Имам одамна некаде прочитано дека причината за експлозијата е човечка грешка - случајно гасење на водата за ладење на еден од реакторите.
Да, но не поради грешка. Намерно било направено.
Реакторот бил долго време на половина од моќноста која може да ја дава. За секој друг уред, како на пример генератор, ова не е проблем, но ова е проблем за нуклеарен реактор. При нуклеарна фисија на ураниум 235, се створуваат многу нуспродуктни гасови, меѓу кои и ксенон. Ксенонот го гуши реакторот. При нормална работа (кога реакторот работи со максимален капацитет, т.е. во конкретниов случај, со излезна моќност од 3600 мегавати), тоа не е проблем бидејќи гасот брзо согорува на таа температура (оптимална температура за работа), но ако работи на помала излезна моќност, т.е. ако боровите прачки се долго време вметнати длабоко во реакторот, работната температура на реакторот е пониска, со што ксенонот престанува целосно да согорува и се натрупува во реакторот. Практично, со доготрајно натрупување, може да настане гасење на реакторот, т.е. ако реакторот долго време работи на половина или помалку од оптималната моќност, може поради преголемо натрупување на ксенон да престанат нуклеарните фисии. Токму тоа и се случило во конкретната ситуација, но овој факт им летнал од памет на инженерите кои работеле таа ноќ на смена... поточно само на еден од нив, претпоставениот на смена (како и да се викаше). Останатите предупредувале, но претпоставен како претпоставен, како ќе рече, така ќе правиш
. Поентата на тестот била да го спуштат реакторот на уште пониско ниво на излезна моќност од половина, со што ќе престанат да вртат трубините, и како што полека успоруваат, дали при тоа успорување можат да дадат доволна излезна моќност на пумпите за вода, за пумпите да продолжат да циркулираат вода низ реакторот за не настане топење на истиот. Овој тест морале да го поминат сите реактори пред да бидат пуштени во работа. Но, реакторот број 4, иако никогаш не го поминал овој тест, бил пуштен во работа 2 или 3 години порано (1983 мислам). Зошто? Бидејќи одговорните во Чернобил потпишале дека го поминал
. Е сега, муабетов е „ај потпишавме што потпишавме, него дај сега да видиме дали ова чудно навистина ќе го пројде овој тест“
. Три пати претходно реакторот паѓал на овој тест... затоа и била толку исфорсирана оваа работа четвртиот пат и не сакале да ја одложат... сепак, требало да добијат унапредувања ако тестот бил успешен
.
Е сега, поради презаситеноста на јадрото со ксенон, и уште поголемото заситување откако решиле да ја спуштат излезната моќност на 100-тинка од декларираната, дури и откако почнале да ги вадат прачките за контрола од јадрото, реакторот не сакал никако да ја зголеми излезната моќност. Инаку, тестот повторно бил неуспешен, т.е. турбините не сакале да работат со толку мала моќност и да циркулираат вода низ јадрото, па морале да ги префрлат да работат на друг надворешен извор на енергија (т.е. моќност изгенерирана од останатите 3 реактори). Бидејќи реакторот не сакал да ја зголеми излезната моќност, дури и откако скоро веќе сите прачки за контрола биле целосно извадени, претпоставениот на смена решил да ја прекине циркулацијата на вода низ реакторот. Има логика. Нема што да го лади јадрото, автоматски расте температурата, автоматски се зголемува бројот на реакции и се така во круг, се додека не се постигне посакуваната моќност. Проблемот е што во ваков случај се прави „чатал“ ефект. Бидејќи во јадрото нема прачки за контрола на фисиите (кочници), практично нема што да го контролира бројот на фисии во јадрото... и конечно, кога по определена критична температура, бројот на фисии ќе почне конечно да расте (поради немање на циркулација на вода во јадрото), чаталот е пуштен
. Моќноста почнува многу брзо и неконтролирано да расте, прачки за контрола во јадрото нема, вода не циркулира низ него и единствено нешто што му преостанува е да експлодира... но и покрај се ова, најверојатно немал да експлодира... да не решеле да го стиснат АЗ-5
. Како што пишав претходно, откако забележале дека излезната моќност на реакторот вртоглаво расте, го стиснале АЗ-5, што практично ги спушта сите контролни прачки наеднаш во реакторот... по некоја логика, ова треба да функционира и полека да престане да расте излезната моќност, а по некое време и да почне да се намалува и за крајна цела да има гасење на реакторот. Проблемот се графитните врвови на контролните прачки. Графитот ја забрзал реакцијата и пред да успее борот да ја успори, графитот бил чкорчето кое фалело
.
