Author Topic: Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)  (Read 22219 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
...некои котва го викаат...
Може на улица, ама на технички форум потребно е сериозност и адекватни стручни изрази!

Ама не е “контактор“.

4. „Бон тон“ на форумот (правила на однесување)

4.10. Споделувањето на информациите на форумот треба да биде безрезервно, целосно и точно (без намерни дезинформации).
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Во „мајсторскиот“ жаргон и јас го имам како котва сретнато, најверојатно останато е од не адекватни преводи на стручна терминологија, а најчесто го употребуваат постарата генерација на мајстори
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Колку мене ми е познато старите мајстори под поимот котва подразбираат комплетен ротор од ел.мотор. Го пишувам тоа од причина што познавам 80 годишен авто електричар кој беше еден од познатите во моето место, а истиот моташе (“винклуваше“) елктромотори комплет, статори и ротори (котви) за генератори (динамо, алтернатори) ама никогаш не го чув да рече котва за колекторот (иако многу често бев во работилница кај него)!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
4.10. Споделувањето на информациите на форумот треба да биде безрезервно, целосно и точно (без намерни дезинформации).

Не верувам дека некој намерно дезинформира. Едноставно, не секој знае кои се точните изрази за некои од овие термини, а дури и ако знае, често знаеме да ги згрешиме, т.е. да ги помешаме.

Важно се разбравме ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ако бараш комутатор тешко дека ќе најдеш... Или ќе ти понудат кондензатор :D Ко барав четкици, продавачот ми рече ако ми дадел бакарни ќе ја расипам котвата, што и да е. Иако котва е сидро, на кој знае кој јазик :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Македонски термин би требало да биде „котва“, синоним на „сидро“. Затоа се вика „закотвување“, т.е. „закотви го бродот“, итн. Не викаш „засидри го бродот“ ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."


Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Расипаниот е заменет со нов.
Модификација со 330nF X2 кондензатор и 2 феритни јадра. Кондензаторот и феритните јадра ги извадив од мала, расипана, стара шмишајбна. Една грешка што направив е не ја измерив влезната струја на моторот пред модификацијата, на моторот пишува 600W а со ампер-клешта измерив 3.6А (по модификацијата) со што мислам дека влече над дадената вредност на моторот. Дали би можело тоа да е од модификацијава ?







Лагерите се ужас како и жлебот кај што влегуваат лагерите, направен од ефтина пластика и не прецизно избушен. Пробав да ги подмачкам лагерите но повторно се појавува отпор со што и загреваат, по 30сек вртење на моторот задниот лагер беше 60 степени. Овие четкици меки се но не се распаднаа до сега па нема да ги мењам во брзо време.









Заклучок:
Колку пари толку музика ? Уредот загрева за брзо време, јас помислив дека би се ладел себеси при дувањето но не е така. Едноставно не вреди, најверојатно копија е овој за "оригиналот" незнам.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
„Заклучок:
Колку пари толку музика ? Уредот загрева за брзо време, јас помислив дека би се ладел себеси при дувањето но не е така. Едноставно не вреди, најверојатно копија е овој за "оригиналот" незнам.“
јбг, жал ми е, но и макита бурмашина грее преносот и тоа значително грее. Сепак кога си го отворил стави му скф(skf) или фаг(FAG) лагери, 120 денари се, ама не знам дали пар или еден беше толку,а лежиштата прицврсти ги со силикон или гума внатрешна како би се намалиле вибрациите. 

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кондензаторот и феритните јадра ги извадив од мала, расипана, стара шмишајбна.

Може и од стари SMPS напојувања да извадиш ;).

Дали би можело тоа да е од модификацијава ?

Не... не верувам... едноставно лошо дизајниран мотор :-\... ако забележиш дека грее, може да пробаш да ги прошириш дупките од кои зема воздух, односно се лади ;).

Едноставно не вреди, најверојатно копија е овој за "оригиналот" незнам.

Со друг мотор, можеби и ќе вреди... ама со овој... да, не верувам :-\.

Е сега мора да ги разбереме Кинезиве... колку е поголем моторот, толку повеќе за транспорт плаќаат од Кина до тука :P :D ;D.

Ништо, ако изгори моторот, може да пробаш да го врзеш пиштолот за некоја појака правосмукалка и да видиш дали така ќе работи како што треба... или да пробаш да монтираш некој друг мотор ???. Проблемот се димензиите на моторот... мал е, а треба да е моќен и да вади голем број на вртежи... епа не може сите три да ги има... ако треба да е моќен и голем број на вртежи да вади, мора да е голем.

Само за споредба, дома имам Kirby G4 со 600W мотор во него... да не сликам да ти покажам колкав е тој :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
е ама kibry-то сигурно не е 2000 денари, нити блиску до тоа :)
Лагерите да не заглават или да добијат ексвентар т.е. роторот да пошне да шанта, па дур тера нека тера сега то е... :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
е ама kibry-то сигурно не е 2000 денари, нити блиску до тоа :)

Пааа... 100x тоа ;D. Толку барем го земавме на времето... 2000 или 2500 марки, така нешто.

Лагерите да не заглават или да добијат ексвентар т.е. роторот да пошне да шанта, па дур тера нека тера сега то е... :)

Може да проба да го залие тој дел со тврд (брзосушечки) двокомпонентен лепак ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Кибру -то и сега е толку xD
Лагерите да ги залие? Џабе ако не се подмачкани изганцани и искалени, а и не се исплати,  барем лагери ваков  тип се прилично ефтини. Освен ако не се отворени па да може да ги подмачка.

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Ќе пробам прво да најдам лагери со иста големина тука во Струмица и да ги проширам дупките за воздух.
Дизната пиштолот за фарбање го споив набрзина со таа дувалката за лисја што ја имам направено со мотор од правосмукалка и прскаше отприлика со јачина од 70% во споредба со оригиналниот мотор а тоа е можеби и затоа што воздухот бегаше од спојот на пиштолот со дувалката за лисја. Досега само со вода го имам пробано на овој начин па оригиналниот моторот ако го прегорам ќе се префрлам на овој начин.

пС. Дали би можело сега да се промени името на Paint Zoom - уред за бојадисување (review + mods) или нешто како (преглед на уредот + модификации) или пак ако ви текне нешто по соодветно за да биде уште по прегледно.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
арен си е насловот :)
Сметам дека лагерите кога ќе се загреат го кочат роторот, па затоа и повеќе струја влечит.  Да прошириш отвори не знам дали ќе има влијание, ова е центрифугална пумпа и битно е да има одреден притисок, а не голем проток на воздух.