Author Topic: Избор на екстерен диск  (Read 15185 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #15 on 16.04.2019, Tuesday, 00:07:50 »
a wd black што е? велад демек once y go black, y never go back  :D (за хдд е зборот )

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #16 on 16.04.2019, Tuesday, 01:20:41 »
MicroUSB 2.0 и MicroUSB3.0  не се ист кај 3.0 конекторот е поголем и поиздржлив.

Знам дека не се исти ;). Верувај, секој ден на работа имаме проблеми со вакви Micro USB 3.0 порти. И не е до корисниците. И ние прво мислевме дека не се грижат добро за дисковите и ги каравме. Ама и на нас ни дадоа такви да користиме, за работа... јас мојот дома го чувам :P :D, на работа користам 3.5" WD 2TB диск со екстерно напојување, на USB 2.0 (постара серија) со директно врзан адаптер за него (без конектор) и со изваден Mini USB конектор т.е. директно врзано кабле (залемено, внатре) на самата плочка (кабел излегува директно од кутијата и на другиот крај е USB 2.0 A-Type)... колегава мака мачеше со оние со Micro USB 3.0 што ни ги дадоа ::)... де работи, де не работи, де ќе го прочита како 3.0, де како 2.0, де извади го, стави го пак, ај не фаќа, подизвади го малку конекторот, е сега па не врти ::)... абе да ти пукне жолчката. Као демек брзи биле, трансфер 300MB/s... мижи асан да ти баам ::). На каласичен диск, ма каков сака нека е, ако дигне повеќе од 110, 120MB/s, од кој мост сакате ќе се фрлам ;D, а кај маливе па, 2.5"... нема шанси повеќе од 70MB/s да крене 8). Имам пробувано со секакви дискови, верувајте барем на работа имам материјал за тестови и проби колку сакам ;). Со маливе најчесто крева до кај 50MB/s, повеќе од тоа најчесто не одат.

Да се навратам назад на приказната... на крајот излезе муабетот дека, ако треба иста работа да се заврши на повеќе компјутери истовремено, јас побрзо ја завршувам со 2TB-ниот USB 2.0 диск отколку колегава со 2.5"-ниот USB 3.0 диск ;D. Додека он се за*бава „работи, не работи“, кај мене веќе е при кај инсталацијата ;).

А околу тоа „ми паѓал и ништо не му е“... не би коментирал... ми се случувало несакајќи малку да ми падне од едната страна диск кога сум го ставал на маса (значи едната страна е поставена на масата, другиот крај не е) на не поголемо растојание од 1cm од масата (најчесто за да прелемам контакти), па тој диск веќе да не сака да работи. Ми се случило во трчање, да ми се лизне од рака, да летне низ половина просторија, да удри во ѕид и да падне на земја, па ништо да не му е. Сметам дека кај овие работи нема правило, т.е. кај класичниве дискови. Колку и каков тип на удар ќе истрпат, нема правило. Затоа, подобро бидете многу претпазливи откоколу да ризикувате да си ја чукате главата со мисли во стилот на „абе во џеб го носев ???, ни го удрив, ни го ѕвизнав, како се зезна ???“... се знае, екстерни дискови се носат во ранец, по можност во некое меко место (измеѓу некои другу работи ;)).

Кога патувате и имате потреба од бекап, а немате напојување, нема друг избор освен 2.5'' инчен. Поради ова ги гледам овие дискови, а се друго што пиша GigaWatt е во право. MicroUSB портите не се покажаа во најдобро светло.

Проблемот е што се уште немаме така мобилни 3.5" пошто во мојот случај мобилноста е пресудна.

Ништо, во тој случај ќе мора да си земеш 2.5" екстерен диск, ама со USB C-Type ;). Тоа е моја препорака ;).

А и не мора да ми веруваш на мене. Има online тестови на робустност и издржливост на Micro USB 3.0 и USB C-Type. Не ми текнува каде го гледав тестов, ќе да беше на YouTube, но муабетот беше вака. C-Type се клати у ПМ по не знам колку „стави-вади“ циклуси, ама работи ;). Micro USB 3.0 не се клати толку, ама не работи :-\.

