Да, си немал проблеми бидејќи тие не се напојуваат од USB 3.0 портите. Освен тоа, пробај траскај го насекаде, носи го секој ден (ова не е ни оддалеку толку ретка ситуација, не се за џабе транспортни), прави стави-вади на Micro USB конекторот 5 пати секој ден и да видиме дали по година или две нема да се расипа
. Испробано, не измислувам. На крајот на краиштата, сигурно и сам би користел екстерен HDD со Micro USB 3.0 ако сум немал проблеми.
Ако го користиш само за домашни backup-и, да, не би ме чудело да се Micro USB портите сеуште во исправна состојба.
И уште едно прашање. Правите CRC check на фајловите по копирање? Јас го користам TeraCopy и можам само да кажам дека не ретко знаел да ми јави error-и три тест баш кај мали 2.5" дискови со Micro USB 3.0 порти на нив. Од друга страна, скоро никогаш не ми јавил error при копирање на екстерен диск со USB 2.0 B-Type или Mini USB.
Искрено, едниствен USB 3.0 стандард кој (барем лично за мене) би бил прифатлив за пренос на податоци со поголема брзина, би бил USB 3.0 B-Type. Значи, на една страна машки USB 3.0 B-Type, на другата страна машки USB 3.0 A-Type. Ако забележите, кај полупрофесионалните и професионалните уреди кои имаат USB 3.0 интефејс за врзување со компјтер, се користи само USB 3.0 B-Type, Micro USB ни на крај на памет не им текнува да стават. За жал, овие маливе екстерни дискови се многу мали за да може на нив да се намонтира USB 3.0 B-Type, така да, ситуацијата е „средно тужна“ од тој аспект.
И кога станува збор за мали 2.5" дискови, јас барем лично, не би ги користел за backup. За транспорт на податоци од едно до друго место, да, корисни се, ама за долготрајно чување (backup) на податоци... не.