Author Topic: Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)  (Read 21920 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)
« Opened on 31.05.2019, Friday, 14:15:55 (Edited 12.06.2019, Wednesday, 09:49:35) »
Ми стигна Паинт зоом дувалка за фарбање нарачно од страниве што се со достава 1700ден+100ден достава. Ставив малку вода наместо боја за да го тестирам и го уклучив 2-3 пати во период од 1 минута шприцав и последното уклучување моторот смени звук одма го исклучив, го извадив пиштол за шприцање го уклучив само моторот звукот сеуште го имаше т.е нешто се расипало дали перките за дување којшто мислам дека се пластични или нешто друго се откачило. Ќе го враќам нов ќе пуштат да видам новиот како ќе се покаже дотогаш не препорачувам да го купувате... При првото уклучување снимав со телефонот така да имам нешто доказ како се смени звукот на моторот. Препорачувам на сите којшто ќе купуваат нешто од нашиве продавници со достава или пак од странство снимајте го отпакувањето и првото користење на производот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
моја предпоставка е дека го кренал уљето

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Не разбирам кое уље, електричен (универзален) е моторот изгуби снага и поспоро почна да врти.


Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Се може да биде, ротор, статор - четкици.



Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
уље од компресорот. Инаку вакви салам се по 3-4 илјади.
Ама ова изгледа есамо со перки и ќе ти штрка. За ѕидови и пајц би требало да брка работа, за метал тешко.
правосмукалката подобра работа ќе ти збрка а ако го користиш за дома ова не знам како ќе, исчистиш после него xD   

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Не би рекол дека е  компресор повеќе е како вентилатор од правосмукалка. Неможев денес да го вратам кај доставувачот или утре или понеделник ми рекоа, а јас нестрплив малку разочаран полека го отворив моторот, @krema погоди четкиците искршени, изгорено куќиштето на четкиците и откачена една жица од комутаторот тој дел е ефтино направен затоа и е расипан, лагерите се ок, перките метални,лимчиња би требало да држат, кога ќе добијам нов (ако) одма ќе ги сменам четкиците, а за жиците приврзани кај комутаторот дали некој лепак да ставам како тој во два компонента (epoxy, poxypol) но така би можел роторот да излезе од баланс.. или убаво да ги наденам, да ги згмечам да неможат да излезат?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
претежно со гмечење/набивање ги зацврстуваат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@Mkdsime: Сликај да видиме. Вака, како што објасни, имам некоја претстава како (лошо) е се тоа тоа изведено, ама без да се види, само нагаѓаме што е подобро решение :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158








Тесно е кај четкиците неможам да сликам убаво. Нема ни кондензатор нели обично се става X-класа околу 100uF ? ќе треба да ставам... Дизајнот за дување е добар има убав проток.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тесно е кај четкиците неможам да сликам убаво. Нема ни кондензатор нели обично се става X-класа околу 100uF ? ќе треба да ставам... Дизајнот за дување е добар има убав проток.

Имаше едни филтри, порано се ставаа, го „фрлаа“ EMI-то према маса или шасија на моторот, ако нема маса кабелот за напојување. Често можеше да се начекаат по кујнски миксери и некои други уреди. Вака изгледаа ;).





И, исто така, овие беа една од најчестите причини зошто миксерите престануваа да работат :P :D. Моторите на тие миксери практично вечни беа (Iskra мотори, ама од старите, оние квалитетните 8)), но, за жал, овие чуда не беа :P :D.

Како и да е, овие компоненти практично се направени од неколку кондензатори :). Може и сам да си изработиш еден ваков. Дури и електричните шеми ги има на самите уреди :D. Се гледа од сликите дека станува збор за вкупно 3 кондензатори, еден пластичен со среден извод и два керамички. Пластичниот со среден извод, не може да се купи во продажба, но може апроксимација да се направи со поставување на два пластични кондензатори наместо еден со среден извод ;). Значи, практичната изведба би се свела на вкупно 4 кондензатори, два пластични и два керамички. Вредностите на пластичните и керамичките кондензатори не се критични :). Пластичните кондензатори може да имаат вредност од 100nF до 1uF, но со висок пробивен напон напон (250V~ или 400V--). Керамичките може да имаат вредност од 100pF до кај 10-тина nF, но исто така треба да имаат висок пробивен напон (1KV-- па нагоре). Врзувањето е прилично просто. Во паралела се врзуваат пар пластичен-керамички кондензатор и потоа, од секој од водовите за напојување на моторот, се врзува по еден крај од парот. Водот кој ќе остане да виси и од двата пара, се залемува заедно и тој вод се врзува за шасијата на моторот и/или маса (зависи од изведбата).