Што мислите овој модел со usb3.0?
Code: [Select]
https://www.anhoch.com/product/14845/hdd-external-35-3tb-western-digital-elements-usb30

Мислам дека е добар избор во однос на цена/квалитет ;). Евентуално, ако гаранцијата не го забранува тоа, извади го дискот и игаси му head parking, бидејќи најчест проблем кај овие екстерниве дискови е токму тоа и зошто се зезнуваат по некое време :-\. Околу head parking, повеќе може да прочиташ во оваа тема ;).

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=12839.0
Е сега, уште подобро ќе беше ако беше на USB 3.0 B-Type, ама претпоставувам дека не е (дека е на Micro USB 3.0), така да... тоа е тоа :-\. На крајот на краиштата, биди претпазлив со конекторот при ставање и вадење од Micro USB 3.0 портот и не би требало да имаш проблеми подолг период, особено ако го користиш за домашна употреба ;).

Исто така, не е лошо да размислиш да го користиш во мрежа дома (мислам дека WD имаа и такви серии, дали се викаа MyBook или така нешто, нешто како mini NAS-ови се, као демек :P, за домашна употреба), а ако ти треба некаде да го носиш, тогаш да го земеш USB каблето ;). Така, оптоварен ќе биде Micro USB 3.0 портот само кога ќе го носиш некаде, а не и кога ќе ти биде дома ;). Освен тоа, не си врзан да ти биде поврзан за некое конкретно PC, туку како мрежен уред, секој во секое време ќе може да пристапи до него ;). Е сега, недостаток е тоа што повеќето рутери кои се нудат кај нас се 100MBit-ни, не 1Gbit-ни (мегабитни, не гигабитни), така да, како додаток за ова, за да може да копира со брзина поголема од 10MB/s, ќе мора да си земеш и 1GBit switch (гигабитен свич), за да може на него да копираш со брзина од околу 100MB/s. Не мора рутерот да е гигабитен, доволно е и switch таков да имаш ;). Координацијата на пакетите ќе може да ја поднесе и обичен мегабитен switch, тоа не е проблем (испробано 8), а освен тоа, во домашни околини, за low budget изведби, ова е позната пракса ;)), само switching-от на пакетите ќе падне на товар на switch-от ;).

a wd black што е? велад демек once y go black, y never go back  :D (за хдд е зборот )

Тој термин од друго место потекнува (ај да не пишувам од каде ;D, можби некој и ќе претпостави 8)), ама луѓе кои користеле WD Black (WD fanboys :P) често знаат ова да го пишат ;).

Black се серверските серии и се „убер“ скапи. Да, подобри се во однос на Red сериите (што практично се Green со поголем head parking timeout, ништо повеќе), а во однос на Green класи подобри. Black се користат скоро исклучиво во сервери. Многу се скапи и тешко се наоѓаат кај нас, освен ако не нарачаш преку некоја фирма, а искрен да бидам, има производители кои прават скоро исто толку добри дискови за далеку помалку пари. На пример, на работа сме презадоволни од Toshiba дисковите, со години работат а никој од нив не паднал ниту пак има повеќе од 10, 15 bad sector-и за 3, 4 години работа (колку што работат). Притоа, ќе наведам дека работат нон-стоп, 24/7 во NAS кој континуирано се товари со мултимедијални материјали (значи големи фајлови, континуирано копирање од и на него, и дење и ноќе).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #17 on 16.04.2019, Tuesday, 02:01:26 »
 Јас немам лошо искуство со MicroB USB 3.0 имам 3 надворешни дискови 2 се по 8TB и  дополнително напојување, еден преносен од 4TB до сега не сум имал никаков проблем со MicroB USB 3.0  конекторот а ги користам секојдневно посебно малтертиран е преносниот диск и секогаш ми ги има покажувано на компјутер како што треба без да треба да правам тури вади или нешто слично.
Карактеристики на дисковите според бојата кај WD.
Code: [Select]
https://community.wd.com/t/drive-colors/222303/2
Сепак се ВРТИ !!!

