Кондензаторот и феритните јадра ги извадив од мала, расипана, стара шмишајбна.
Може и од стари SMPS напојувања да извадиш
.
Дали би можело тоа да е од модификацијава ?
Не... не верувам... едноставно лошо дизајниран мотор
... ако забележиш дека грее, може да пробаш да ги прошириш дупките од кои зема воздух, односно се лади
.
Едноставно не вреди, најверојатно копија е овој за "оригиналот" незнам.
Со друг мотор, можеби и ќе вреди... ама со овој... да, не верувам
.
Е сега мора да ги разбереме Кинезиве... колку е поголем моторот, толку повеќе за транспорт плаќаат од Кина до тука
.
Ништо, ако изгори моторот, може да пробаш да го врзеш пиштолот за некоја појака правосмукалка и да видиш дали така ќе работи како што треба... или да пробаш да монтираш некој друг мотор
. Проблемот се димензиите на моторот... мал е, а треба да е моќен и да вади голем број на вртежи... епа не може сите три да ги има... ако треба да е моќен и голем број на вртежи да вади, мора да е голем.
Само за споредба, дома имам Kirby G4 со 600W мотор во него... да не сликам да ти покажам колкав е тој
.