Абе batka, па не го карај, чоекот не мислеше лошо
. Си ги почитува правилата, очигледно ги прочитал
.
Освен тоа, тоа правило никаде го немаме пишано, го „спроведуваме“ на „ај ако сакаш, ако не апслутно неопходно од контекстот на post-от, ако може изоставај ги сликите од коментарите, се губи од изгледот на post-от“.
Тоа, генерално земено, е естетика. И јас знам да се изгубам во читање на цитати со слики, ама на крајот, пак ќе се снајдеш
.
Да се навратам на темата
.
Забележав дека кај мене е наместено на 10 минути, а не 5 како што имав претстава пошто не отворив да проверам пред да пишам во темава. Не дека ми пречи опцијата да се гаси хдд дискот, туку не ја имав забележано на претходниот лаптоп пошто хдд-то таму беше во caddy на местото од двд-драјвот. Нека се гаси, не ми пречи, ем помалку загрева лаптопот внатре.
Јас би ти препорачал и ова да го изгасиш. Јас барем лично, општо, при реинсталации, без разлика дали станува збор за лаптоп или PC, гасам се од Power Management кај дискови. Мислам на класични дискови, не на SSD.
Има причина зошто и е буквално иста како и причината за head parking-от. Колку помалку power on/off cycles, толку помалку шанси главата да акне во некоја од плочите.
Порано, до пред 15-тина години, кога главата на дискот ќе отиде во parking позиција (ова се правеше само при power off, т.е. кога ќе го исклучиш компјутерот, тогаш немаше power management на дискови), главата на дискот се паркираше на површината на дискот, поточно на самиот почеток на дискот, блиску до неговата оска (слично како што почнува да чита ласер податоци од CD/DVD, почнува од оската и се движи кон крајот, обратно од начинот на „читање“ на грамофонска плоча). Практично, главата никогаш не ја напушташе површината на дискот и секогаш беше над неа. Притоа, местата на кои се паркираше главата (тој кружен дел од дискот/дисковите на HDD-то), беа за нијанса потенки во однос на остатокот од дискот/дисковите на HDD-то. Зошто? Кога дискот работи, главата (главите) не смее во никој случај да ја допре површината на дискот. Главите секогаш лебдат на многу мало растојание над површината на дискот. За нивното лебдење е одговорен воздухот и фрикцијата (триењето) кое тој го прави при неговото движење меѓу дисковите и главата. Отпорот на ова триење предизвикува главите да лебдат над површината на дискот на едно многу мало растојание (се мери во микрометри), но да не го допрат дискот/дисковите. Доколку настане допирање на главата и дисковите, се вика дека настанал "head crash". Затоа и напречниот пресек (дебелината) на делот на кој се паркираа главите над дисковите, беше за нијанса помал (потенок), за да може дури и кога не ротираат дисковите, главата/главите никогаш да не ја допрат површината на дискот/дисковите
.
Е сега, на дечкиве од компанииве за производство на дискови, по 2003-та, 2004-та (од прилика, не знам точно кога), им текна дека овој начин на паркирање на главите можеби и не е баш така добра идеја, без притоа да образложат зошто не е баш добра идеја
. И што решија? Решија дека можеби подобра идеја е главите да ги паркираат
надвор од површината на дискот, т.е. кога дискот ќе се изгаси (исто така, во овој период сеуште немаше power management на HDD, дојде подоцна, накај 2007-ма, 2008-ма)... што според мене, а и според секој кој работел било што поврзано со data recovery, е катастрофално лоша идеја. Зошто? Ајде да ја „еквивалентираме“ оваа ситуација со ситуација на класичен грамофон и игла. Слушаме некоја песна од грамофонот. Наеднаш треба да ја прекинеме песната. Притоа, сакаме да ја дослушаме кога ќе можеме. Што е подобро за долготрајност на самата игла. Да го изгасиме грамофонот и да ја оставиме иглата на површината на плочата или да ја извадиме иглата од површината на плочата и да ја ставиме во нејзиното лежиште? Знам дека повеќето ќе речат второто, притоа мислејќи на тоа дека на тоа место на кое е оставена иглата, ќе се уништи плочата. Прочитајте убаво што пишав: што е подобро за иглата, а не за плочата (притоа, се разбира, имаме намера во догледно време, денес, утре, да продолжиме да ја слушаме песната). Се разбира, првото. Во првата ситуација, иглата не доживува два „мини шока“ (при вадење и при ставање пак, кога ќе сакаме да ја дослушаме песната), а во втората доживува.
Слично е и кај главите на дисковите... само што кај нив, ризикуваш главата на дискот да доживее head crash наместо „мини шок“. Со секое вадење на главите од површината на дисковите и нивно повторно позиционирање над површината на дисковите, ризикувате главите да се удрат со дисковите и тој HDD да стане веќе неупотреблив, а за податоците... кој каква среќа имал
.