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #18 on 16.04.2019, Tuesday, 06:22:22 »
Добро утро на сите во темава.
Се изначитав многу корисни информации благодарение на GigaWatt, секако и останатите. ;)

Да не цитирам одделно пошто постот ќе излезе голем па ќе пишам во кратки црти.
Искрено малку паника ме фаќа после тоа „паркирање“ да земам екстерен. Останува да ја гледам MyBook серијата, за мене е доволно 4TB дискот:
Code: [Select]
https://www.wd.com/products/external-storage/my-book-new.html#WDBBGB0040HBK-NESN
Инаку колку што знам Green серијата повеќе не се произведува. Дали целосно е исфрлена од производство или е „претопена“ во Blue, тоа не знам.
Е сега ако може препорачајте било каков екстерен кај нас дури и да биде со напојување нема да пречи пошто и сопругата сугерира дека нема да и пречи да има напојување. Колку што можев да видам на лагер кај нас нема ништо така да MyBook не успеав да го најдам никаде... или слободно препорачајте некој друг. Не мора да е WD.

Ви благодарам уште еднаш на сите за учествотото во темава.  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #19 on 16.04.2019, Tuesday, 14:37:41 »
Јас немам лошо искуство со MicroB USB 3.0 имам 3 надворешни дискови 2 се по 8TB и  дополнително напојување, еден преносен од 4TB до сега не сум имал никаков проблем со MicroB USB 3.0  конекторот а ги користам секојдневно посебно малтертиран е преносниот диск и секогаш ми ги има покажувано на компјутер како што треба без да треба да правам тури вади или нешто слично.

Добро, не викам дека ќе нема и луѓе кои ќе имаат добро искуство со Micro USB 3.0, сигурно ќе има, но јас лично, а и од она што сум имал да видам до сега, особено со маливе 2.5", не можам да го кажам истото.

Искрено малку паника ме фаќа после тоа „паркирање“ да земам екстерен. Останува да ја гледам MyBook серијата, за мене е доволно 4TB дискот:
Code: [Select]
https://www.wd.com/products/external-storage/my-book-new.html#WDBBGB0040HBK-NESN

Ама сите го имаат тој проблем :-\. Не е до кутијата во која е дискот ставен, проблемот е во firmware-от на дискот. Сите WD дискови кои се во било каква кутија за екстерно користење го имаат тој проблем :-\. Па и да купиш Green серија сега, без кутија, без ништо во него, за интерно користење, во куќиште, пак ќе го имаш тој проблем ако не ја пуштиш WDIDLE алатката на дискот. Тоа по default го правиме на работа кога ќе треба да смениме WD диск некаде (има други алатки за други производители, и другите имаат воведено head parking timeout, но за среќа, не е толку „агресивен“ како овој на WD... 8 секунди ::)), но за разлика од овие што доаѓаат во кутии, кај овие за интерно монтирање тоа се прави прилично лесно. Проблемот е протоколот за комуникација. Не смее да биде преку "translation layer" (USB to SATA или нешто друго). Дискот мора директно да се врзе за SATA порт и згора на тоа, мора SATA контролерот да е поставен во IDE мод на работа, а не AHCI.

Затоа и пишав „ако не е проблем гаранцијата“... не знам колку овие смеат да се отвораат ???.

Можеби и не е лоша опција да си нарачаш само кутија со USB 3.0 и Ethernet приклучок, а од тука да си купиш само диск ;). Не знам дали се продаваат само такви Кутии кај Кинезиве ???. Или евентуално, само кутија од расипан MyBook (со зезнат диск, се разбира, се друго исправно), на старо (би требало на eBay да има), па да ја расклопиш и да си купиш диск од тука и да го монтираш внатре ;). И онака гаранцијата важи пред се за дискот внатре, електрониката (USB to SATA bridge + Ethernet интерфејс) ретко се расипува, а ти ќе си имаш гаранција за дискот што ќе го ставиш внатре, само што ќе можеш пред да го монитраш внатре, да му изгасиш head parking и ако (не дај боже) нешто му се случи на дискот во гарантен рок, ќе го извадиш од кутијата и ќе си го замениш во ганрантен рок ;).

И ова не е лоша опција ;). Јас барем лично, би гледал некако вака да изиграм, ако не можам да го извадам дискот од кутија додека MyBook е под гарантен рок.

Инаку колку што знам Green серијата повеќе не се произведува. Дали целосно е исфрлена од производство или е „претопена“ во Blue, тоа не знам.

