Author Topic: Избор на екстерен диск  (Read 377 times)

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Low pressure
Избор на екстерен диск
« Opened on 15.04.2019, Monday, 00:35:58 »
Ве молам за ваш совет каков екстерен да земам.
Во игра се:

  • WD Elements SE 2TB - 79,99 € (2 год. гаранција)
  • WD My Passport 2TB - 89,99 € (3 год. гаранција)
  • LACIE PORSCHE DESIGN 2TB - 89,99 € (2 год. гаранција)

Фала.  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #1 on 15.04.2019, Monday, 01:30:27 »
Било што само да не е на Micro USB ::). Ќе ти се зезне конекторот со 20, 30 пати стави вади ::). Тој последниот изгледа како да е со USB C-Type. Ако е навистина така, тој би го земал ;). Ваљда не ставиле USB C-Type и на двата краја ;D. Ако на едниот крај е со класичен A-Type USB 3.0, тој би го земал.

Овие сите се мали, така? Мислам 2.5", не 3.5".
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #2 on 15.04.2019, Monday, 07:38:05 (Edited 15.04.2019, Monday, 18:57:43) »
Да, сите се 2,5'' дискови.

Последниот е C-type со тоа што даваат две кабелчиња. Едното за порта USB 3, а другото е за C-type.
LaCie имаат неколку маани. Изработката на кутијата која е остри работи и лежно може да се оштети. Векот на траење е помал во однос на Rugged верзијата. Сепак го земав него во предвид пошто другите што ги има на располагање од Seagate и  ADATA некако не ми се доверливи според искуствата на другите.  :-[

Бенефитот со C-type е ако на двете страни се користи истата порта. Ако на другата има USB 3, тогаш брзината ќе биде колку што може таа да поддржи. Сепак утре ако земам нов лаптоп и ако на него има C-type ќе имам шанса да ја користам. Мада за да земам нов, ќе треба да поминат барем 4-5 години пошто пред некој месец се подновив.

Некој вели дека дури бил и поспор. ;D ???



Спецификации:
Code: [Select]
https://www.lacie.com/gb/en/products/porsche-design/porsche-design-mobile-drive/#specs

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 640
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #3 on 15.04.2019, Monday, 10:51:44 »
Јас го имам овој и сум задоволен. Го купив од Anhoch.  ;D


Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #4 on 15.04.2019, Monday, 12:14:13 (Edited 15.04.2019, Monday, 19:01:14) »
Би можел да направиш еден тест  My Passport дискот со следнава програма?
Code: [Select]
https://osdn.net/projects/crystaldiskmark/downloads/68624/CrystalDiskMark6_0_2.exe/
Веќе имам еден WD Elements 1TB и ова се резултатите:



едит: морав да го едитирам постот пошто сум прикачил погрешна слика.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 640
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #5 on 15.04.2019, Monday, 12:24:21 (Edited 15.04.2019, Monday, 18:59:12) »
Еве ги резултатите:


Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #6 on 15.04.2019, Monday, 12:36:23 »
Фала за инфото.  ;)
Горе-доле тука се дисковите, со тоа што за MyPassport се добива 3 години гаранција.
На крајот ќе решавам помеѓу LaCie и MyPassport.  :D

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 362
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #7 on 15.04.2019, Monday, 14:10:34 »
Јас би го зел оној со 3 години гаранција.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3191
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #8 on 15.04.2019, Monday, 16:00:38 »
во зависност од намената можда и усб/микоросд би ти бркало работа, а се по издржливи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #9 on 15.04.2019, Monday, 16:54:15 »
Јас не би земал ништо што е со Micro USB... тоа е мој конечен став. Полош стандард за интерфејс од Micro USB не постоел во историјата на хардверските интерфејси... тешка катастрофа! Брзината, барем за мене, не е пресудна. Сеуште користам USB 2.0 есктерни 3.5" дискови, не ми пречи што се 2.0, и онака ми се за backup, ќе го пуштам ноќе и си тера до сабајле ;).

Генерално, освен на flash мемории, општо, не верувам на ништо што е USB 3.0. За жал, се почесто и почесто се користи кај многу уреди и кога тогаш, ќе мора да се префрлам на него. Инаку, само проблеми сум имал со USB 3.0... општо... од нечитање на дискови до „ај малку подизвади го за да го прочита“, до „драјверот јави blue screen“ (мислам под Windows 7, тој проблем барем е решен во 8.1 и 10 бидејќи Microsoft ја превземаа поддршката да ги одржуваат xHCI драјверите, барем Intel-овите, не знам за AMD-овите)... генерално, не би го препорачал за професионална употреба.

