Author Topic: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика  (Read 5883 times)

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Opened on 20.03.2019, Wednesday, 23:13:47 (Edited 22.03.2019, Friday, 08:44:10) »
Имам проблем со еден телевизор кој сакам да пробам да го направам, кој дава тон но нема слика т.е. нема осветлување.
Сакав да му сменам диоди, но пред да почнам ми текна да го проверам напонот на заднинското осветлување и видов дека е околу 53V,  но многу брзо опаѓа за 10тина секунди падне на 30тина V. Заклучив дека проблемот е во напојувањето така да воопшто не го растурав целиот ТВ. Во некои од вашите теми прочитав дека има 4 кондезатори електролити кои се за заднинското напојување (темата беше за друг вид на шасија) и мислам дека е до нив, но сепак оставам на вас да ми дадете совет. Од админот добив информација дека било битно ознаката на панелот па вооедно да прашам каде да ја најдам таа ознака за да ја објавам. Инаку ТВ е во државна сопственост така да ако е скапа оправката,  да прекинам бидејќи на моја воља го правам.

Инаку да кажам дека јас сум нов на форумот, денес се регистрирав и веднаш ми се бендиса, што ќе има каде да добијам некоја информација за електрониката која е обожавам.
Голем поздрав до админите и модераторите на форумот се надевам на соработка и трпение од нивна страна, бидејќи јас се чуствувам аматер во оваа област и има некои термини кои прв пат ги слушам и можеби ќе поставувам невообичајни прашања за вашата терминологија која за мене е помалку позната

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Додека е 53в свети ? Струја премери ?

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Quote
Додека е 53в свети ? Струја премери ? 
Не свети, како го ставеш мерниот инструмент одбројува како секундарник т.е опаѓа напонот

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ај некоја слика од main board и power board, а пожелно е и слика од ознаките на LCD панелот ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
...Сакав да му сменам диоди.
Да, тоа е многу веројатно.
Quote
...Заклучив дека проблемот е во напојувањето...
Многу многу мала веројатност.
Quote
...било битно ознаката на панелот па вооедно да прашам каде да ја најдам таа ознака за да ја објавам...
Кога ќе го симнеш задниот капак на “тепсијата“ има лепенка.

Примери.

Quote
...трпение од нивна страна, бидејќи јас се чуствувам аматер во оваа област...
Трпението не е проблем, проблем е твоето чувство и не само тоа.
Поправка на заднинско осветлување не е  така лесно за оние кои немаат доволно практика во таа област.
Јас лично би ти препорачал (ако веќе сакаш да си “играш“ ) да бидеш многу внимателен и трпелив со ум и без брзање.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Reply #5 on 21.03.2019, Thursday, 17:37:23 (Edited 21.03.2019, Thursday, 23:47:17) »
Конечно слободно време, еве некоја слика од ТВ
учам полека но сигурно  ;D (да ги заменам овие 4 кодезатори дали ќе има ефект)

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Изгледа утнав и со ставањето на сликите  :-\  :'(

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Се е ОК, средив работа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Потруди се да направиш квалитетни слики (оние погоре се доста лоши) со поголема резолуција и стави ги на надворешнa  веб-страница и за истите посочи кодиран линк  овде!
Панел (матрица екран дисплеј... кој како милува но најчесто ТВ сервисерите го именуваат како панел).
Кај тебе ознаката е CN32HA861 за која нема доволно податоци за да се претпостави поточно колку ленти или траки имa внатре со по колку диоди и со кој напон се диодите поединечно!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Reply #9 on 21.03.2019, Thursday, 20:58:56 (Edited 22.03.2019, Friday, 08:31:42) »
еве нешто поквалитени слики
електролити: 2х 100мF 63V и 2x330mF 35V

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Не си го губи времето со кондензаторите.
Слика нема од заднинското осветлување (backlight) .
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Reply #11 on 22.03.2019, Friday, 08:22:47 (Edited 22.03.2019, Friday, 08:39:08) »
Потруди се да направиш квалитетни слики (оние погоре се доста лоши) со поголема резолуција...

Кај овие конкретно, не беше резолуцијата проблем, имаат голема резолуција, но има две причини зошто се такви. Прво, се гледа дека „раката се тресела“ на кој и да е кој сликал :P. Ова нема да биде проблем ако има доволно добро осветлување. Очигледно немало. Второ, нивото на компресија е преголемо (20% :-\). Слика со JPEG компресија ќе изгледа ОК со ниво до кај 50% (звиси од сликата, што има на неа, но тука некаде би бил апсолутниот минимум), но не и 20%. Тоа е веќе премалку :-\. Лично јас, не ги ставам JPEG сликите со компресија поголема од 70%, а најчесто ги компресирам на 80%. Ретко, во некои случаи знам да ги ставам на 60%, но тоа се многу ретки случаи, кога се гледа дека оригиналот бил рекомпресиран (симнат, преправен, cropped, додавано нешто, вадено нешто, итн.) „100“ пати, така да, генерално, не прави некоја многу голема разлика дали е компресирана на 60, 70, 80, 90% итн.