Изгледа премногу RMAs имаа и на крај решија да прекинат да ги произведуваат. А освен тоа, online стекна многу лоша репутација во стилот на „само што го земав, се расипа“, па можеби и престанале да им ги купуваат и решиле да ја укинат линијата и да ја претопат (како што спомна) во Blue сериите. Не знам... тоа се веќе политики на повисоко ниво, а и немам купено некој WD диск во последниве две години за да знам. На работа имаме некои заостанати серии WD 2TB Green и нив уште ги трошиме, па затоа знам дека, кога беа купени, тоа им беше најголем проблем, head parking-от и затоа и пишав, пред монтажа, задолжително гаси тајмер ;).

Штета што немам screen shot од Victoria направено, да видите колку е голем Load/Unload Cycle Count (тоа е индикатор за тоа колку пати главите се паркирале и се отпаркирале) во SMART data на дискови со 8 секунди head parking timeout... за неколку месеци користење оди во црвено :-\. За среќа, на овој параметар во SMART му нема максимална вредност, т.е. има, но дури и ако ја пречекори, не јавува SMART status => BAD, туку само стои во црвено. Но сепак, толку голема вредност не е на арно :-\.

Порано, пред да се воведе овој модерниов power management и head parking кај дисковиве, Load/Unload Cycle Count беше идентичен со Power On/Off Count. И тоа е логично, главата се паркира кога се гаси дискот, се отпаркира кога се пушта дискот во работа. Ова е прв параметар по кој се гледа дали во firmware-от на дискот има имплементирано било каков power management. Ако Power On/Off Count е идентичен со Load/Unload Cycle Count, деактивиран е power management (или го нема имплементирано), односно кај WD дисковите, тоа значи дека нема head parking timeout. Кај Black сериите, ова е подесено по default (да немаат head parking timeout).

Е сега ако може препорачајте било каков екстерен кај нас дури и да биде со напојување нема да пречи пошто и сопругата сугерира дека нема да и пречи да има напојување. Колку што можев да видам на лагер кај нас нема ништо така да MyBook не успеав да го најдам никаде... или слободно препорачајте некој друг. Не мора да е WD.

Искрено, немам некое искуство со поновиве екстерни дискови :-\. Сум имал можност да расклопам два Verbatim USB 3.0 кутии и во нив имаше Toshiba дискови, на еден од нив му проверив и во која состоја се контактите од електрониката (од долната страна на електрониката), ме зачуди што, исто како и кај поскапите серии на Toshiba дискови кои ги нарачуваме на работа за NAS-ови, и кај овие контактите беа калаисани :). Тоа е секогаш добра опција ;). За разлика од нив, ниеден WD диск нема калаисани контакти :-\. Black сериите на WD користат некој поквалитетен материјал за контактите за главата и не оксидираат многу брзо, но за разлика од нив, сите останати серии им се тешки катастофи :-\. Контактите се оксидираат по една или две години користење. Исто така, и двата Toshiba дискови имаа изгасен power management (практично, тој е одговорен за head parking timeout... и за некои други power management функции, но пред се за head parking), што повторно ме изненади позитивно :). Можно е да е ова нормална пракса на Toshiba и да не прават разлика во firmware-от меѓу поскапите серверски серии на дискови и оние за домашна употреба... не знам, немам купено Toshiba диск од продавница.

Во секој случај, немаше никаков проблем со екстерните дискови кои ги отворив, барем не со самиот диск (скршени конектори имаа и двата), така да, податоците ги извадив без никаков проблем само со расклопување на кутијата и поставување на дискот на класичен SATA конектор ;).

Не знам дали уште носат Verbatim кутии кај нас (еден период ги имаше, сега... искрен да бидам, ги немам видено по продавнициве за компјутерски делови ???), но ако сеуште ги носат или ги начекаш некаде, вреди да прашаш дали знаат што дискови има внатре. Ако со сигурност знаат и ако се со Toshiba дискови, јас ваков би земал ;). Ако не знаат, може да го сликаш моделот и малку да „погуглаш“ според ознака на модел, сигурно ќе начекаш некои post-ови по форуми околу тоа што дискови имаат внатре (сигурно на некој му има паднато, па го има расклопувано, па и некоја слика има ставено ;)).

