не би ја посетил :P :D.

Не знам дали си чул за „стапалото од слон“ (elephant's foot)... стопена маса од јадрото на реакторот... не знам колку е радиоактивна, но ако 5 минути седиш до неа, сигурно ќе умреш во наредните недела дена, исто како и оние кутрине оператори и инженери во серијата :-\ :'(... пустите, не знаеја што се случило :'(.

Би било добро да се отвори тема „Омилени серии“ и та му да се пресели постот, да бидат засебни теми за омилени филмови и серии.

Бујрум ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Омилени серии!
« Reply #3 on 05.06.2019, Wednesday, 21:00:00 »
The 100 (2014– ), Revolution (2012–2014), Terra Nova (2011), John Doe (2002–2003), The Pretender (1996–2000), Prison Break (2005–2017), Living Biblically (2018) :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #4 on 05.06.2019, Wednesday, 23:50:13 »
Не гледам серии, но од она што имам слушано за дел од овие, добар избор ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #5 on 06.06.2019, Thursday, 08:35:31 »
@GigaWatt Не дека не знаеле што се случило, туку алчноста и нивната неподготвеност тотално ги заслепила. Лагасов се кажа во серијата, но никој не го послуша. Тоа е поради политичкиот систем во тогашен СССР кој несакал понижување. :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #6 on 06.06.2019, Thursday, 09:13:29 »
Не, муабетот ми беше повеќе во стилот на тоа дека не им се веруваше дека експлодирал реакторот, на тоа мислев... бидејќи нели, тие не се дизајнирани за да може да експлодираат. Е сега, на крајот, конечно се соочија со реалноста, реакторот е отворен, тоа е тоа :-\.

Проблемот, како што пиша, е баш тој - системот таков бил. Но, да бидеме искрени, не се разликува премногу во денешно време и овој нашиов ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #7 on 06.06.2019, Thursday, 10:20:05 »
Тоа е документарна (реална) сериа или како мисли Америчката пропагандна машинерија дека се случило сето тоа?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #8 on 06.06.2019, Thursday, 11:20:19 »
Дента ко рокнал чернобил имало тестирање. Наводно шефот на смена бил платен од русите да предизвика хаварија за Украиците да ја немаат таа технологија пред ними. Инаку да, причината била преоптеретување за реакторо, демек да видат до кај му се границите.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #9 on 06.06.2019, Thursday, 11:28:24 »
Не не, јасно е дека е фимувана документарна серија и дека над 90% од работите спомнати во серијата се вистина (се разбира, мора определен процент да има драма, филм, уметност, итн.).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #10 on 06.06.2019, Thursday, 11:52:53 »
Инаку да, причината била преоптеретување за реакторо, демек да видат до кај му се границите.

Не баш... не си ја гледал серијата изгледа.

Реакторот бил скоро исгасен, скоро сосема off, генерирал само 20, 30 мегавати моќност (од проектирана точка на работа од 3600 мегавати), но пробемот се јавил кога ја изгасиле циркулацијата на вода низ реакторот (дел од тестот, дали доколку реакторот е сосема изгасен, а турбините скоро сосема изгасени, ќе можат турбините да дадат доволно моќност за пумпите да пумпаат вода низ реакторот), нема што да го лади, со што автоматски почнува да расте температурата, со што се зголемува бројот на фисии во реакторот, со што се зголемува моќноста и се така во круг. Ако нема вода и прачки за контрола на реакциите, нема што да го регулира бројот на реакции, а сите шипки за контрола им биле извадени. Е сега, кога почнала наеднаш да расте моќноста поради недостатокот на вода за ладење, пробале да направат сигурносно гасење на реакторот (копче АЗ-5 кај овие реактори), но овој систем за целосно гасење на реакторот имал еден недостаток. Имено, системот требал наеднаш да ги спушти сите прачки за контрола на реакциите наеднаш (нели, сигурносно гасење значи тоа, изгаси се наеднаш). Прачките се направени од бор, кој е успорувач на реакциите во реакторот, но имаат графитни врвови... е тукa се јавува проблемот. Графитот врши функција на насочувач и успорувач на неутроните, за да може да се зголеми бројот на колизии т.е. фисии. Кога сите прачки наеднаш ќе се супштат долу, практично го намалуваш волуменот во кој може да се движат неутроните, што доведува до зголемен број на нуклеарни реакции, што, поради наглото зголемување на моќноста и недостатокот на вода за ладење, предизвикува уште повеќе да се зголеми бројот на реакции. Да, борот ќе ги намали реакциите, но не пред графитот да ги зголеми... и тоа е причината. Реакторот веќе бил на раб на експлозија (последната исчитана бројка за изгенерираната моќност била 36000 мегавати, 10 пати повеќе од работната/проектираната моќност на работа), вработените (незнаејќи за фактот дека прачките имаат графитни врвови) практично само го запалиле фитилот со тоа што го стиснале АЗ-5 :-\.