Многу софтвери нудат опција за преглед на оригиналот и компресираната верзија ставени една до друга. Пробај со различни нивоа на компресија, ќе ја видиш разликата ;). Ако не е очигледна, подеси да не ги прикажува зумирани, туку одзумирај, сигурно ќе ја забележиш разликата.

На пример, еве слика која имала 80% компресија (левата слика), а сакам да ја зачувам со 20% компресија.

Забележи ја и разликата во големината. Знам дека не изгледа премногу голема (393KB, околу 3 пати), но забележи ја разликата меѓу 95% и 80% ;).

Разлика во квалитет: незабележителна за голо око. Разлика во големина: 349KB. Не е 3 пати помала, но заштедата во големина е значителна ;).

Слична е и ситуација (во однос на квалитетот на сликата) со 95% и 70%.

Разлика во квалитет нешто позабележителна во однос на сликата со 80% компресија, но разликата во големината е уште позначителна, 516KB. Добиваме нешто повеќе од дупло помала слика со скоро незначителна промена во квалитетот на сликата ;).

Јас за преглед, брза обработка (crop, доцртај нешто, пиши нешто, итн.) го користам FastStone Image Viewer, но одличен е и IrfanView за оваа намена ;).

Да се вратам назад на темата.

Не си го губи времето со кондензаторите.

Toma е најверојатно во право. Најверојатно не се проблем кондензаторите. Најверојатно проблематични се некои (некоја) LED диоди во заднинското осветлување. Која... треба да се расклопи панелот за да може да се испита.

EDIT: Service manual од шасијата (main board). Иако, во конкретниот случај, најверојатно нема да врши работа многу, но сепак, еве линк.

Code: [Select]
https://elektrotanya.com/china_chassis_tp.sis231.pt85_p85_lcd-tv_sm.pdf/download.html
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Reply #12 on 22.03.2019, Friday, 10:01:47 (Edited 22.03.2019, Friday, 10:56:50) »
Quote
Toma е најверојатно во право. Најверојатно не се проблем кондензаторите. Најверојатно проблематични се некои (некоја) LED диоди во заднинското осветлување. Која... треба да се расклопи панелот за да може да се испита.

Денеска после работа ќе го растурам, мене ме бунеше тоа што на конекторот каде што дава напон кон кабелот за заднинското осветлување се јавува губење на напонот и кога кабелот е откачен, значи дека напонот нема додир со диодите а волтажата опаѓа затоа помислив на електролитите

Offline zlochko.d5

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: ТВ Superior Technology ST-32SLH4000 шасија TP.SIS231.PT851 има тон нема слика
« Reply #13 on 22.03.2019, Friday, 19:06:18 (Edited 22.03.2019, Friday, 23:06:00) »
Како што ветив до сега го разглобував целиот и дојдов до LED траките, кои се две траки со по 10 диоди. На двете траки има по една диода изгорена од кои на едната беше дури и стопена пластиката, што би значело и целосно не работење на заднинското осветлување. Диодите како што успеав да ги измерамсе со големина околу 3мм во форма на квадрат.
Би сакал да прашам каде можам да набавам тој тип на диоди или можам да ставам други и таа горната пластика што е над диодата ми треба една бидејки е стопена и потемнета?
Во прилог ви постирам неколку слики се надевам дека ќе ги прифатете без критика, бидејки се сликани со мобилен и не сум професионален фотограв.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Би сакал да прашам каде можам да набавам тој тип на диоди или можам да ставам други и таа горната пластика што е над диодата ми треба една бидејки е стопена и потемнета?

Цела тема отворив за тоа :P :D.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=14435.0
Повеќето од „поуларните“ модели ги има во продавниците за компоненти.

Пластиката е дифузерот (поточно, дел од системот за дифузирање на светлината). Таква иста, освен од друг телевизор... не верувам дека ќе најдеш.

Искрен да бидам, не сум ни прашал до сега, така да, можно е да ги имаат и нив низ продавнициве... кој знае ???. Идентична, тешко дека ќе имаат на лагер, ама некоја слична... што знам, има шанси ;).

Во прилог ви постирам неколку слики се надевам дека ќе ги прифатете без критика, бидејки се сликани со мобилен и не сум професионален фотограв.

Никој од нас не е ;). Сме учеле со „пробај - згреши“ ;).

Чисто добронамерни совети беа тоа ;).