Author Topic: Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)  (Read 22217 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Јас мислам дека бојата за метал е потешка од поликолорот и ке биде уште потешко да прскаш со неа.
Може да пробаш со многу разредена боја од подалеку и повеќе поминувања ама тоа е веќе зае....ње.
Дали можеш да користиш екстерен компресор како погон, да го искористиш само пиштолот/рачката? 
Јас исто порачав од интернет пиштол за фарбање, моторот контењерот и пиштолот се е на едно место ке порбам на 2 3 јули па ке пишам импресии :)
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Може да пробаш со многу разредена боја од подалеку и повеќе поминувања ама тоа е веќе зае....ње.

Баш ::) :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Дали можеш да користиш екстерен компресор како погон, да го искористиш само пиштолот/рачката? -
Мое мислење-НЕ...
Посаглам паинт зум ти е 5-6к ден,  компресор е 10к и ќе ти се најде за све. шприц имаш од 1000-че(бомбона за ѕидови и огради) до 2000 евра (ако префарбуваш мајбах :) )
План б, разходен боњер(здрав мора да е, нз колку е, ефтини се), мотор од фрижидр(300 ден + масло да си мениш), пресостат(250-300 ден) и тоа ти  DIY компресор, лошо е што ќе го чекаш, ама за дома брка работа. Можеш и од компресор за камион(2-3к ден.) плус мотор од машина за перење(1000-че) ама тоа е поскапо. И секако филтер може и компресорски, ама и од кола се 300 денари, од некој  стоеден сигурно ќе најдеш куќиште за 100 динари. Малу забегав, ама ми лежеше на срце :D

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Дали може да го користи веке постоечкиот уред со надворешен компресор (каков компресор ке користи е друга приказна) за да биде донекаде  функционален/корисен.
Да не бидат џабе фрлени пари.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Со компресор како што е за пумпање гуми јас не би можел да го поврзам компресорот за пиштолот за прскање. 
Според мене најдобро би било оригиналниот дизај што е да се направи со мотор од правосмукалка.
Пробав со дувалкава за лисја може да се корсти, не загрева за брзо време, прска но протокот на воздухот е помал од оригиналниот мотор.
Мислам дека подобро би било не како што ја имам направено "дувалкава за лисја (направена е со мотор од правосмукалка) "  воздухот да излегува кај перките под агол (белата цевка) туку воздухот да дува од позади на моторот (таму има отвори) значи не би требало никакви модификации на моторот само ќе треба да се затвори во некаква кутија и со црево да се поврзе за пиштолот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Посаглам паинт зум ти е 5-6к ден,  компресор е 10к и ќе ти се најде за све. шприц имаш од 1000-че(бомбона за ѕидови и огради) до 2000 евра (ако префарбуваш мајбах :) )

Од кога компресорите се толку скапи? Дедо ми од страната на жена ми има земено Ingco пред 5, 6 години за... 6 или 7 илјади, тука некаде беше цената... и не мислам на оние транспортните што се со рачка за носење (како тробички што се) туку баш на оние големите, на тркалца ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)
« Reply #51 on 22.06.2019, Saturday, 11:31:23 (Edited 22.06.2019, Saturday, 12:13:21) »
нели треба а почаси ? :D Одамна го зедов, ама мислам дека 9к го зедов вилагер, плус пиштол=10к. Тогаш ингцо немаше на пазарот/не беа пробиени. Може и поефтини да има сега, за 12-13к во хубо гледав со 2 клипа, што е за сва времена, и да земиш утре алат што троши повеќе воздух ќе немаш гајле.
7k е ingco