Author Topic: Туториал: Поправка на автомобилски тастер за подигање на стакла  (Read 437 times)

Offline wildmkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Work Smart, Not Hard
Имав проблем со тастерот за отварање/затварање на прозор (некогаш функционираше -едвај стискајки го со сета сила, на крај потполно откажа).

Се одлучив самиот да го поправам, бидејќи се работи за доста ретка кола и не можев да најдам соодветен од некоја растурена кола или пак нов.

Доколку имате ваков проблем решението е едноставно и целосно успешно.

Се што ви е потребно е секако барем основно познавање на електроника и секако работа со леткум. Потребен ви е леткум (по можност леткум станица со подесување на температура), секако калај, вакум пумпичка, мал прав штрафцигер, пожелна е пинцета и шмиргла (мокра).

Извадете го проблематичниот тастер од тастатура (конектор од инсталација и пластики во кола) и дома на работа (целиот процес трае околу половина час).



Внимателно одлемете ги пиновите од плочката (употребувајки леткум и вакум пумпа) и извадете ја за да го ослободите тастерот за понатамошно расклопување.





Откако плочката е на страна со прав штрафцигер внимателно откачете ги пластичните жлебови и отворете го тастерот.





Можете да приметите бакарни полуги со контактни папучи. Се работи за четри контакти од лево и четри од десно (спуштање, подигање).



Внимателно повлечете ја полугата кон вас со тоа што ќе ја ослободите за да можете да пристапите до сите контакти.



Можете да приметите дека е настаната оксидација на бакарните контакти која што е и причината за лош контакт.

Употребете мокра шмиргла и изшмирглајте ги овие контакти се додека не добиете чиста основа.





Вратете ги полугите на место и склопете го тастерот. Останува уште само да се залеми плочката. Поставете ја во правилна позиција и проверете дали е убаво легната на пластиката.



Залемете и тоа е се.



Се надевам дека со споделувањето на моето искуство ќе помогнам на некого.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2844
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Интересно... ;) Од што кола е ова?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Mkdsime

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 81
Секоја чест, а и подобро си направил и да најдеш нови не се од ист квалитет како оригиналот.

Offline wildmkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Work Smart, Not Hard

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
На сличен (ист) начин си го дотерав преклопникот за уклучи-исклучи светла кај Opel Astra G.
Главниот преклопник не сакаше од првата позиција за позициони светла да уклучува на втората позиција каде што се палат средните светла.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одлично туториалче ;). Малку го сменив post-от, името на темата и секцијата во која се наоѓа, се надевам не се лутиш ;).

EDIT: И добредојде ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline wildmkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Work Smart, Not Hard
Одлично туториалче ;). Малку го сменив post-от, името на темата и секцијата во која се наоѓа, се надевам не се лутиш ;).

EDIT: И добредојде ;).

Секако дека не се лутам, сега е на право место (искрено не знаев за оваа секција, инаку тука ќе постирав  :) ). Фала и можам да кажам дека форумов е одличен!

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Дали имаше потреба да го тргаш отпорникот 391, или инцидентно го разлеми.




Offline wildmkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Work Smart, Not Hard
Инцидентно го разлемив  :) Инаку диодата на плоча не светеше претходно, најдов прекин на водот кој води од диода према минус, го средив со калајче и сега е ОК