Според мене, а и според други (не значи дека сум во право, ова е само мое резонирање), оваа мерка, како и power management-от беа воведени од страна на компаниите за производство на дискови со само една цел: поголем број на расипани дискови, со што ќе се зголеми бројот на продадени дискови.
WD беа први кои почнаа со оваа пракса, но кога и други компании увидоа како им се зголемија продажбите, и тие истото почнаа да го прават. Практично, сега веќе и нема HDD кое главите ги паркира на површината на дисковите. Веќе сите HDD-иња ги паркираат главите надвор од површината на дисковите.
Една од превентивните мерки кои можете да ги направите за да си ги заштитите податоците кај класичните дискови (повторно ќе наведам, не SSD) е да изгасите power management. Дискот да се пушта во работа кога ќе се вклучи PC-то или лаптопот и да се изгаси кога ќе се изгаси PC-то или лаптопот.
Тоа би бил мојот совет... а потоа, секој со своето убедување
.
И само уште ова ќе додадам. Со ваква пракса, дома кај мене, веќе 3 години сеуште работи диск од 2TB кој сите останати на кој сум им дал да видат SMART data, ми рекле „ќе цркне кај и да е“ (има многу relocated sectors поради премногу агресивен power management... барем така претпоставувам), па еве, уште го чекам да цркне
. Се разбира, имам додадено и адекватно ладење (кулер, и ова е многу важно за „здравјето“ на вашите дискови), така да, не верувам дека единствена мерка која е одговорна за „неверојатно долгиот век на диск кој треба да цркне кај и да е“, е само изгасен power management, туку и адекватно ладење
. Откако е кај мене, температурата никогаш не му надминала 38 степени
.
Кога ќе удрат царина нашиве и поскапо ќе фати.
Јасно, затоа не ни имав намера да го нарачувам
. Чисто беше пишано онака, за споредба на цени
. Излегува дека на крајот, поевтино е да се земе ова чудо заедно со 3TB диск отколку да се земе посебно кутијата од кај Кинезиве, посебно дискот од кај нас
.
Единствена предност е што кутијата е наменета да се отвара, па така (претпоставувам) и гаранцијата не може да се поништи.
Е ова претпоставувам дека е малку „сива зона“. Според сериски број ако се водиш, Toshiba најверојатно ќе ти ја признае гаранцијата, но ќе треба ти сам да го пратиш до некое претставнишво на Toshiba
. Значи транспорт до таму оди на твој трошок
. Уште една причина поради која не би ја избрал оваа опција, посредувањето меѓу купецот и производителот не го извршува локална фирма, туку купецот се тоа ќе треба да го сноси
.
После муабетот од претходно да се префрлам на гигабитен рутер, веднаш тоа ми остави впечаток пошто е мегабитна кутијата. Од друга страна не сум воопшто толку скептик кога кинезите прават мрежни уреди. Ваљда за некоја година ќе ги развијат овие кутии и ќе имаме за иста цена гигабитна екстерна кутија или дуал бенд. (малку шала на нивна (кинеска) сметка)
Да да, сигурно
. Кој знае што се не ќе има за некоја година
. Сигурно и кутии за NAS-ови со Wi-Fi ќе има до тогаш за релативно пристапна цена
. Уште една причина поради која не се одлучувам за самоградба на NAS - дур јас да го направам, Кинезиве кој знае што ќе имаат на лагер
.
пс - туку да пишете кои модели на 3.5'' дискови вредат да се погледнат во ценовен ранг до 200еур!?
Јас би гледал Toshiba, општо (не по модел, од мое досегашно искуство, сите модели им се добри). Одличен однос цена/квалитет, плус може да им се изгаси power management (head parking) на сите со HDAT2
. Немаат „серверски, вакви, такви“ класи, моделите се тие, и за домашна употреба и за сервери. Барем за мене, ова кажува „ние веруваме во нашиот производ, сметаме дека сите наши модели се добри“
.
Исто така, би напоменал што да не гледаш ни под разно - Hitachi. Едно време правеа одлични дискови (кога работеа за IBM и нивните desktop-и и сервери), сега се ѓубре. Буквално сите дискови кои ги имам монтирано, а се Hitachi, откажале по година или две, без разлика дали станува збор за 2.5" или за 3.5". На работа веќе не ни прашуваме „што диск е“ ако од нигде никаде откажал некој диск... „се знае, Hitachi
“. Другите, ќе „кљанкаат“, bad sectors, зеза, некој дел не чита... Hitachi... едноставно престанува да работи. Нема некоја конкретна причина или барем на никој не му е позната. Имам пробано доста работи за да им продолжам животен век, од гасење на power management, додавање на ладење, калаисување на контактните иглички за главата... попусто, ништо од ова не придонесе за долговечност на дисковите. Кратко и јасно, едноставно не ги бива и сеуште немам установено зошто.