Author Topic: Избор на екстерен диск  (Read 15153 times)

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #45 on 18.04.2019, Thursday, 14:21:13 »
Вака сега, забележав една работа додека вчера го полнев дискот, а тоа е дека тој се гаси после одредено време.
Самиот Windows10 го гаси ако не се употребува, па дали со таа опција не е нужно да се отвора и да се менува head-timer преку firmware-от?

Пошто за сега немам намера да го уклучам на рутер, со што на тој начин би бил оптеретен нон-стоп 24/7. Ако е на Win10 тој се гаси, а можам и целосно да го исклучам од компјутер/струја и еднаш месечно да бекапирам. На секој компјутер имам по уште еден диск од 1TB така да ми треба време да соберам податоци за да префрлам на екстерниот. 

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #46 on 18.04.2019, Thursday, 14:22:36 »
NAS се поврзува директно на мрежа и сите корисницина таа мрежа имаат пристап до него, немора да биде во RAID, има NAS уреди со еден диск.
Надворешен диск без разлика на кој начин се поврзува на компјутер другите компјутери  во мрежата немаат пристап до него освен преку компјутерот на кој е приклучен.

Мислев на оние екстерни дискови кои имаат мрежни приклучоци. Ако има мрежен приклучок, може да се смета за NAS ;).

Вака сега, забележав една работа додека вчера го полнев дискот, а тоа е дека тој се гаси после одредено време.

Sleep. Пишав, сите WD кутии го имаат ова, дури и оние кои се постари, на USB 2.0.

Самиот Windows10 го гаси ако не се употребува, па дали со таа опција не е нужно да се отвора и да се менува head-timer преку firmware-от?

Не, тоа не се случува само на Windows 10, врзи го за било кој оперативен систем, пак истото ќе го направи. Тоа е функција на USB 3.0 to SATA bridge чипот... поточно на firmware-от кој е запишан (или преку екстерен 25 FLASH чип го чита).

И ова нема врска со firmware-от во електрониката на самиот диск во која е запишано head parking да прави по 8 секунди неактивност. Два различни firmware-и се, едниот е на дискот, другиот е на USB 3.0 to SATA bridge-от.

Пошто за сега немам намера да го уклучам на рутер, со што на тој начин би бил оптеретен нон-стоп 24/7. Ако е на Win10 тој се гаси, а можам и целосно да го исклучам од компјутер/струја и еднаш месечно да бекапирам. На секој компјутер имам по уште еден диск од 1TB така да ми треба време да соберам податоци за да префрлам на екстерниот.

Сигурен си? Ај провери, остави го врзан за рутерот, ќе видиш и таму ќе се изгаси (ќе влезе во Sleep) по некое време ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #47 on 18.04.2019, Thursday, 14:55:02 (Edited 18.04.2019, Thursday, 20:04:09) »
Sleep. Пишав, сите WD кутии го имаат ова, дури и оние кои се постари, на USB 2.0.
Мој пропуст, на толку пишување не обрнав внимание.  :(

И ова нема врска со firmware-от во електрониката на самиот диск во која е запишано head parking да прави по 8 секунди неактивност. Два различни firmware-и се, едниот е на дискот, другиот е на USB 3.0 to SATA bridge-от.
Конкретно мислев на менување на тајмерот преку фирмверот. Едноставно кажано, менување тајмер само.

Сигурен си? Ај провери, остави го врзан за рутерот, ќе видиш и таму ќе се изгаси (ќе влезе во Sleep) по некое време ;).
Не забележав кога е на рутер дали се гаси, т.е. ниту проверив. Само го уклучив колку да проверам дали можам да пристапам до него преку рутер.

Ако се гаси во двете ситуации (windows и рутер), тогаш дали е нужно да се менува тајмерот?
Пошто можам да го исклучам скроз од струја и компјутер и да го користам еднаш месечно.  :-\
Имам други две hdd-а по 1TB кои работат за секојдневна употреба, овој екстерниов од 6TB е да ги ослободам нив.  :-\

едит:
 
::)

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/USB-3-0-2-5-3-5-SATA-Hard-Drive-Disk-External-Enclosure-SSD-HDD-Disk/32851120358.html?transAbTest=ae803_3
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/RJ45-hard-disk-external-case-Nas-wifi-antenna-wireless-wifi-extender-wifi-usb-Sata-interface-hdd/32700131717.html?s=p&transAbTest=ae803_3

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #48 on 19.04.2019, Friday, 00:45:11 »
Конкретно мислев на менување на тајмерот преку фирмверот. Едноставно кажано, менување тајмер само.

Мислиш на тој за 8 секунди head parking или на тој за sleep?

