Тесно е кај четкиците неможам да сликам убаво. Нема ни кондензатор нели обично се става X-класа околу 100uF ? ќе треба да ставам... Дизајнот за дување е добар има убав проток.
Имаше едни филтри, порано се ставаа, го „фрлаа“ EMI-то према маса или шасија на моторот, ако нема маса кабелот за напојување. Често можеше да се начекаат по кујнски миксери и некои други уреди. Вака изгледаа
.
И, исто така, овие беа една од најчестите причини зошто миксерите престануваа да работат
. Моторите на тие миксери практично вечни беа (Iskra мотори, ама од старите, оние квалитетните
), но, за жал, овие чуда не беа
.
Како и да е, овие компоненти практично се направени од неколку кондензатори
. Може и сам да си изработиш еден ваков. Дури и електричните шеми ги има на самите уреди
. Се гледа од сликите дека станува збор за вкупно 3 кондензатори, еден пластичен со среден извод и два керамички. Пластичниот со среден извод, не може да се купи во продажба, но може апроксимација да се направи со поставување на два пластични кондензатори наместо еден со среден извод
. Значи, практичната изведба би се свела на вкупно 4 кондензатори, два пластични и два керамички. Вредностите на пластичните и керамичките кондензатори не се критични
. Пластичните кондензатори може да имаат вредност од 100nF до 1uF, но со висок пробивен напон напон (250V~ или 400V--). Керамичките може да имаат вредност од 100pF до кај 10-тина nF, но исто така треба да имаат висок пробивен напон (1KV-- па нагоре). Врзувањето е прилично просто. Во паралела се врзуваат пар пластичен-керамички кондензатор и потоа, од секој од водовите за напојување на моторот, се врзува по еден крај од парот. Водот кој ќе остане да виси и од двата пара, се залемува заедно и тој вод се врзува за шасијата на моторот и/или маса (зависи од изведбата).
Но, исто така, во конкретниов случај, изгледа не е проблем само ова искрење, туку и самите четкици
. Изгледа како да се премногу меки за тој број на вртежи на моторот и пребрзо се „јадат“, што предизвикува повисока температура кај контакторите, а и самите четкици... што, се разбира, на крајот може да доведе до топење на држачите на четкиците. Гледам дека држачите на четкиците се метални (бакарни
, месингани
, кој знае
), тоа е добро
, но од друга страна, ако четкците премногу се загреат, може и овој метал премногу да се загрее и да доведе до топење на пластичните лежишта во кои се залиени овие метални држачи
... Кинеска работа
... ставиле што имале на лагер
(мислам на четкиците).
Бидејќи ќе добиеш нов ваков (се надеваме
), јас прво би видел дали го има истиот проблем како и овој, т.е. дали фрлаат премногу искри четкиците. Ако фрлаат, би пробал да додадам филтер (како погоре што го опишав). Ако пак многу искри има, ќе пробам да најдам потврди четкици и да ги монтирам наместо оние фабричките. Ако пак многу фрла искри моторот од контакторите, веќе се поможно станува некоја од намотките на моторот да е изгорена... или едноставно неисправна (така изработена... пак ќе пишам, Кинеска работа
, QC = 0
). Е тогаш веќе имаме проблем
. Можно е цела серија да имаат вакви промашени мотори, па ќе треба повеќе пати да го замениш истово чудо за да конечно добеш некое со исправен мотор
. Да се надеваме дека ова не е ситуацијата и дека, дури и ако е несправен моторот, дека е изолиран случај и дека останатите се како што треба
.
Во секој случај, ако (кога
) ќе добиеш ново вакво чудо, дури и ако се изгледа ОК и ако не фрла искри моторот, не е лошо да му се додаде филтерот
. Како што пишав, може да си купиш ваков или сам да си изработиш, не е погрешно ни едното ни другото
.