Убаво е објаснето во серијата, многу фактори се во игра кои довеле до катастрофата, меѓу кои е и незнаење (неинформираност), млад персонал, тврдоглав персонал, недоволно тестирање при пуштање во работа на реакторот (практично, овој тест требал да биде направен уште кога бил пуштен реакторот во работа, но никогаш не бил направен), итн. Гледај ја серијата, ова што го објаснив е бегло, таму многу повеќе во детали влегува околу тоа што и како се случило ;). Последната епизода е клучна за да разбереш која била точно причината за екслозија на реакторот, таму е се детално објаснето ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #11 on 06.06.2019, Thursday, 12:32:07 »
Имам одамна некаде прочитано дека причината за експлозијата  е човечка грешка - случајно гасење на водата за ладење на еден од реакторите.
Незнам што и како се случило таму но не би ги зел информациите од некоја серија за релевантни, посебно не од Америчка серија каде велта им е да се велича Америка а омаловажи и обвини секој друг.
 Не самао во таа серија, секоја сериј/филм направен од Америка е пропаганда за тоа колку се они добри морални правични способни и што уште не а сите други се лошите и неспособните.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #12 on 06.06.2019, Thursday, 12:37:13 »
Нели графитот треба да ги апсорбира неутроните?

ова го имам гледано

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Омилени серии!
« Reply #13 on 06.06.2019, Thursday, 19:16:30 »
Нели графитот треба да ги апсорбира неутроните?

Во овој случај графитот и ја забрзал реакцијата на согорување за да се случи експлозијата. Со таканереченото копче AZ-5.  ;)

А, исто така, тестот кој го правеле го извршил млад и необучен персонал кој не ни знаел воопшто дека таа вечер ќе има некаков си тест. Целата работа се сведува на тоа "Шефот така ми рече", во случајот Anatoly Dyatlov.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Омилени серии!
« Reply #14 on 06.06.2019, Thursday, 21:30:41 »
Имам одамна некаде прочитано дека причината за експлозијата  е човечка грешка - случајно гасење на водата за ладење на еден од реакторите.

Да, но не поради грешка. Намерно било направено.

Реакторот бил долго време на половина од моќноста која може да ја дава. За секој друг уред, како на пример генератор, ова не е проблем, но ова е проблем за нуклеарен реактор. При нуклеарна фисија на ураниум 235, се створуваат многу нуспродуктни гасови, меѓу кои и ксенон. Ксенонот го гуши реакторот. При нормална работа (кога реакторот работи со максимален капацитет, т.е. во конкретниов случај, со излезна моќност од 3600 мегавати), тоа не е проблем бидејќи гасот брзо согорува на таа температура (оптимална температура за работа), но ако работи на помала излезна моќност, т.е. ако боровите прачки се долго време вметнати длабоко во реакторот, работната температура на реакторот е пониска, со што ксенонот престанува целосно да согорува и се натрупува во реакторот. Практично, со доготрајно натрупување, може да настане гасење на реакторот, т.е. ако реакторот долго време работи на половина или помалку од оптималната моќност, може поради преголемо натрупување на ксенон да престанат нуклеарните фисии. Токму тоа и се случило во конкретната ситуација, но овој факт им летнал од памет на инженерите кои работеле таа ноќ на смена... поточно само на еден од нив, претпоставениот на смена (како и да се викаше). Останатите предупредувале, но претпоставен како претпоставен, како ќе рече, така ќе правиш ::). Поентата на тестот била да го спуштат реакторот на уште пониско ниво на излезна моќност од половина, со што ќе престанат да вртат трубините, и како што полека успоруваат, дали при тоа успорување можат да дадат доволна излезна моќност на пумпите за вода, за пумпите да продолжат да циркулираат вода низ реакторот за не настане топење на истиот. Овој тест морале да го поминат сите реактори пред да бидат пуштени во работа. Но, реакторот број 4, иако никогаш не го поминал овој тест, бил пуштен во работа 2 или 3 години порано (1983 мислам). Зошто? Бидејќи одговорните во Чернобил потпишале дека го поминал ::). Е сега, муабетов е „ај потпишавме што потпишавме, него дај сега да видиме дали ова чудно навистина ќе го пројде овој тест“ ::). Три пати претходно реакторот паѓал на овој тест... затоа и била толку исфорсирана оваа работа четвртиот пат и не сакале да ја одложат... сепак, требало да добијат унапредувања ако тестот бил успешен ::).