Ако се гаси во двете ситуации (windows и рутер), тогаш дали е нужно да се менува тајмерот?

Тој тајмер за sleep е далеку поголем во однос на тој за head parking. Главите ќе отидат во паркинг позиција далеку пред да изреагира тој. Како што пишав, мислам дека тој тајмер е 20 или 30 минути.

Пошто можам да го исклучам скроз од струја и компјутер и да го користам еднаш месечно.  :-\
Имам други две hdd-а по 1TB кои работат за секојдневна употреба, овој екстерниов од 6TB е да ги ослободам нив.  :-\

Да да, јасно ;). Тоа и ми беше муабетот, да си го користиш само кога ќе правиш backups ;). Приклучиш, правиш backup, исклучиш ;). Во ваква комбинација, нема многу да влијае тајмерот за 8 секунди head parking врз работата на дискот бидејќи откако се ќе се ископира, ти ќе го исклучиш ;).

Околу линковите... ееее... тоа е :D. Искрено, не сум разгледувал, ама и мене ми треба една ваква кутија, што ќе може да ја врзам на мрежа, така да, еве, јас ќе земам, па ќе пишам искуство ;).

Ќе гледам да не ми се погоди, да не ти биде криво потоа ;D ;D ;D. А инаку, ќе се исплатело. $40 за кутијата, тоа е околу 2600, 2700 и околу 11000 за 6TB диск, со тоа што можеш како сакаш да го модифицираш firmware-от... ќе се исплатело. Не ми текнува колку пиша дека ти барале за оној со Ethernet на него, ама мислам дека беше над 15000 ???... а толку од прилика ќе те чини ова ;)... и тоа плус и Wi-Fi има :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #49 on 19.04.2019, Friday, 01:19:10 »
Мислиш на тој за 8 секунди head parking или на тој за sleep?

Тој тајмер за sleep е далеку поголем во однос на тој за head parking. Главите ќе отидат во паркинг позиција далеку пред да изреагира тој. Како што пишав, мислам дека тој тајмер е 20 или 30 минути.
Кај мене забележав и на двата компјутера дека HDD-ата одат во sleep после околу 5 минути. Буквално се гасат дисковите.
Ваков сетинг јас немам подесено на оперативниот.

Околу линковите... ееее... тоа е :D. Искрено, не сум разгледувал, ама и мене ми треба една ваква кутија, што ќе може да ја врзам на мрежа, така да, еве, јас ќе земам, па ќе пишам искуство ;).

 А инаку, ќе се исплатело. $40 за кутијата, тоа е околу 2600, 2700 и околу 11000 за 6TB диск, со тоа што можеш како сакаш да го модифицираш firmware-от... ќе се исплатело. Не ми текнува колку пиша дека ти барале за оној со Ethernet на него, ама мислам дека беше над 15000 ???... а толку од прилика ќе те чини ова ;)... и тоа плус и Wi-Fi има :D.
18.832 денари и нема Ethernet (моја погрешна забелешка претходно, се извинувам  :-[), мислам дека одат само две usb3 порти и со RAID-0 контролер.
Вакво нешто не ми треба.
Друга работа, како можи само дискот да е 11.000, а некаде и повеќе кога јас овој го земав за 10.500!?  ???
Code: [Select]
https://ddstore.mk/products/Western-Digital-My-Book%E2%84%A2-WDBFBE0060JBK-EESN-6TB-USB-3.0-64-MB-3-5%22-5.400-rpm/pid/931760
Ќе гледам да не ми се погоди, да не ти биде криво потоа ;D ;D ;D.
Јас планирам две да земам само ќе побарам и на другиве маркети да видам како одат цени.  ;D
Проблемот е кој модел на диск да се бара. Seagate кај нас нема многу избор, а и да го има е малку поскап.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #50 on 19.04.2019, Friday, 01:51:31 »
Кај мене забележав и на двата компјутера дека HDD-ата одат во sleep после околу 5 минути. Буквално се гасат дисковите.
Ваков сетинг јас немам подесено на оперативниот.

Имаш, имаш, само што не знаеш ;D.

Шала на страна, една од две работи може да се во прашање. Прво и многу поверојатно, во Power Options е така подесено. Power Options --> Select a power plan --> Balanced (recommended) --> Change plan settings --> Change advanced power settings.



За да го подесиш на Never, внеси 0 во полето откако ќе го селектираш ;).

Или, второ, активен ти е SATA Power Management под BIOS. Всушност... кога ќе размислам, полето за "Turn off hard disk after" под Windows по default е подесено на 20 минути, а ти викаш дека ти се гасат по 5 минути, така да, ќе да е ова второво. Изгаси HDD/SATA (како и да е пишано под BIOS) Power Management ;).