Знам дека многу опции пишав, но доколку би ми се брзало за набавка на екстерен диск, ова последно што го пишав, прво тоа би го проверил ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #20 on 16.04.2019, Tuesday, 15:52:52 (Edited 16.04.2019, Tuesday, 16:39:05) »
Земав диск WD My Book 6TB (модел: WDBBGB0060HBK) пошто немаше никаде од 4TB кај нас.
Од Нексио за 10.500 денари.

Овој дел од темата ме натера да ги погледнам MyBook и се надевам дека не згрешив.

Исто така, не е лошо да размислиш да го користиш во мрежа дома (мислам дека WD имаа и такви серии, дали се викаа MyBook или така нешто, нешто како mini NAS-ови се, као демек :P, за домашна употреба), а ако ти треба некаде да го носиш, тогаш да го земеш USB каблето ;). Така, оптоварен ќе биде Micro USB 3.0 портот само кога ќе го носиш некаде, а не и кога ќе ти биде дома ;). Освен тоа, не си врзан да ти биде поврзан за некое конкретно PC, туку како мрежен уред, секој во секое време ќе може да пристапи до него ;). Е сега, недостаток е тоа што повеќето рутери кои се нудат кај нас се 100MBit-ни, не 1Gbit-ни (мегабитни, не гигабитни), така да, како додаток за ова, за да може да копира со брзина поголема од 10MB/s, ќе мора да си земеш и 1GBit switch (гигабитен свич), за да може на него да копираш со брзина од околу 100MB/s. Не мора рутерот да е гигабитен, доволно е и switch таков да имаш ;). Координацијата на пакетите ќе може да ја поднесе и обичен мегабитен switch, тоа не е проблем (испробано 8), а освен тоа, во домашни околини, за low budget изведби, ова е позната пракса ;)), само switching-от на пакетите ќе падне на товар на switch-от ;).

Еве слики за почеток:

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #21 on 16.04.2019, Tuesday, 16:35:35 »
Ама па не гледам никаде мрежен приклучок ???.

Инаку брзината е одлична ;). Не очекував дека се волку брзи новиве дискови на WD ;). Изгледа со 128MB cache е дискот, затоа и може да ја постигне таа брзина 8). Инаку, на 5400 RPM, без многу cache нема шанси да постигне повеќе од 100, 110, 120MB/s.

Со среќа да си го користиш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #22 on 16.04.2019, Tuesday, 16:49:47 (Edited 16.04.2019, Tuesday, 18:17:38) »
Фала.  ;)

Моделот што е со мрежен приклучок е овој: WDBFBE0060JBK
Code: [Select]
https://www.wd.com/products/external-storage/my-book-duo.html

Кај нас го има во:
Code: [Select]
https://ddstore.mk/products/Western-Digital-My-Book™-WDBFBE0060JBK-EESN-2TB-USB-3.0-64-MB-3-5"-5.400-rpm/pid/931760

Искрено не ми се даваа толку пари. Можда понатаму ако се решам да го продадам овој, па после да земам таков што може да го ставам во мрежа.
И јас мислев да го користам во мрежа и така планирав ама цената беше превисока. :-\

едит: од друга страна повторно би требало да може да се уклучи на рутер.  ???

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #23 on 16.04.2019, Tuesday, 18:14:56 »
едит: од друга страна повторно би требало да може да се уклучи на рутер.  ???

Ако рутерот има USB порт, да, ама немам слушано баш најдобри критики за ваквите комбинации. На многу места имам читано дека брзината е далеку дури и од бризината на копирање на USB 2.0 (а колку што знам, повеќето рутери кои имаат USB порти, се USB 2.0)... но, никогаш не се знае, пробај ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #24 on 16.04.2019, Tuesday, 18:32:56 (Edited 16.04.2019, Tuesday, 23:18:16) »
Има една USB 2.0 (DC output: 5V/1A).