Е сега, поради презаситеноста на јадрото со ксенон, и уште поголемото заситување откако решиле да ја спуштат излезната моќност на 100-тинка од декларираната, дури и откако почнале да ги вадат прачките за контрола од јадрото, реакторот не сакал никако да ја зголеми излезната моќност. Инаку, тестот повторно бил неуспешен, т.е. турбините не сакале да работат со толку мала моќност и да циркулираат вода низ јадрото, па морале да ги префрлат да работат на друг надворешен извор на енергија (т.е. моќност изгенерирана од останатите 3 реактори). Бидејќи реакторот не сакал да ја зголеми излезната моќност, дури и откако скоро веќе сите прачки за контрола биле целосно извадени, претпоставениот на смена решил да ја прекине циркулацијата на вода низ реакторот. Има логика. Нема што да го лади јадрото, автоматски расте температурата, автоматски се зголемува бројот на реакции и се така во круг, се додека не се постигне посакуваната моќност. Проблемот е што во ваков случај се прави „чатал“ ефект. Бидејќи во јадрото нема прачки за контрола на фисиите (кочници), практично нема што да го контролира бројот на фисии во јадрото... и конечно, кога по определена критична температура, бројот на фисии ќе почне конечно да расте (поради немање на циркулација на вода во јадрото), чаталот е пуштен :-\. Моќноста почнува многу брзо и неконтролирано да расте, прачки за контрола во јадрото нема, вода не циркулира низ него и единствено нешто што му преостанува е да експлодира... но и покрај се ова, најверојатно немал да експлодира... да не решеле да го стиснат АЗ-5 :-\. Како што пишав претходно, откако забележале дека излезната моќност на реакторот вртоглаво расте, го стиснале АЗ-5, што практично ги спушта сите контролни прачки наеднаш во реакторот... по некоја логика, ова треба да функционира и полека да престане да расте излезната моќност, а по некое време и да почне да се намалува и за крајна цела да има гасење на реакторот. Проблемот се графитните врвови на контролните прачки. Графитот ја забрзал реакцијата и пред да успее борот да ја успори, графитот бил чкорчето кое фалело :-\.

Незнам што и како се случило таму но не би ги зел информациите од некоја серија за релевантни, посебно не од Америчка серија каде велта им е да се велича Америка а омаловажи и обвини секој друг.

Па... да бидам искрен... мене и изгледа како серијата да е базирана на факти... не сум нуклеарен инженер, само електро инженер, но мене ми прави логика она што беше презентирано во серијата. Според мене, далеку од тоа дека е шарлатанска и дека само се нафрлани непотврдени информации ваму таму и некои неразбирливи формули на хартија... сметам дека, дури и ако не е се вистина (патем, не е баш се вистина, тоа и го наведуваат на крајот од серијата, на пример карактерот на жената научник, како и да се викаше, соработник на главниот лик од серијата, е измислен лик и треба да ги претставува сите научници и инженери кои работеле заедно со главниот лик од серијата, мислам на вистинскиот научник одговорен за средување на ситуацијата во Чернобил, и он не ми текнува како се викаше :P :D... Легарсов ли, така некако), сепак сметам дека над 90% од информациите претставени во серијата се вистинити, барем околу тоа што точно бил, од научен аспект, проблемот и зошто експлодирал реакторот.

На крајот на краиштата, да бидеме искрени, Американците сигурно не биле виновни за тој инцидент ;D. Русите едвај ќе чекаа некој друг да набедат за мешање во внатрешните работи на СССР, како и шпиунажа (исто и Американците за време на студената војна... па и сега ;D). Грешката е нивна, т.е. ниедна надворешна сила не им е виновна за Чернобил, во ова сум убеден ;).

Не самао во таа серија, секоја сериј/филм направен од Америка е пропаганда за тоа колку се они добри морални правични способни и што уште не а сите други се лошите и неспособните.

Нема да коментирам за морал и социјални вредности, за тоа се на дно, тука нема збор ;)... но, од друга страна, да бидеме искрени, има многу примери каде што, конкретно во комунистички (па и социјалистички, Југославија не била некој исклучок) се пуштале во работа не доволно тестирани нови технологии... или се тестирале отпосле или на сосема неадекватен начин (на пример, на луѓе, ако не им е ништо, супер, ако умрат, ќе пишеме некој ептаф, колку добар човек бил, бла бла бла, колку се залагал за партијата, бла бла бла, умре за државата, бла бла бла, итн. ::)). Ова е последица на еднопартискиот систем и немањето коректив. Ако немаш кој да ти каже „еј, ало, што правите бе вие ???“, почнуваш да „забегуваш“ и да мислиш дека се ти е дозволено. Такви примери има и сега, кај нас, иако е демократија :P :D... изгледа така функционираат сите Славјански народи, кој знае ::).

А, исто така, тестот кој го правеле го извршил млад и необучен персонал кој не ни знаел воопшто дека таа вечер ќе има некаков си тест. Целата работа се сведува на тоа "Шефот така ми рече", во случајот Anatoly Dyatlov.

Да, и ова игра огромна улога... млади, неискусни, многу под шефот... шефот на смена е најголемиот проблем, затоа и бил осуден на крајот... исфрустриран и дрзок човек... не постигнал ништо во животот во комунизмот, освен што станал главен претпоставен инженер во нуклеарна централа, па кој и да имал нешто да каже што се косело со неговото мислење, он бил глуп и појма немал, ама је*ига, шеф како шеф... ако не го слушаш, ќе си ги сносиш последиците :-\.