18.832 денари и нема Ethernet (моја погрешна забелешка претходно, се извинувам  :-[), мислам дека одат само две usb3 порти и со RAID-0 контролер.

Да, соленко за нешто што нема никакви мрежни опции, се сложувам.

Друга работа, како можи само дискот да е 11.000, а некаде и повеќе кога јас овој го земав за 10.500!?  ???
Code: [Select]
https://ddstore.mk/products/Western-Digital-My-Book%E2%84%A2-WDBFBE0060JBK-EESN-6TB-USB-3.0-64-MB-3-5%22-5.400-rpm/pid/931760

Знам, и јас тоа го забележав. Епа ете колку вреди електрониката и пластиката што доаѓа заедно со кутијата ::). Пишав, нема шанси да има нешто како MCU/SoC внатре ако има само USB 3.0 порт на него. Тоа е само bridge и тие чипови се џабе. А пластиката... Кинеска направија, џабе е.

Практично, ако купиш кутија те ограничува да не можеш да изгасиш head parking и да ти се зезне побрзо дискот, тоа е тоа. Претпоставувам дека плаќаш нешто плус за да може да ја имаш опцијата рачно да изгасиш head parking... друга логика не гледам.

И во првиот случај, гаранцијата важи на кутијата со дискот, што во случај на пад, лесно се гледа дека е штетена (мислам на кутијата), така да, одма може да одбијат гаранција. Но, во вториот случај, ако купиш само диск и ти падне на било што што не е мермер, плочки, асфалт или бетон (килим, паркет, ламинат), тешко дека некој ќе забележи дека има некакво штетување на површината на дискот, така да, лесно може во гарантен рок да си земеш нов ;).

Инаку, околу цената, еве која цена се кутиите со Wi-Fi и Ethernet заедно со 3TB Toshiba диск во нив. Значи $137 за се.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183328965814


А еве која кутија јас ја нарачав (баш сега :P :D).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183291792956


Е сега прочитав баш, има еден недостаток, мрежната карта не му е гигабитна, што значи дека ќе може, преку мрежа барем, на него да се копира со максимум 10MB/s ::)... абе ти реков, ќе се зезнам и јас за нешто ;D. Не може да нема некој catch со Кинезиве ;D.

Како и да е, до некаде сепак ми одговара бидејќи ми треба истовремено да биде достапен во две различни мрежи, а тоа може да се изведе кај овој уред, едната ќе биде жичана, а другата безжична ;).

Инаку, според спецификација, кутијата поддржува дискови со големина до 6TB и NTFS, FAT32 и EXT4 file systems ;).

Јас планирам две да земам само ќе побарам и на другиве маркети да видам како одат цени.  ;D
Проблемот е кој модел на диск да се бара. Seagate кај нас нема многу избор, а и да го има е малку поскап.

Ај почекај, да испаднеме потоа и јас и ти „пишман аџија“ ;D. Еве, јас го нарачав баш сега, за максимум два месеци ќе стигне ;). Ќе отворам тема, ќе пишам каков е, го бива, не го бива, со која брзина се копира на него преку USB 3.0, итн. ;). Бидејќи, искрен да бидам, не мислам дека ќе ја постигне брзината на тој 6TB-ниот што го имаш ти купено. Можеби ќе дигне 100MB/s, ама не верувам и нешто повеќе од тоа. За преку мрежа, се знае... ако е на Ethernet, 10MB/s, ако е на Wi-Fi... 7, 8MB/s... барем со ова рутерчево кое го имам јас :-\. Ама не ми е проблем, барем ќе ја баталам жена ми да не ми го полни компјутерот со клипчиња и слики кога ќе и се преполни телефонот ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #51 on 20.04.2019, Saturday, 08:06:55 »
Добро утро, не успеав вчера да одговорам и затоа еве ме сега со повеќе време. :-\

За да го подесиш на Never, внеси 0 во полето откако ќе го селектираш ;).

Или, второ, активен ти е SATA Power Management под BIOS. Всушност... кога ќе размислам, полето за "Turn off hard disk after" под Windows по default е подесено на 20 минути, а ти викаш дека ти се гасат по 5 минути, така да, ќе да е ова второво. Изгаси HDD/SATA (како и да е пишано под BIOS) Power Management ;).
Забележав дека кај мене е наместено на 10 минути, а не 5 како што имав претстава пошто не отворив да проверам пред да пишам во темава. Не дека ми пречи опцијата да се гаси хдд дискот, туку не ја имав забележано на претходниот лаптоп пошто хдд-то таму беше во caddy на местото од двд-драјвот. Нека се гаси, не ми пречи, ем помалку загрева лаптопот внатре.  :)

Да, соленко за нешто што нема никакви мрежни опции, се сложувам.

