Author Topic: Монтажа на MT561-B V2.1 и LCD LG LM185WH1-TLA1 18.5" (нема слика)  (Read 558 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Натаму би ги додал керамичките кондензатори од 100pF по идеја на GigaWatt.

@GigaWatt
Пластични 100nF вероватно се во некоја SMD варијанта која што е ептен минијатура и не можам да ги видам. :)

За овие четири места на контролерот зборуваш, практично во паралела на истите лемни точки од електролитските кондензатори?

Да, паралелно на четирите електролитски кондензатори додади четири (по еден на секој) керамички кондензатори од 100pF ;). Тие се за брза реакција, за елиминација на високофреквентен EMI.

На еден монитор ми се има случено да има слични симптоми како твојот. Сам од себе се ресетира, само што тој на определени временски интервали (кај тебе е random, што повеќе наведува на тоа дека е најверојатно некоја заштита, но без разлика, не е лошо и ова да се проба). Буквално по неколку пати во секунда се пушташе и гасеше сам од себе. Се изгледаше ОК, напојувачка секција, неонки, ги проверив со тестер, си светеа без проблем... на крајот илзезе дека поради лоша филтрација на EMI на еден од напојувачките rail-ови на CPU board, на reset пинот на микроконтролерот доаѓа еден краткотраен позитивен импулс (мислам дека за да не биде во reset позиција, требаше да се донесе ниско логичко ниво... така некако ќе да беше) кој цело време го ресетира процесорот и никако да се запали мониторот. Стави 100nF и 100pF на сите електролити на CPU board, пуф, си запали :).

Да бидам искрен, немаше да откријам што е проблемот без осцилоскоп. Според мене, вакви „дубиозни“ проблеми без осцилоскоп, тешко се решаваат :-\.

Електролитските кондензатори се троми, не реагираат брзо на високофреквентни шумови. Затоа во паралела се додаваат пластични и керамички. Пластичните треба брзо да изреагираат на електромагнетен шум кој е во „средно браново подрачје на шумови“ (не знам како на друг начин да се изразам, а да не биде едноставно :P). За разлика од нив, електролитските се троми и реагираат само на нискофреквентни (условно кажано) шумови. Керамичките реагираат на оние ептен високофреквентни шумови ;). Разликите во начинот на изработка на секој од нив им ги сумира нивните предности и недостатоци ;). Како што викаат, за секоја работа си има адекватен алат ;).

Разгледај ја и оваа тема и кој проблем го имав со втората преправка ;).

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=14330.0
Како што реков, и да не е тоа проблемот, не е на одмет да стојат ;).

А електролитите од 100uF, слободно може да ги замениш со 470uF/16V. Јас не би ги ни мерел, само би ги сменил. А дури и ако ги мериш, ќе видиш дека на крајот ќе излезе дека некои од нив се 80uF, некои се 90... попуштени се малку 100%, не може да е работен толку време, а да не попуштат ;). Пожелно е заменските да ги најдеш од некоја матична плоча, бидејќи тие најчесто се прилично квалитетни и се наменети да работат на високи температури (практично, самата матична плоча е ладилно тело за сите MOSFET-и кои се користат за напојување на процесорот, така да, производителите не си дозволуваат да ставаат било што на матичната плоча ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 362
  • Gender: Male
Re: Монтажа на MT561-B V2.1 и LCD LG LM185WH1-TLA1 18.5" (нема слика)
« Reply #31 on 08.03.2019, Friday, 01:52:35 (Edited 08.03.2019, Friday, 01:56:54) »
ОК,
ќе ги направам овие преправки и ќе тестирам во наредните денови.

Во мојот случај е малку незгодно што ова рестартирање не го прави секогаш, понекогаш знае и со денови и недели да работи беспрекорно добро, но кога ќе почне да рестартира тогаш е невозможно да се седи пред него и едноставно го исклучувам од струја и го тргам на страна.
btw 100pF носи ознака 101 (гуглав но јас пак да си прашам) :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11386
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во мојот случај е малку незгодно што ова рестартирање не го прави секогаш, понекогаш знае и со денови и недели да работи беспрекорно добро, но кога ќе почне да рестартира тогаш е невозможно да се седи пред него и едноставно го исклучувам од струја и го тргам на страна.

Хммм... како што пишав, дубиозен проблем... без осцилосклоп, што точно е проблемот, тешко се открива. Можно е и да е комбинација на две, три работи.

Ако немаш осцилосклоп, ништо, се оди на процес на елминација. Пробуваш едно, пробуваш друго, трето... кај ќе „упали“, тоа е решението ;).

Исто така не е лошо да провериш дали ова почесто се случува при брзи движечки слики... има на YouTube некои „психоделични“ видеа :P, сум пробувал со нив да видам дали проблемот е до CPU board или T-Con. Повеќе се товарат и двата ако треба да прикажат „300 милијарди различни бои“ во секунда. Притоа, важно е сигналот кон CPU board да се носи преку аналоген влез (кај монитори VGA, кај телевизори, пожелно е VGA, ако има, ако не, и AV ќе заврши работа) за да може процесорот да го обработува аналогниот сигнал и да го преведува во дигитални сигнали кои преку LVDS одат кон T-Con. Т-Con-от ќе се оптовари без разлика дали е сигналот аналоген или дигитален ако треба „300 милијарди пати“ во секунда да смени боја на сите пиксели на дисплејот, така да, за него не е критичен типот на конекција, но за процесорот е. Затоа, за товар на двата, VGA и нешто што ако го гледаш повеќе од секунда или две, почнува да ти се лоши ;D... и пожелно е да е на 60 FPS, за да може што е можно повеќе пати во секунда да има промени. Ако е со 30 или 25 FPS, практично CPU и T-Con менуваат пиксел на секој втор frame, а не на секој frame бидејќи повеќето LCD монитори работат со refresh rate од 60 FPS ;).

btw 100pF носи ознака 101 (гуглав но јас пак да си прашам) :)

Да, првите две цифри се за „големината“ (10, 22, 33, 47...) а третата е за бројот на нули по таа вредност и на крај, на тоа додаваш pF ;). Значи, 101 би било 10 + една нула потоа + pF на крај, значи 100pF ;).

Некогаш знаат да ги изразат и во nF, ама тоа најчесто го прават на високонапонските (оние сините што ги има во примар на SMPS напојувачки секции). Значи, може да пишат 0.1 или 0.22 ::)... е ако е керамички и видиш 0.1 на него, не може да е 0.1pF или 0.22pF, не прават толку ниски вредности, значи би требало да е 100pF или 220pF ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 362
  • Gender: Male
Фала :)
Ќе јавам за неколку дена кој ќе биде резултатот. :)