Чудно ми е што секогаш кога ќе се деси пола саат останува блокиран, после тоа ќе проработи, секој пат исто...
Ај пробај смени си ги DNS-ите со овие.
https://www.opendns.com/setupguide/
208.67.222.222
208.67.220.220
Ова можеш во рутерот да го смениш
.
Па, отприлика така е, може неколку дена да е се ОК, после тоа неколку пати по ред да зеза. Иначе, не можам баш точно да одредам кога почна, ама тој период е отприлика кога се селеше форумот.
Можно е да поврзано со DNS-ите на твојот провајдер, ама тие изгледа и претходно зезале и нивниот проблем најверојатно не е поврзан со проблемот со Google DNS-ите. Бидејќи кај мене (а колку разбрав, и кај останатите членови), да, имаше мали проблеми со load-ање само што се префрливме на elektronika.mk, ама тоа е нормално и треба да се очекува, сепак, се активираше нов domain и се закупи нов сервер. По неколку недели, кога сите DNS-и (на глобално ниво) се синхронизираа, немаше проблем
... барем јас таква информација имам... се до некаде по нова година кога почнаа овие проблеми
.
Од tech support ми пратија и CPU/RAM usage graphs... не е оптоварен серверот... мислам оптоварен е, сепак е shared (немаме dedicated, користиме shared), ама далеку од плафониран.
Кај мене се исти симптомите како што се опишани во првиот пост на GigaWatt, не сум приметил дали е тоа секој ден или е тоа рандом.
Мислам дека да, цело време е истата приказна последниве две недели. Првиот load е спор, потоа е се ОК.
Видете, да беше проблем до серверот, ќе јавуваше неверојатно високи load times... значи нешто не може да обработи како што треба, преоптоварен е, итн. Load time е прилично ниско, што значи дека серверот си има ресурси на располагање и дека не е преоптоварен. Еве, моменталниот load time е 0.086 (86ms) (тоа може да го најдете на самото дно на форумот "Page created in X.XX seconds with YY queries"). Тоа е далеку од високо. На пример, за споредба, load time од околу секунда, две или три, значи дека да, серверот е преоптоварен и дека не може на време да го обработи query-то. Но, ситуацијата не е таква. Се јавува пропагација меѓу моментот кога некој ќе ја побара страницата (форумот) и кога DNS-от всушност ќе го сервира („аха, значи бараш elektronika.mk, ОК... барам, барам, барам... барам, барам, барам... а да, еве ја, на оваа IP е“), во овој дел се јавува проблемот.