Знам, и јас тоа го забележав. Епа ете колку вреди електрониката и пластиката што доаѓа заедно со кутијата ::). Пишав, нема шанси да има нешто како MCU/SoC внатре ако има само USB 3.0 порт на него. Тоа е само bridge и тие чипови се џабе. А пластиката... Кинеска направија, џабе е.

Практично, ако купиш кутија те ограничува да не можеш да изгасиш head parking и да ти се зезне побрзо дискот, тоа е тоа. Претпоставувам дека плаќаш нешто плус за да може да ја имаш опцијата рачно да изгасиш head parking... друга логика не гледам.

И во првиот случај, гаранцијата важи на кутијата со дискот, што во случај на пад, лесно се гледа дека е штетена (мислам на кутијата), така да, одма може да одбијат гаранција. Но, во вториот случај, ако купиш само диск и ти падне на било што што не е мермер, плочки, асфалт или бетон (килим, паркет, ламинат), тешко дека некој ќе забележи дека има некакво штетување на површината на дискот, така да, лесно може во гарантен рок да си земеш нов ;).
Цената ептен ми се виде солена и нема на друго место да се најде кај нас.

Само дискот истиот модел што е внатре во MyBook-от е околу 11.000ден. а ако се земе MyBook со тој диск е 10.500ден, а надвор од земјава истиот диск е 250еур.  ??? Единствено, како што викаш, тоа што ме ограничува да се пристапи до дискот да се уклучи на сата порта да се менува head-parking тајмерот, друга причина/логика не гледам и јас зошто MyBook да биде поефтин од самиот диск!?  ???

Инаку, околу цената, еве која цена се кутиите со Wi-Fi и Ethernet заедно со 3TB Toshiba диск во нив. Значи $137 за се.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183328965814
Кога ќе удрат царина нашиве и поскапо ќе фати.  :-[
Единствена предност е што кутијата е наменета да се отвара, па така (претпоставувам) и гаранцијата не може да се поништи.

А еве која кутија јас ја нарачав (баш сега :P :D).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/183291792956


Е сега прочитав баш, има еден недостаток, мрежната карта не му е гигабитна, што значи дека ќе може, преку мрежа барем, на него да се копира со максимум 10MB/s ::)... абе ти реков, ќе се зезнам и јас за нешто ;D. Не може да нема некој catch со Кинезиве ;D.
После муабетот од претходно да се префрлам на гигабитен рутер, веднаш тоа ми остави впечаток пошто е мегабитна кутијата. Од друга страна не сум воопшто толку скептик кога кинезите прават мрежни уреди. Ваљда за некоја година ќе ги развијат овие кутии и ќе имаме за иста цена гигабитна екстерна кутија или дуал бенд.  ;D (малку шала на нивна (кинеска) сметка)
 
Како и да е, до некаде сепак ми одговара бидејќи ми треба истовремено да биде достапен во две различни мрежи, а тоа може да се изведе кај овој уред, едната ќе биде жичана, а другата безжична ;).

Инаку, според спецификација, кутијата поддржува дискови со големина до 6TB и NTFS, FAT32 и EXT4 file systems ;).

Ај почекај, да испаднеме потоа и јас и ти „пишман аџија“ ;D. Еве, јас го нарачав баш сега, за максимум два месеци ќе стигне ;). Ќе отворам тема, ќе пишам каков е, го бива, не го бива, со која брзина се копира на него преку USB 3.0, итн. ;). Бидејќи, искрен да бидам, не мислам дека ќе ја постигне брзината на тој 6TB-ниот што го имаш ти купено. Можеби ќе дигне 100MB/s, ама не верувам и нешто повеќе од тоа. За преку мрежа, се знае... ако е на Ethernet, 10MB/s, ако е на Wi-Fi... 7, 8MB/s... барем со ова рутерчево кое го имам јас :-\. Ама не ми е проблем, барем ќе ја баталам жена ми да не ми го полни компјутерот со клипчиња и слики кога ќе и се преполни телефонот ;D.
Одговара повеќе од било што, пошто друга алтернатива не постои башка и цената е пристапна. Како што пишав погоре, воопшто не сум скептик кога купувам кинески брендови/производи. Да направеше некој друг ваква кутија можеби цената ќе беше далеку повисока.  ::)

Со здравје да го служиш кога ќе стигне, мене сега не ми се брза да земам, а би земал можеби две вакви кутии.
Можам да почекам да напишеш едно review+unboxing, мада според клипот од погоре делува солидно за цената.  :)

пс - туку да пишете кои модели на 3.5'' дискови вредат да се погледнат во ценовен ранг до 200еур!?  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #52 on 20.04.2019, Saturday, 13:54:43 »
pocttopus престани да цитираш туги постови ( некои и по два пати!) бидејки само непотребно се полни постот.Ова важи и за другите членови - избегавајте цитати - тој што ја прати темата  разбира на што се однесува постот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #53 on 21.04.2019, Sunday, 01:08:39 »
Абе batka, па не го карај, чоекот не мислеше лошо ;). Си ги почитува правилата, очигледно ги прочитал ;).