Но, исто така, во конкретниов случај, изгледа не е проблем само ова искрење, туку и самите четкици :-\. Изгледа како да се премногу меки за тој број на вртежи на моторот и пребрзо се „јадат“, што предизвикува повисока температура кај контакторите, а и самите четкици... што, се разбира, на крајот може да доведе до топење на држачите на четкиците. Гледам дека држачите на четкиците се метални (бакарни ???, месингани ???, кој знае ;D), тоа е добро ;), но од друга страна, ако четкците премногу се загреат, може и овој метал премногу да се загрее и да доведе до топење на пластичните лежишта во кои се залиени овие метални држачи :-\... Кинеска работа ::)... ставиле што имале на лагер ::) (мислам на четкиците).

Бидејќи ќе добиеш нов ваков (се надеваме ;)), јас прво би видел дали го има истиот проблем како и овој, т.е. дали фрлаат премногу искри четкиците. Ако фрлаат, би пробал да додадам филтер (како погоре што го опишав). Ако пак многу искри има, ќе пробам да најдам потврди четкици и да ги монтирам наместо оние фабричките. Ако пак многу фрла искри моторот од контакторите, веќе се поможно станува некоја од намотките на моторот да е изгорена... или едноставно неисправна (така изработена... пак ќе пишам, Кинеска работа ::), QC = 0 ::)). Е тогаш веќе имаме проблем :-\. Можно е цела серија да имаат вакви промашени мотори, па ќе треба повеќе пати да го замениш истово чудо за да конечно добеш некое со исправен мотор ::). Да се надеваме дека ова не е ситуацијата и дека, дури и ако е несправен моторот, дека е изолиран случај и дека останатите се како што треба ;).

Во секој случај, ако (кога ;)) ќе добиеш ново вакво чудо, дури и ако се изгледа ОК и ако не фрла искри моторот, не е лошо да му се додаде филтерот ;). Како што пишав, може да си купиш ваков или сам да си изработиш, не е погрешно ни едното ни другото ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Моментално имам од нешто што сум го извадил обичен X1 кондензатор со 2 нозе е прво него би го поврзал директно на нулата и фазата, а и убаво би било и жицата што оди кон четкиците да се замота на феридно јадро (choke,ferrite bead). Не сум знаел дека може да се направи таков тип на кондензатор ќе пробам да направам.


Горната шема неможам да ја прочитам оваа ја читам, исти ли се ?. На оваа шема долните ќе бидат ќерамички а горниот пластичен кондензатор ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Горната шема неможам да ја прочитам оваа ја читам, исти ли се ?. На оваа шема долните ќе бидат ќерамички а горниот пластичен кондензатор ?

Пааа... не е баш иста, ама слична е ;). Може и оваа да се искористи, не е грешна ни оваа ;).

И да, горниот е пластичен, а долните два се керамички ;). За долните два, може да ставиш било која вредност од 100pF до кај 1nF, само да се со максимален работен напон повисок или еднаков на 1KV--. Тие кондензатори треба да ги „фрлаат“ високофреквентните делови од напонот за напојување (односно EMI шумот кој се генерира од моторот) према маса или према шасијата на моторот. Затоа и треба да имаат висок пробивен напон, доста повисок од мрежниот напон. Овие високофреквентни напонски пречки знаат да имаат врвови со редна големина од 400, 500, 600V. Краткотрајни се, така да, најчесто не може да оштетат ништо друго поврзано во мрежата, а освен тоа, високофреквентни се, така да, природно ќе се исфилтрираат поради паразитни капацитивности на кабли и слични несовршености во мрежата, но знаат да генерираат искрење меќу контакторите и четкиците, па затоа и пожелно да ги има во филтерската секција ;). Пластичниот кондензатор е одговорен за филтрирање на нискофреквентниот шум кој моторот го генерира, кој пак нема висока амплитуда и најчесто е од редот на големина од напонот со кој се напојува моторот, па затоа не мора да има повисок пробивен напон од 250V~ или 400V-- (може да се искористи и кондензатор кој е деклариран дека може да работи на еднонасочен напон, нема разлика меѓу пластичните кондензатори кои се користат за филтрирање во мрежа и класични пластични кондензатори кои може да се најдат на секое друго место во електричните уреди, едниствена разлика е декларацијата за максималниот работен напон, кој кај овие кондензатори е деклариран како наизменичен напон, а кај класичните е деклариран како еднонасочен напон, лесно се прави еквиваленција меѓу едниот и другиот ако се помножи наизменичниот напон со 1.41, однсно корен од 2 ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
да ставиш бакарни четкици, ама тогаш да не го „јадат“ контакторот

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Paint Zoom - уред за бојадисување (преглед на уредот + модификации)
« Reply #13 on 01.06.2019, Saturday, 13:10:41 (Edited 01.06.2019, Saturday, 18:42:33) »
контакторот



колектор или комутатор
Кое е точно!






Commutator in a universal motor from a vacuum cleaner.
Parts: (A) commutator, (B) brush, (C) rotor (armature) windings, (D) stator (F) (field) windings, (E) brush guides
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Во слободен превод е тоа, некои котва го викаат па живи се xD