USB 2.0 беше робустен у ПМ во споредба со 3.0... мрдни малку, не работи, мрдни малку, губи конекција, паднало прашинка малку во конекторот, не работи ::). Глупости на квадрат ::). Од 3.0 уреди, користам само flash мемории, и тоа бидејќи нема flash мемории поголеми од 32GB, а да се на 2.0, само поради тоа.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 396
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #10 on 15.04.2019, Monday, 17:51:53 »
Јас имам наворешни харддискови  WD My Passport едниот е 8TB кој користи дополнително напојување и WD My Passport 4TB преносен и двата се на USB3 конекторот према компјутерот е USB А а према дискот е MiscroUSB 3 и немам никакви проблеми со нив.
Кога би купувал повторно надворешен диск  би купил WD My Passport.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #11 on 15.04.2019, Monday, 19:14:17 »
Да, си немал проблеми бидејќи тие не се напојуваат од USB 3.0 портите. Освен тоа, пробај траскај го насекаде, носи го секој ден (ова не е ни оддалеку толку ретка ситуација, не се за џабе транспортни), прави стави-вади на Micro USB конекторот 5 пати секој ден и да видиме дали по година или две нема да се расипа ::). Испробано, не измислувам. На крајот на краиштата, сигурно и сам би користел екстерен HDD со Micro USB 3.0 ако сум немал проблеми.

Ако го користиш само за домашни backup-и, да, не би ме чудело да се Micro USB портите сеуште во исправна состојба.

И уште едно прашање. Правите CRC check на фајловите по копирање? Јас го користам TeraCopy и можам само да кажам дека не ретко знаел да ми јави error-и три тест баш кај мали 2.5" дискови со Micro USB 3.0 порти на нив. Од друга страна, скоро никогаш не ми јавил error при копирање на екстерен диск со USB 2.0 B-Type или Mini USB.

Искрено, едниствен USB 3.0 стандард кој (барем лично за мене) би бил прифатлив за пренос на податоци со поголема брзина, би бил USB 3.0 B-Type. Значи, на една страна машки USB 3.0 B-Type, на другата страна машки USB 3.0 A-Type. Ако забележите, кај полупрофесионалните и професионалните уреди кои имаат USB 3.0 интефејс за врзување со компјтер, се користи само USB 3.0 B-Type, Micro USB ни на крај на памет не им текнува да стават. За жал, овие маливе екстерни дискови се многу мали за да може на нив да се намонтира USB 3.0 B-Type, така да, ситуацијата е „средно тужна“ од тој аспект.

И кога станува збор за мали 2.5" дискови, јас барем лично, не би ги користел за backup. За транспорт на податоци од едно до друго место, да, корисни се, ама за долготрајно чување (backup) на податоци... не.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3191
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #12 on 15.04.2019, Monday, 21:07:06 »
Па не кажа зашто ти се, а и не разбирам зошто хдд да ти е на микро усб ?

Offline pocttopus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Low pressure
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #13 on 15.04.2019, Monday, 21:14:08 (Edited 15.04.2019, Monday, 21:51:13) »
Проблемот со 2.5'' инчните дискови е едноставен и тоа е мобилноста.
Има многу подобра опција да се земе 3.5'' инчен диск кој е 4TB за некое евро повеќе, но пошто има потреба од напојување нема да можам да го уклучам на лаптоп во секое време.

Сите овие потреби сакале или не, се ставаат на „кантар“. Јас преферирам внатрешен диск за десктоп компјутер, но кога имате лаптоп тоа е невозможно.
Кога патувате и имате потреба од бекап, а немате напојување, нема друг избор освен 2.5'' инчен. Поради ова ги гледам овие дискови, а се друго што пиша GigaWatt е во право. MicroUSB портите не се покажаа во најдобро светло.

Проблемот е што се уште немаме така мобилни 3.5" пошто во мојот случај мобилноста е пресудна.


**освен ако сопругата не ме натера да земам 3.5'' пошто и нејзните податоци треба да ги чуваме на истиот диск.
ЕДИТ: од тоа што се плашев, тоа ќе мора да барам. Ситуацијата се менува пошто сопругата сугерира за 3.5'' и покрај моите убедувања тоа да биде 2.5''. Кабелчето за струја немало да и смета. Абе ако жена не ви го смени видикот, нема кој друг.  ;D

Што мислите овој модел со usb3.0?
Code: [Select]
https://www.anhoch.com/product/14845/hdd-external-35-3tb-western-digital-elements-usb30

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 396
  • Gender: Male
Re: Избор на екстерен диск
« Reply #14 on 15.04.2019, Monday, 21:54:45 »
Хардискот од 4TB кој го имам  е преносен и го користам за лаптопот скоро година ипол немам никаков проблем не еднаш има паднато ми има пагјано и додека работи шетајки го со лаптопот и немам никаков проблем.  MicroUSB 2.0 и MicroUSB3.0  не се ист кај 3.0 конекторот е поголем и поиздржлив.

Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=micro+usb+2.0+vs+3.0&client=opera&hs=rj&tbm=isch&source=iu&ictx=1&fir=9Iaeu7IzJIz9gM%253A%252Cf77iz0mt4co0FM%252C_&vet=1&usg=AI4_-kRtJYnJxio-MhbTA-MlE76FVbnB1g&sa=X&ved=2ahUKEwiF9rL779LhAhVvxKYKHcyABHwQ9QEwDHoECAkQCA#imgrc=9Iaeu7IzJIz9gM:
Сепак се ВРТИ !!!