Освен тоа, тоа правило никаде го немаме пишано, го „спроведуваме“ на „ај ако сакаш, ако не апслутно неопходно од контекстот на post-от, ако може изоставај ги сликите од коментарите, се губи од изгледот на post-от“.

Тоа, генерално земено, е естетика. И јас знам да се изгубам во читање на цитати со слики, ама на крајот, пак ќе се снајдеш ;).



Да се навратам на темата ;).

Забележав дека кај мене е наместено на 10 минути, а не 5 како што имав претстава пошто не отворив да проверам пред да пишам во темава. Не дека ми пречи опцијата да се гаси хдд дискот, туку не ја имав забележано на претходниот лаптоп пошто хдд-то таму беше во caddy на местото од двд-драјвот. Нека се гаси, не ми пречи, ем помалку загрева лаптопот внатре.  :)

Јас би ти препорачал и ова да го изгасиш. Јас барем лично, општо, при реинсталации, без разлика дали станува збор за лаптоп или PC, гасам се од Power Management кај дискови. Мислам на класични дискови, не на SSD.

Има причина зошто и е буквално иста како и причината за head parking-от. Колку помалку power on/off cycles, толку помалку шанси главата да акне во некоја од плочите.

Порано, до пред 15-тина години, кога главата на дискот ќе отиде во parking позиција (ова се правеше само при power off, т.е. кога ќе го исклучиш компјутерот, тогаш немаше power management на дискови), главата на дискот се паркираше на површината на дискот, поточно на самиот почеток на дискот, блиску до неговата оска (слично како што почнува да чита ласер податоци од CD/DVD, почнува од оската и се движи кон крајот, обратно од начинот на „читање“ на грамофонска плоча). Практично, главата никогаш не ја напушташе површината на дискот и секогаш беше над неа. Притоа, местата на кои се паркираше главата (тој кружен дел од дискот/дисковите на HDD-то), беа за нијанса потенки во однос на остатокот од дискот/дисковите на HDD-то. Зошто? Кога дискот работи, главата (главите) не смее во никој случај да ја допре површината на дискот. Главите секогаш лебдат на многу мало растојание над површината на дискот. За нивното лебдење е одговорен воздухот и фрикцијата (триењето) кое тој го прави при неговото движење меѓу дисковите и главата. Отпорот на ова триење предизвикува главите да лебдат над површината на дискот на едно многу мало растојание (се мери во микрометри), но да не го допрат дискот/дисковите. Доколку настане допирање на главата и дисковите, се вика дека настанал "head crash". Затоа и напречниот пресек (дебелината) на делот на кој се паркираа главите над дисковите, беше за нијанса помал (потенок), за да може дури и кога не ротираат дисковите, главата/главите никогаш да не ја допрат површината на дискот/дисковите ;).

Е сега, на дечкиве од компанииве за производство на дискови, по 2003-та, 2004-та (од прилика, не знам точно кога), им текна дека овој начин на паркирање на главите можеби и не е баш така добра идеја, без притоа да образложат зошто не е баш добра идеја ::). И што решија? Решија дека можеби подобра идеја е главите да ги паркираат надвор од површината на дискот, т.е. кога дискот ќе се изгаси (исто така, во овој период сеуште немаше power management на HDD, дојде подоцна, накај 2007-ма, 2008-ма)... што според мене, а и според секој кој работел било што поврзано со data recovery, е катастрофално лоша идеја. Зошто? Ајде да ја „еквивалентираме“ оваа ситуација со ситуација на класичен грамофон и игла. Слушаме некоја песна од грамофонот. Наеднаш треба да ја прекинеме песната. Притоа, сакаме да ја дослушаме кога ќе можеме. Што е подобро за долготрајност на самата игла. Да го изгасиме грамофонот и да ја оставиме иглата на површината на плочата или да ја извадиме иглата од површината на плочата и да ја ставиме во нејзиното лежиште? Знам дека повеќето ќе речат второто, притоа мислејќи на тоа дека на тоа место на кое е оставена иглата, ќе се уништи плочата. Прочитајте убаво што пишав: што е подобро за иглата, а не за плочата (притоа, се разбира, имаме намера во догледно време, денес, утре, да продолжиме да ја слушаме песната). Се разбира, првото. Во првата ситуација, иглата не доживува  два „мини шока“ (при вадење и при ставање пак, кога ќе сакаме да ја дослушаме песната), а во втората доживува.

