Author Topic: Проблем со телефон Blackview S8  (Read 143 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Проблем со телефон Blackview S8
« Opened on 13.04.2019, Saturday, 22:01:34 (Edited 14.04.2019, Sunday, 15:04:17) »
Проблем со Телефон Blackview s8
Поздрав дечки,
Пред една недела, ми стигна една плочка со конектор, за полнење...
Ја кладов плочката го склопив телефонот „Blackview s8“ ...го закачив да се полни, светна сијаличката дека се полни..
Го оставив повеќе време така на полнач, ми падна сумливо тоа што не се уклучи после 10/15 мин, ај реков нека стои подолго време дека не е полнет, повеќе од 4 месеци, арно ама, едно време се исклучи и сијаличката што покажува дека се полни, сеа коа ке го одкачам конекторот и пак ке го закачам, така една мили секунда, светнува сијаличето, и тоа многу слабо скоро и да не се познава..
Чаре?! иначе има телефонот батерија Литиум Полимерска ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #1 on 13.04.2019, Saturday, 23:30:28 »
А да пробаш да го пуштиш на копче ;D. Колку што знам сами не се пуштаат во работа, ако се смарт ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #2 on 14.04.2019, Sunday, 15:15:17 »
Немав толку време, вчера да образложам..
Вака значи,
Еве денеска пробувам, мерам батеријата е негде околу, 3,56 волти, го закачувам пак на полнач, зедов и ново кабле, ке светни сијаличето, и по 1 минутка нецела се гаси!
Го отворив телефонот, пак го закачив на полнач, и случајно додека мерев напон, сондите ми се допреа, т.е краток спој, и гледам светна одма сијаличката, што покажува дека се полни батеријата, и така светеше, подолго време пак се изгасна.. ја извадов батеријата, и пробав неколку пати, со поголема волтажа, од 13волти, да ја ставам батеријата по околу 10тина секунди....
Ја вратив сеа назат батеријата, ги поврзав флетовите, и еве покажува сеа дека полни :/ само не знам до кога, а нели има некоја заштита внатре или незнам што... но и тоа дека нели ако е ниска волтажата на батеријата, нема да се уклучи телефонот...
На батеријата пишува дека е 3,8V  ама реално би требало да е кај 4,2 :/ п.с ако сеа не крени батеријата сеа пак на фин начин, има некое трикче за да се освежи да се сецни, да крени ?! :/

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #3 on 14.04.2019, Sunday, 16:07:55 »
Ај вака... батеријата би требало да има некој систем за да се „најави“ на телефонот (порано беше многу просто, со отпорничиња, сега имаат цели интегрирани кола). Дознај кои водови од тоа flat кабелче со кое батеријата се врзува со телефонот се + и - од батеријата. Откачи ги нив и на нивно место врзи една исправна 18650. Стави го телефонот да се полни и види дали напонот ќе се крене до кај 4.1, 4.2V. Ако се крене напонот до таа вредност и престане телефонот да ја полни батеријата, види дали ќе се пушти со таа батерија. Ако се пушти, проблемот е батеријата :-\. Изгледа отишла додека си ја чекал плочката да стигне :-\.

И да, има заштита за да на се испразни батеријата премногу, но заштитата е само за оперативниот систем, т.е. да се изгаси телефонот ако батеријата е премногу празна. Таа пак мора да го тера часовникот и календарот :-\... и тоа ќе ја изпразни до крај ако телефонот не се полни неколку месеци :-\. Затоа и се препорачува батериите да се вадат од телефоните ако не се користат... кога можеа да се вадат ::), сега ретко на кој телефон се вади ::).

Тоа што пишува на батеријата е ирелевантно, секако ги дефинираат, и како 3.7, 3.8, 4.1, 4.2V. За Li-Ion и Li-Po се знае: минималниот напон до кој батеријата може да се испразни и сеуште да биде исправна е 3.7V (3.6V, зависи од тоа каде читаш), максималниот напон до кој батеријата може да се наполни е 4.2V.

Околу освежување на батеријата... batka има пишано некој начин, ама немам пробано.

Да дополнам со мое искуство - ако имате постари Li Jon батерии,а не се полнети подолго време, пред полнењето направете мал трик- ставете ги во најлонче, добро запечатете ги , да не може влага да навлезе и оставете ги една ноќ во фризз  ( во длабокото!). Батеријата ќе биде како нова! сепак , ова не важи ако батеријата е веќе добро оштетена.

Вреди да се проба ;)... под услов проблемот да е батеријата. Провери со 18650, како што ти пишав, ако работи така, може да пробаш да ја освежиш батеријата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #4 on 14.04.2019, Sunday, 16:47:11 »
Ке пробам се, п.с имав порано направено еден полнач, од старо телефонче, мислам дека ти ја имаше пласирано идеата :)
Зедов, батеријата, ја закачив сеа на тој полнач со 2 жички :) гледам скокна напонот на батеријата до 3,77в, па ке ја оставам уште едно половина час, до час... се надевам дека ке крени.
А ако не крени, се наоѓа овде кај нас само Литиум Полимерска батерија? без колото што е на батеријата?! :/

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #5 on 14.04.2019, Sunday, 23:48:25 »
Не мора да е Li-Po, може и Li-Ion да е ;). Li-Po само поголем капацитет имаат за иста големина на пакување ;).

А за батерија... од некој друг телефон... друга опција, јас барем не знам :-\. На интернет сигурно ќе најдеш, дури и оригинал за тој телефон, но кај нас... освен ако немаш некој во Anhoch, тешко :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #6 on 15.04.2019, Monday, 13:01:24 »
Ја полнев, едно 7/8 часа вчера.
крена до 4,15в, ама не уклучи пак :) ке му се пробам денес да видам дали би дошла до максималните, 4,35в..
П,с коа стегам на дугменцето, забележувам дека трга(паѓа) од батеријата еден/два миливиолти.. коа ке го пуштам копчето се враќа пак на 4,15в :/

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 362
  • Gender: Male
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #7 on 15.04.2019, Monday, 14:11:36 »
Повеќе од 4,2v не би требало да оди полнењето.

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #8 on 15.04.2019, Monday, 15:08:31 »
Повеќе од 4,2v не би требало да оди полнењето.
Дојде, до 4,5волти негде, ама сепак не сака пак да уклучи.. веројатно има некој проблем..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со телефон Blackview S8
« Reply #9 on 15.04.2019, Monday, 19:17:00 »
Да, најверојатно има некој друг проблем. Ако не се подига и на толку полна батерија, не ќе да е до батеријата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."