MicroUSB 2.0 и MicroUSB3.0 не се ист кај 3.0 конекторот е поголем и поиздржлив.
Знам дека не се исти
. Верувај, секој ден на работа имаме проблеми со вакви Micro USB 3.0 порти. И не е до корисниците. И ние прво мислевме дека не се грижат добро за дисковите и ги каравме. Ама и на нас ни дадоа такви да користиме, за работа... јас мојот дома го чувам
, на работа користам 3.5" WD 2TB диск со екстерно напојување, на USB 2.0 (постара серија) со директно врзан адаптер за него (без конектор) и со изваден Mini USB конектор т.е. директно врзано кабле (залемено, внатре) на самата плочка (кабел излегува директно од кутијата и на другиот крај е USB 2.0 A-Type)... колегава мака мачеше со оние со Micro USB 3.0 што ни ги дадоа
... де работи, де не работи, де ќе го прочита како 3.0, де како 2.0, де извади го, стави го пак, ај не фаќа, подизвади го малку конекторот, е сега па не врти
... абе да ти пукне жолчката. Као демек брзи биле, трансфер 300MB/s... мижи асан да ти баам
. На каласичен диск, ма каков сака нека е, ако дигне повеќе од 110, 120MB/s, од кој мост сакате ќе се фрлам
, а кај маливе па, 2.5"... нема шанси повеќе од 70MB/s да крене
. Имам пробувано со секакви дискови, верувајте барем на работа имам материјал за тестови и проби колку сакам
. Со маливе најчесто крева до кај 50MB/s, повеќе од тоа најчесто не одат.
Да се навратам назад на приказната... на крајот излезе муабетот дека, ако треба иста работа да се заврши на повеќе компјутери истовремено, јас побрзо ја завршувам со 2TB-ниот USB 2.0 диск отколку колегава со 2.5"-ниот USB 3.0 диск
. Додека он се за*бава „работи, не работи“, кај мене веќе е при кај инсталацијата
.
А околу тоа „ми паѓал и ништо не му е“... не би коментирал... ми се случувало несакајќи малку да ми падне од едната страна диск кога сум го ставал на маса (значи едната страна е поставена на масата, другиот крај не е) на не поголемо растојание од 1cm од масата (најчесто за да прелемам контакти), па тој диск веќе да не сака да работи. Ми се случило во трчање, да ми се лизне од рака, да летне низ половина просторија, да удри во ѕид и да падне на земја, па ништо да не му е. Сметам дека кај овие работи нема правило, т.е. кај класичниве дискови. Колку и каков тип на удар ќе истрпат, нема правило. Затоа, подобро бидете многу претпазливи откоколу да ризикувате да си ја чукате главата со мисли во стилот на „абе во џеб го носев
, ни го удрив, ни го ѕвизнав, како се зезна
“... се знае, екстерни дискови се носат во ранец, по можност во некое меко место (измеѓу некои другу работи
).
Кога патувате и имате потреба од бекап, а немате напојување, нема друг избор освен 2.5'' инчен. Поради ова ги гледам овие дискови, а се друго што пиша GigaWatt е во право. MicroUSB портите не се покажаа во најдобро светло.
Проблемот е што се уште немаме така мобилни 3.5" пошто во мојот случај мобилноста е пресудна.
Ништо, во тој случај ќе мора да си земеш 2.5" екстерен диск, ама со USB C-Type
. Тоа е моја препорака
.
А и не мора да ми веруваш на мене. Има online тестови на робустност и издржливост на Micro USB 3.0 и USB C-Type. Не ми текнува каде го гледав тестов, ќе да беше на YouTube, но муабетот беше вака. C-Type се клати у ПМ по не знам колку „стави-вади“ циклуси, ама работи
. Micro USB 3.0 не се клати толку, ама не работи
.
Што мислите овој модел со usb3.0?
https://www.anhoch.com/product/14845/hdd-external-35-3tb-western-digital-elements-usb30
Мислам дека е добар избор во однос на цена/квалитет
. Евентуално, ако гаранцијата не го забранува тоа, извади го дискот и игаси му head parking, бидејќи најчест проблем кај овие екстерниве дискови е токму тоа и зошто се зезнуваат по некое време
. Околу head parking, повеќе може да прочиташ во оваа тема
.
http://elektronika.mk/index.php?topic=12839.0
Е сега, уште подобро ќе беше ако беше на USB 3.0 B-Type, ама претпоставувам дека не е (дека е на Micro USB 3.0), така да... тоа е тоа
. На крајот на краиштата, биди претпазлив со конекторот при ставање и вадење од Micro USB 3.0 портот и не би требало да имаш проблеми подолг период, особено ако го користиш за домашна употреба
.
Исто така, не е лошо да размислиш да го користиш во мрежа дома (мислам дека WD имаа и такви серии, дали се викаа MyBook или така нешто, нешто како mini NAS-ови се, као демек
, за домашна употреба), а ако ти треба некаде да го носиш, тогаш да го земеш USB каблето
. Така, оптоварен ќе биде Micro USB 3.0 портот само кога ќе го носиш некаде, а не и кога ќе ти биде дома
. Освен тоа, не си врзан да ти биде поврзан за некое конкретно PC, туку како мрежен уред, секој во секое време ќе може да пристапи до него
. Е сега, недостаток е тоа што повеќето рутери кои се нудат кај нас се 100MBit-ни, не 1Gbit-ни (мегабитни, не гигабитни), така да, како додаток за ова, за да може да копира со брзина поголема од 10MB/s, ќе мора да си земеш и 1GBit switch (гигабитен свич), за да може на него да копираш со брзина од околу 100MB/s. Не мора рутерот да е гигабитен, доволно е и switch таков да имаш
. Координацијата на пакетите ќе може да ја поднесе и обичен мегабитен switch, тоа не е проблем (испробано
, а освен тоа, во домашни околини, за low budget изведби, ова е позната пракса
), само switching-от на пакетите ќе падне на товар на switch-от
.
a wd black што е? велад демек once y go black, y never go back (за хдд е зборот )
Тој термин од друго место потекнува (ај да не пишувам од каде
, можби некој и ќе претпостави
), ама луѓе кои користеле WD Black (WD fanboys
) често знаат ова да го пишат
.
Black се серверските серии и се „убер“ скапи. Да, подобри се во однос на Red сериите (што практично се Green со поголем head parking timeout, ништо повеќе), а во однос на Green класи подобри. Black се користат скоро исклучиво во сервери. Многу се скапи и тешко се наоѓаат кај нас, освен ако не нарачаш преку некоја фирма, а искрен да бидам, има производители кои прават скоро исто толку добри дискови за далеку помалку пари. На пример, на работа сме презадоволни од Toshiba дисковите, со години работат а никој од нив не паднал ниту пак има повеќе од 10, 15 bad sector-и за 3, 4 години работа (колку што работат). Притоа, ќе наведам дека работат нон-стоп, 24/7 во NAS кој континуирано се товари со мултимедијални материјали (значи големи фајлови, континуирано копирање од и на него, и дење и ноќе).