Слично е и кај главите на дисковите... само што кај нив, ризикуваш главата на дискот да доживее head crash наместо „мини шок“. Со секое вадење на главите од површината на дисковите и нивно повторно позиционирање над површината на дисковите, ризикувате главите да се удрат со дисковите и тој HDD да стане веќе неупотреблив, а за податоците... кој каква среќа имал :-\.

Според мене, а и според други (не значи дека сум во право, ова е само мое резонирање), оваа мерка, како и power management-от беа воведени од страна на компаниите за производство на дискови со само една цел: поголем број на расипани дискови, со што ќе се зголеми бројот на продадени дискови.

WD беа први кои почнаа со оваа пракса, но кога и други компании увидоа како им се зголемија продажбите, и тие истото почнаа да го прават. Практично, сега веќе и нема HDD кое главите ги паркира на површината на дисковите. Веќе сите HDD-иња ги паркираат главите надвор од површината на дисковите.

Една од превентивните мерки кои можете да ги направите за да си ги заштитите податоците кај класичните дискови (повторно ќе наведам, не SSD) е да изгасите power management. Дискот да се пушта во работа кога ќе се вклучи PC-то или лаптопот и да се изгаси кога ќе се изгаси PC-то или лаптопот.

Тоа би бил мојот совет... а потоа, секој со своето убедување ;).

И само уште ова ќе додадам. Со ваква пракса, дома кај мене, веќе 3 години сеуште работи диск од 2TB кој сите останати на кој сум им дал да видат SMART data, ми рекле „ќе цркне кај и да е“ (има многу relocated sectors поради премногу агресивен power management... барем така претпоставувам), па еве, уште го чекам да цркне ;D. Се разбира, имам додадено и адекватно ладење (кулер, и ова е многу важно за „здравјето“ на вашите дискови), така да, не верувам дека единствена мерка која е одговорна за „неверојатно долгиот век на диск кој треба да цркне кај и да е“, е само изгасен power management, туку и адекватно ладење ;). Откако е кај мене, температурата никогаш не му надминала 38 степени ;).

Кога ќе удрат царина нашиве и поскапо ќе фати.  :-[

Јасно, затоа не ни имав намера да го нарачувам ;). Чисто беше пишано онака, за споредба на цени ;). Излегува дека на крајот, поевтино е да се земе ова чудо заедно со 3TB диск отколку да се земе посебно кутијата од кај Кинезиве, посебно дискот од кај нас :D.

Единствена предност е што кутијата е наменета да се отвара, па така (претпоставувам) и гаранцијата не може да се поништи.

Е ова претпоставувам дека е малку „сива зона“. Според сериски број ако се водиш, Toshiba најверојатно ќе ти ја признае гаранцијата, но ќе треба ти сам да го пратиш до некое претставнишво на Toshiba ::). Значи транспорт до таму оди на твој трошок ::). Уште една причина поради која не би ја избрал оваа опција, посредувањето меѓу купецот и производителот не го извршува локална фирма, туку купецот се тоа ќе треба да го сноси ::).

После муабетот од претходно да се префрлам на гигабитен рутер, веднаш тоа ми остави впечаток пошто е мегабитна кутијата. Од друга страна не сум воопшто толку скептик кога кинезите прават мрежни уреди. Ваљда за некоја година ќе ги развијат овие кутии и ќе имаме за иста цена гигабитна екстерна кутија или дуал бенд.  ;D (малку шала на нивна (кинеска) сметка)

Да да, сигурно ;). Кој знае што се не ќе има за некоја година ;). Сигурно и кутии за NAS-ови со Wi-Fi ќе има до тогаш за релативно пристапна цена ;). Уште една причина поради која не се одлучувам за самоградба на NAS - дур јас да го направам, Кинезиве кој знае што ќе имаат на лагер ;D.

пс - туку да пишете кои модели на 3.5'' дискови вредат да се погледнат во ценовен ранг до 200еур!?  :)

Јас би гледал Toshiba, општо (не по модел, од мое досегашно искуство, сите модели им се добри). Одличен однос цена/квалитет, плус може да им се изгаси power management (head parking) на сите со HDAT2 ;). Немаат „серверски, вакви, такви“ класи, моделите се тие, и за домашна употреба и за сервери. Барем за мене, ова кажува „ние веруваме во нашиот производ, сметаме дека сите наши модели се добри“ ;).