Сега го оставив да бекапира пошто морав да ослободам 1TB простор и не можев да чекам подолго.

btw идејата со комбинација да најдам кутија од MyBook половно и да земам нов 3.5'' диск можеби ќе ми се најде за уште еден екстерен диск на друга локација, така да ќе видам како ќе ми се одвиваат работите и можеби ќе имаме шанса да направиме таква комбинација.  ::) Башка за бекап, башка и мерак човек да истражува и направи нешто сам кога ќе се има време.  ;D Сега морав да исчистам нешто и не можев да чекам подолго. Можеби ова требаше да почнам да го планирам околу нова година, мој пропуст е тоа, ама сега бидна.  :-[ :-\

Е сега, дали да уклучувам некаков софтвер? Или прво да видам со гаранцијата да прашам дали може да го отворам или да терам вака?

едит:
Е сега, недостаток е тоа што повеќето рутери кои се нудат кај нас се 100MBit-ни, не 1Gbit-ни (мегабитни, не гигабитни), така да, како додаток за ова, за да може да копира со брзина поголема од 10MB/s, ќе мора да си земеш и 1GBit switch (гигабитен свич), за да може на него да копираш со брзина од околу 100MB/s. Не мора рутерот да е гигабитен, доволно е и switch таков да имаш ;). Координацијата на пакетите ќе може да ја поднесе и обичен мегабитен switch, тоа не е проблем (испробано 8), а освен тоа, во домашни околини, за low budget изведби, ова е позната пракса ;)), само switching-от на пакетите ќе падне на товар на switch-от ;).
Го поврзав дискот со рутерот и сега работи, но со мала брзина како што спомна. Сега препорачајте некој свич или да барам гигабитен рутер?  :)

пс - фала многу на советите пошто ми се од голема помош. Ми отворивте очи за работи кои не сум ги земал во предвид за различните порти и firmware-ите. Форумов е мнооогу богат со информации кои секако можат да се најдат на секого. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #25 on 16.04.2019, Tuesday, 23:12:43 »
Е сега, дали да уклучувам некаков софтвер? Или прво да видам со гаранцијата да прашам дали може да го отворам или да терам вака?

Јас би го оставил вака, ако гаранцијата не дозволува отворање на дискот. Или, евентуално би замолил, од каде и да сум го купил, дали може во нивниот овластен сервис да го направат тоа. Ако одобрат, ОК, ако не, тоа е тоа.

Види, кај екстерниве дискови, тоа и не е толку критично. Тоа беше проблем кој беше многу изразен кај интерните дискови бидејќи Windows знаеше, од некоја само за него позната причина, на секои 20 или 30 секунди да провери „алооо, тука ли си“... и тоа не да тропне, туку баш културно да ти влезе дома и да ти се раздере ;D. Кај екстерниве дискови тоа не би требало да го прави, а дури и ако го прави, не би требало да биде толку агресивно (можно е да провери еднаш на час или два, ама не и на секои 20, 30 секунди).

Освен тоа, ако планираш да го оставаш врзан за рутерот, тој си има Linux-че на него, не би требало да има никаков проблем ;). Ако треба нешто да ископираш на него, ќе си ископираш, ако има паркинг активен на 8 секунди, по 8 секунди ќе си се паркираат главите, по 20, 30 минути дискот ќе отиде во sleep и тоа е тоа ;).

А да, овие екстерниве на WD имаат и sleep функција, така да, не се чуди ако вчера нешто си ископирал на него, па денес пробуваш да отвориш некој фолдер и му требаат едно 10, 20 секудни да изреагира дискот ;).

Го поврзав дискот со рутерот и сега работи, но со мала брзина како што спомна. Сега препорачајте некој свич или да барам гигабитен рутер?  :)

Мммм... вака. Тоа важеше ако дискот е мрежно поврзан, а не и ако е поврзан за USB порт на рутерот. Има разлика.

Ако рутерот ти е мегабитен (100Mbit/s), тоа практично значи дека switch-от во него (практично рутер е уред со мал оперативен систем кој има две мрежни карти, една за влез, една за излез и потоа, тој излез, со помош на switch се дели од 1 на 4) е мегабитен, а ако треба цел проток од некој влез на рутерот (некој компјутер, лаптоп, било што) да помине низ switch-от, тоа практично значи дека максимална брзина кој ќе може да ја постигне е 10MB/s (100Mbit/s се од прилика толку).

