Author Topic: LCD ТВ LG 42LG2000 - проблем со дисплејот, нема слика има светло  (Read 2160 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
LCD ТВ LG 42LG2000 - проблем со дисплејот, нема слика има светло
« Opened on 13.05.2019, Monday, 14:04:00 (Edited 13.05.2019, Monday, 15:13:14) »
Проблемот :
Телевизорот има прекината конекција на COF IC module (незнам како точно да го наречам) којшто се наоѓа во горниот дел од страната на екранот.
Дали има некој менувано ваков модул и дали знае некој од каде може да се нарача ?



COF IC чипот има ознака 88B047CDA3



модел на ТВ



T420XW01 модел од шасијата (на гугл отвара T-Con)

На ТВ-то му беше измешана сликата па со мрдање на COF модулот сликата се стабилизираше. По долготрајно обидување и пронаоѓање на the perfect spot, модулот сум го скинал во горниот дел кадешто има околу 10 водови во растојание од 2-3мм :(

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
T420XW01 модел од шасијата (на гугл отвара T-Con)

Ако мислиш на шасијата на телевизорот, ова не се ознаки на шасијата, ова се ознаки на дисплејот и затоа ти вади како резултати T-Con, бидејќи T-Con-от е дел од дисплејот ;).

На ТВ-то му беше измешана сликата па со мрдање на COF модулот сликата се стабилизираше. По долготрајно обидување и пронаоѓање на the perfect spot, модулот сум го скинал во горниот дел кадешто има околу 10 водови во растојание од 2-3мм :(

Претпоставувам дека не се менува само овој модул, најверојатно се менува цел дисплеј :-\.

Мислам дека немаш друга опција освен сам да пробаш да го поправиш проблемот. Може да пробаш да го изгребеш заштитниот слој од пластика (сендвич од пластични изолатори) и да ги преспоиш проблематичните водови. Може и да додадеш мали лицни врз нив за подобар контакт ;). Ако не сака да се гребе пластичниот изолационен слој со скалпел или некое слично орудие, може да пробаш со гравирка со дијамантски додаток (од оние малите ситни дијамантски додатоци за обработка на стакло, керамика, итн.).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Секако ќе пробам сам, не верувам дека некој мајстор би сакал да си го губи времето да се нафати за ваква работа освен да се смени екранот. Благодарам за одговорот и ако нешто успеам да добијам слика ќе направам update.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Тешко да успееш.
Има во Белград а можеби и поблиску кои го прават тоа, го менуваат комплет!


Code: [Select]
http://lcd-repair-machine.com/case-share/cof-tab-flying-line-figures.html
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Благодарам за одговорот и линкот.
Неможам да најдам COF со ознаката 88B047CDA3, следно ќе пробам да ги избројам водовите,пиновите па така да пробам да споредувам дали ќе најдам нешто.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве ги податоците на линкот од Toma во врска со COF/TAB Flying Line Figures во doc фајл ;).

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/iiUw/55voD9itK
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/96CEA8DA6FE14750B67ADB98456EC7FCW
Code: [Select]
https://app.box.com/s/7jbtq1cce7byfy09f0oabqy0asrs0y00
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."