Исто така, би напоменал што да не гледаш ни под разно - Hitachi. Едно време правеа одлични дискови (кога работеа за IBM и нивните desktop-и и сервери), сега се ѓубре. Буквално сите дискови кои ги имам монтирано, а се Hitachi, откажале по година или две, без разлика дали станува збор за 2.5" или за 3.5". На работа веќе не ни прашуваме „што диск е“ ако од нигде никаде откажал некој диск... „се знае, Hitachi ::)“. Другите, ќе „кљанкаат“, bad sectors, зеза, некој дел не чита... Hitachi... едноставно престанува да работи. Нема некоја конкретна причина или барем на никој не му е позната. Имам пробано доста работи за да им продолжам животен век, од гасење на power management, додавање на ладење, калаисување на контактните иглички за главата... попусто, ништо од ова не придонесе за долговечност на дисковите. Кратко и јасно, едноставно не ги бива и сеуште немам установено зошто.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #54 on 21.04.2019, Sunday, 14:08:17 (Edited 21.04.2019, Sunday, 23:06:54) »
Добар ден,


Се извинувам за непрегледноста на постот и ќе гледам да нема повторување на сликите/работите кога цитирам некого. Тоа е навистина непотребно во мојот случај и слободно изменете го постот за темата да има подобра прегледност, како за нас, така и за гостите.


Изгасив Power Management и го сетирав на нула.



Е сега се поставува прашањето: head-parking VS power on/off циклуси? Што е полошо за да се избегне?  :-\

Да, гаранцијата исто не ја спомнав и во случај да треба да се враќа дискот, поштарината е на трошок на купувачот. Во контекст на гаранциите, од друга страна имам забележано дека кај нас SSD-ата одат со 3 години гаранција, додека надвор од земјава истите дискови за истата цена можат да добијат 5 години. Каде одат овие 2 години гаранција кај нашиве добавувачи? Ги прашував нашиве маркети зошто имаат различни гарантни услови и сите креваат рамења, не знаат што да одговорат или не сакаат да одговорат.  ::) Сепак ова е една забелешка кога би се земале дискови кај нас, а овие за кои правиме муабет на Toshiba/WesternDigital за среќа имаме иста гаранција.

Што се однесува до Toshiba имаат серија наменето исклучиво за NAS, не дека немаат.
Code: [Select]
https://www.toshiba-storage.com/products/toshiba-internal-hard-drives-n300/
Од она што може да се земе во предвид е моделот P300 кој го има од 3TB, нормално за упола цена од онаа што јас го земав на WD 6TB, што е до некаде предност да се имаат два по 3TB отколку еден од 6TB. 
Code: [Select]
https://www.toshiba-storage.com/products/toshiba-internal-hard-drives-p300/
едит: како се намалува векот на дисковите. Don't try this at home... sure at home I don't have datacenter.  ;D ::)


Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #55 on 21.04.2019, Sunday, 19:30:39 »
Мала дигресија!
Цитираното не е од мене, ама е сепак е важно!
Исто така и во мојот потпис стои нешто важно!


Quote
1- Чисто мала сугестија до сите членови на форумов - нема потреба да го цитирате последниот пост кога одговарате. Да речеме во едно 30% од постовите на форумот постот што е над нив е целосно цитиран, што е тотално непотребно. И кога цитирате, пробајте да не цитирате цели огромни постови со слики и све, туку само да се задржите на главното, мислам - со мерка....

2- Инаку, во право си за ова. Некогаш ги едитираме и ги одстрануваме цитатите на последен пост, но добро е самите членови да внимаваат на тоа.


3- И јас мислам така јас до сега не сум цитирал друг пост.
Нема смисла некој голем пост да го цитирате и под него да напишете '' се сложувам со него ''

4- се сложувам нека се припази малку како кога и колку се цитира

5- Интересна и солидна сугестија
Искрено, имам лоша навика и јас понекогаш да го цитирам претходниот пост, и морам да признам дека страшно тоа ме нервира
Последно време, гледам да се контролирам околу тоа, и донекаде успевам
До душа поголем број од цитатите на предходниот пост се чисто колку да се потенцира на кого се обраќа, но во секој случај, таквата навика треба да се искорени..

6- Во ред е да се цитира последниот пост за да се потенцира на кого се обраќате во дискусии каде учествуваат повеќе членови или пак ако сакате да извадите дел од претходниот пост.
Пожелно е да се внимава ако постовите содржат слики, видеа и сл. во цитатот да се одстранат тие линкови, за да не дојде до беспотребно долги цитати и постови, и дуплирање на сликите и видеата. Тоа непотребно ја отежнува навигацијата низ темите и вчитувањето на страната.
Исто така, кога одговарате на првиот пост на новоотворена тема, воопшто нема потреба од цитат бидејќи се знае на чие мислење одговарате.