За да евентуално кренеш брзина до кај 30MB/s (онолку колку што максимум дозволува USB 2.0, а и ова не знам дали ќе успее да го постигне бидејќи не зависи само од технички спецификации туку и од тоа како е изведен тој USB линк со малечкиот Linux кој го има во рутерот), за ваква комбинација, ќе треба и switch-от во рутерот да ти е гигабитен, т.е. да имаш гигабитен рутер.

Практично, ако земеш гигабитен switch и го врзеш за рутерот (притоа, рутерот е мегабитен), а на него врзеш, на пример, само два компјутери, меѓу тие два ќе може да копираш фајлови со брзина од 100MB/s ;).

Не знам дали сваќаш, треба директно (мрежно) да е поврзан истиот тој за гигабитен switch за да ја имаш таа предност, т.е. за да може да копираш со 100MB/s. Пракично, дури и ако го набавиш тоа нема да направи ниаква разлика во конкретната комбинација.

Е сега, ако на пример, истиот овој екстерен диск ти е врзан за компјутер на USB 3.0 порта и ако набавиш гигабитен switch и го врзеш овој компјутер за тој switch и потоа уште еден компјутер за истиот switch, под услов и двата компјутери да имаат гигабитни картици на нив, да, тогаш би требало да копираш со многу поголема брзина од 10MB/s. Најверојатно нема да постигне 100MB/s, ќе оди до кај 70, 80, 90, но сепак, и тоа не е лошо и е барем 7, 8 пати побрзо од 10MB/s ;). Од друга страна, немој да очекуваш повеќе од 10MB/s од лаптоп бидејќи тој ги праќа податоците до Wi-Fi-от, они поминуваат прво низ мегабитниот switch на рутерот, што е всушност „тесното грло“, па потоа одат до гигабитниот siwtch и до некој од двата компјутери... како што реков, решението со гигабитниот switch е добро, но не идеално. Идеално би било да имаш гигабитен рутер :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #26 on 17.04.2019, Wednesday, 00:01:44 »
Уште од старт со буџетот кој го планирав до 8.000, а премина во 10.500, мислам дека извадив максимум за тие пари. За подобро треба и поголем буџет. За домашна употреба едноставно не можев да дадам 19.000 денари пошто други опции кај нас не најдов. Мислев и надвор од земјава да гледам ама преносот во куфер со авион е малку дискутабилен пошто куферите ги фрлаат и кој знае дали ќе преживееше. Да беше за некоја фирма, ај дури нужно е да се земе некој што е поквалитетен ама за дома некако проценив дека е преголема цена и затоа го земав овој. Можам да го користам за бекап од време на време, а не нон-стоп да биде уклучен на рутер/компјутер. Еднаш месечно да префрлам податоци на него мислам дека би ми било доволно, за враќање назад од диск кон компјутер не знам точно би го користел (дали помалку или повеќе) пошто се зависи од ситуацијата.  ???

Ќе се јавам утре да ги прашам и ќе видам што ќе ми кажат за „паркирањето“.

Идеално би било да имаш гигабитен рутер :-\.
Теоретски треба да добијам поголема брзина со гигабитен рутер.
За свич сфаќам дека не е идеално решение, сепак и тој го земав во предвид. :-\

Најдобро е овој рутер да го продадам и да земам гигабитен.  ::)
Друга идеја немам.  :-\

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #27 on 17.04.2019, Wednesday, 02:46:00 »
Епа... домашниот есап не излегува на пазар :D.

Ако е за краткотрајна употреба (само кога правиш backup) и ако добро го чуваш, да, не би требало да имаш проблем ;).

Ќе се јавам утре да ги прашам и ќе видам што ќе ми кажат за „паркирањето“.

Не е лошо и линкови да им дадеш... колку што имам забележано, повеќево „технички лица“ се неинформирани за вакви работи и само ги отпишаа Green сериите како лоши серии. Искрен да бидам, сум имал маки да им го образложам проблемов на „експерти“ по нашиве компјутерски сервиси. Како што кажав, тие се практично Red со head parking подесен на 8 секунди, а кај Red е ставен или на 300 секунди (далеку поприфатлива вредност) или е изгасен.