Незнам што и како се случило таму но не би ги зел информациите од некоја серија за релевантни, посебно не од Америчка серија каде велта им е да се велича Америка а омаловажи и обвини секој друг.
Па... да бидам искрен... мене и изгледа како серијата да е базирана на факти... не сум нуклеарен инженер, само електро инженер, но мене ми прави логика она што беше презентирано во серијата. Според мене, далеку од тоа дека е шарлатанска и дека само се нафрлани непотврдени информации ваму таму и некои неразбирливи формули на хартија... сметам дека, дури и ако не е се вистина (патем, не е баш се вистина, тоа и го наведуваат на крајот од серијата, на пример карактерот на жената научник, како и да се викаше, соработник на главниот лик од серијата, е измислен лик и треба да ги претставува сите научници и инженери кои работеле заедно со главниот лик од серијата, мислам на вистинскиот научник одговорен за средување на ситуацијата во Чернобил, и он не ми текнува како се викаше
... Легарсов ли, така некако), сепак сметам дека над 90% од информациите претставени во серијата се вистинити, барем околу тоа што точно бил, од научен аспект, проблемот и зошто експлодирал реакторот.
На крајот на краиштата, да бидеме искрени, Американците сигурно не биле виновни за тој инцидент
. Русите едвај ќе чекаа некој друг да набедат за мешање во внатрешните работи на СССР, како и шпиунажа (исто и Американците за време на студената војна... па и сега
). Грешката е нивна, т.е. ниедна надворешна сила не им е виновна за Чернобил, во ова сум убеден
.
Не самао во таа серија, секоја сериј/филм направен од Америка е пропаганда за тоа колку се они добри морални правични способни и што уште не а сите други се лошите и неспособните.
Нема да коментирам за морал и социјални вредности, за тоа се на дно, тука нема збор
... но, од друга страна, да бидеме искрени, има многу примери каде што, конкретно во комунистички (па и социјалистички, Југославија не била некој исклучок) се пуштале во работа не доволно тестирани нови технологии... или се тестирале отпосле или на сосема неадекватен начин (на пример, на луѓе, ако не им е ништо, супер, ако умрат, ќе пишеме некој ептаф, колку добар човек бил, бла бла бла, колку се залагал за партијата, бла бла бла, умре за државата, бла бла бла, итн.
). Ова е последица на еднопартискиот систем и немањето коректив. Ако немаш кој да ти каже „еј, ало, што правите бе вие
“, почнуваш да „забегуваш“ и да мислиш дека се ти е дозволено. Такви примери има и сега, кај нас, иако е демократија
... изгледа така функционираат сите Славјански народи, кој знае
.
А, исто така, тестот кој го правеле го извршил млад и необучен персонал кој не ни знаел воопшто дека таа вечер ќе има некаков си тест. Целата работа се сведува на тоа "Шефот така ми рече", во случајот Anatoly Dyatlov.
Да, и ова игра огромна улога... млади, неискусни, многу под шефот... шефот на смена е најголемиот проблем, затоа и бил осуден на крајот... исфрустриран и дрзок човек... не постигнал ништо во животот во комунизмот, освен што станал главен претпоставен инженер во нуклеарна централа, па кој и да имал нешто да каже што се косело со неговото мислење, он бил глуп и појма немал, ама је*ига, шеф како шеф... ако не го слушаш, ќе си ги сносиш последиците
.