7- Во право си.. Непотребно цитирање знае да замара.
Едно време сакав да напишам бон-тон однесување на форум кој ќе опфати многу работи, вклучително и ова.. Ама остана само на желба :p
Може да ги собереме сите добри предлози во еден документ или тема во која ќе бидат објаснети многу работи, од стил "зошто не е културно да се пишува со големи букви" (имаме членови на кои не им беше јасно тоа) и слично. Ама да не забегувам надвор од темата, за ова во друга прилика
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #56 on 21.04.2019, Sunday, 21:18:30 (Edited 21.04.2019, Sunday, 22:03:56) »
Мала дигресија!
Цитираното не е од мене, ама е сепак е важно!
Исто така и во мојот потпис стои нешто важно!


Quote
1- Чисто мала сугестија до сите членови на форумов - нема потреба да го цитирате последниот пост кога одговарате. Да речеме во едно 30% од постовите на форумот постот што е над нив е целосно цитиран, што е тотално непотребно. И кога цитирате, пробајте да не цитирате цели огромни постови со слики и све, туку само да се задржите на главното, мислам - со мерка....

2- Инаку, во право си за ова. Некогаш ги едитираме и ги одстрануваме цитатите на последен пост, но добро е самите членови да внимаваат на тоа.


3- И јас мислам така јас до сега не сум цитирал друг пост.
Нема смисла некој голем пост да го цитирате и под него да напишете '' се сложувам со него ''

4- се сложувам нека се припази малку како кога и колку се цитира

5- Интересна и солидна сугестија
Искрено, имам лоша навика и јас понекогаш да го цитирам претходниот пост, и морам да признам дека страшно тоа ме нервира
Последно време, гледам да се контролирам околу тоа, и донекаде успевам
До душа поголем број од цитатите на предходниот пост се чисто колку да се потенцира на кого се обраќа, но во секој случај, таквата навика треба да се искорени..

6- Во ред е да се цитира последниот пост за да се потенцира на кого се обраќате во дискусии каде учествуваат повеќе членови или пак ако сакате да извадите дел од претходниот пост.
Пожелно е да се внимава ако постовите содржат слики, видеа и сл. во цитатот да се одстранат тие линкови, за да не дојде до беспотребно долги цитати и постови, и дуплирање на сликите и видеата. Тоа непотребно ја отежнува навигацијата низ темите и вчитувањето на страната.
Исто така, кога одговарате на првиот пост на новоотворена тема, воопшто нема потреба од цитат бидејќи се знае на чие мислење одговарате.

7- Во право си.. Непотребно цитирање знае да замара.
Едно време сакав да напишам бон-тон однесување на форум кој ќе опфати многу работи, вклучително и ова.. Ама остана само на желба :p
Може да ги собереме сите добри предлози во еден документ или тема во која ќе бидат објаснети многу работи, од стил "зошто не е културно да се пишува со големи букви" (имаме членови на кои не им беше јасно тоа) и слично. Ама да не забегувам надвор од темата, за ова во друга прилика

Се извинувам за непрегледноста на постот и ќе гледам да нема повторување на сликите/работите кога цитирам некого. Тоа е навистина непотребно во мојот случај и слободно изменете го постот за темата да има подобра прегледност, како за нас, така и за гостите.

Не знам дали џабе пишувам!?   :-[

Дали има потреба да го цитираш Тома????? Тоа е проблемот.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #57 on 21.04.2019, Sunday, 21:36:45 »
Quote
Не знам дали џабе пишувам!?   :-[
Па исто и јас незнам дали сум тенденциозен, реален или...
Тоа беше мало резиме и потсетување за секого кој ја чита оваа тема!!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #58 on 21.04.2019, Sunday, 21:42:38 »
Quote
Не знам дали џабе пишувам!?   :-[
Па исто и јас незнам дали сум тенденциозен, реален или...
Тоа беше мало резиме и потсетување за секого кој ја чита оваа тема!!!
Еден модератор реагира јавно, после администратор ме контактираше преку приватна порака, плус и тој пиша јавно.
Сега уште еден модератор пишува јавно.

Се трудам да бидам културен и внимателен на вашите забелешки, затоа и Ви се извинив ЈАВНО и не сум некој што тера инает ама еве не знам што да направам за да бидете среќни. Бришете ги мислењата и решена работа.
 :o

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #59 on 21.04.2019, Sunday, 22:01:27 »
Јас не реков дека нешто ке бришам или барав ти да бришеш, туку само укажувам дека правиш километарски постови , а во еден пост дури два пати го цитираш Гига Ват и ги  копираш истите фотографии. И не мора да се извиниш, пази само на идните постови.