Најдобро е овој рутер да го продадам и да земам гигабитен.  ::)
Друга идеја немам.  :-\

Па... ако планираш барем 2, 3 години да си користиш овој мини storage, да, јас така би играл ;). Со тоа што, сметај дека тие и не се баш евтини... не сум ги погледнал цени последниве година дена, ама пред околу година дена беа 3000, 4000 денари, тука некаде :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #28 on 17.04.2019, Wednesday, 11:26:03 »
Се јавив да ги прашам и рекоа дека не можат тоа да го направат бидејќи и тоа ги замолив, но и ако се решам да го модифицирам дека и гаранцијата нема да важи за понатаму.
Сепак од нивна страна се е фер и коректно и немам тука забелешки.

Како и да е, јас и така и така планирав да го користам од време на време, а не постојано (секојденовно) да правам бекапи. Прашање е дали еднаш во месецот ќе успеам да соберам толку фајлови што ќе треба да ги префрлам на екстерниот пошто ми е наменет за домашна употреба, а не нешто поврзано за работа. Поважниот дел ми е една библиотека која ја имам собирано подолго време и не сакав да ја избришам. Околу 500gb се собраа книги од мене и сопругата, а да ја чувам на лаптоп некако веќе ептен почна да зафаќа простор за нешто што исто така не се користи секојдневно.  ::)

Што се однесува до рутерот, пошто ќе го користам екстерниот периодично, евентуално не знам дали би можело да ми помогне Ethernet to MicroUSB адаптер, па наместо да ја користам USB2.0 портата на рутерот, да го уклучам екстерниот во LAN портата!?  :-\  Мислам дека оваа опција ако држи вода ќе ми биде побезбелно отколку да менувам рутер за бекапирање од време на време.  :-\

btw колку што можев да забележам преку решетката од кутијата, се гледа дека внатре е некој модел од Blue серијата.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #29 on 17.04.2019, Wednesday, 11:53:43 »
Што се однесува до рутерот, пошто ќе го користам екстерниот периодично, евентуално не знам дали би можело да ми помогне Ethernet to MicroUSB адаптер, па наместо да ја користам USB2.0 портата на рутерот, да го уклучам екстерниот во LAN портата!?  :-\  Мислам дека оваа опција ако држи вода ќе ми биде побезбелно отколку да менувам рутер за бекапирање од време на време.  :-\

Не знам точно на каков bridge мислиш ???. Имам гледано Ethernet to USB конвертори, ама ова се конветор чипови кои инсталираат виртуелен Ethernet порт (некој си generic, повеќето оперативни системи ги имаат интегрирано во нив драјверите), но ова не мислам дека ќе работи кај екстерен HDD бидејќи не користи оперативен систем, туку само SATA to USB 3.0 bridge чип. На пример, рутерите имаат SoC-ови на нив со ARM Cortex, RAM, ROM, итн. Овие bridge-овите се многу попрости, немаат скоро никаков микропроцесор, а и ако имаат, има точно определена функција, не се со универзална намена, како ARM-ите, Intel, AMD, итн.

Така да, не мислам дека ќе работи, дури и ако набавиш такво нешто... освен ако не пишува „работи со WD MyBook“, мада и тогаш би се посомневал бидејќи Кинезиве се ќе пишат за да направат продажба, но можеби би го купил, па ако не работи, враќај парите и готово ;).

btw колку што можев да забележам преку решетката од кутијата, се гледа дека внатре е некој модел од Blue серијата.

Blue-то, барем од моето искуство, се покажаа како доста постабилни во однос на Green-от, но имав прилика да анализирам Blue дискови набавени пред некои 2 години, практично сватив дека всушност Blue-то ги имаат направено како Green-от (тогаш не знаев дека ја имаат елиминирано Green серијата), т.е. и кај нив head parking timeout е подесен на 8 секунди :-\. Инаку, на постарите Blue, од пред 5, 6, 7 години, сосема им беше изгасен head parking timeout... затоа и тие серии до ден денеска работат без никаков проблем (имавме поголем број набавено од тие на работа, од вкупно 70 набавени дискови, само еден има откажано до сега ;), другите се во „пиц-пец“ состојба, ниеден bad sector немаат ;)).