Author Topic: Проблеми со отворање (loading) на форумот  (Read 5322 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сигурно сте забележале дека во последно време, форумот има проблеми со отворање (loading на страната). По анализа, консултации и разменување на мислења со колеги и познаници кои се по активни во web development, IT, итн., најверојатно станува збор за DNS проблем кој воопшто и не е поврзан со форумот. Имено, ова не се случува само со форумов туку и со други страници. Пред се зависи од тоа дали DNS-ите на hosting компанијата која го host-ира сајтот, зависи од Google DNS-ите или не (да, иако најчесто ISP-ињата и hosting компаниите имаат нивни DNS-и, тоа се најчесто forwarders, само препраќаат до некој друг DNS  не чуваат DNS records кај нив... можно е да имаат cache, ама освен тоа, друго не чуваат). Можно е ситуацијата да е слична и на страната на вашиот ISP (најмногу или целосно да зависи од Google DNS-ите), така да, дали од една или од друга странат, во 90% од случаите, сакале или нејќеле, во ланецот на побарување на определена адреса, некаде сигурно стои некој Google DNS ::).

Како и да е, очигледно DNS-ите на Google имаат некој проблем последниве неколку недели. Што е точно проблемот, никој не знае, но се манифестира преку споро отворање на некои страна. Притоа, ако се погледна load times на форумот во ситуација кога споро го овора и кога брзо го отвора, може да се забележи дека load times се скоро идентични и во двата случаи, т.е. во случајот кога споро се load-а форумот, load time на скриптата е ист како и при нормално (не-споро) отворање на сајтот. Во превод, некој DNS некаде не си ја врши работата како што треба (заглавува).

Значи, проблемот не е до серверот (ако не се смета зависноста од Google DNS-ите... што практично и не може да се каже дека е проблем во денешно време, скоро сите зависиме на еден или друг начин од некоја услуга на Google), туку е од страната на Google. Верувам дека ќе го средат проблемот, но не можам да гарантирам.

Во секој случај, проблемот се јавува само при првото отворање на страната или ако не сте ја освежиле или отвориле некој линк од форумот барем 15 минути. Ако континуирано отворате линкови од теми и post-ови на форумот, нема проблем, форумот си ги load-а страните без никаков проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Кај мене го отвара секогаш од прва, но понекогаш кога ќе кликнам негде, без разлика дали е тема, пост или пораките, се закочува, врти цело време на празно и на крај дава грешка. Кога ќе се случи ова, околу пола саат после воопшто не го ни отвара форумот, па кога ќе помине некое време пак си работи се нормално. Ова може да се случи и неколку пати дневно, а може и неколку дена да е се ОК... Иначе почна откако го преселивме форумот... ???
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не верувам дека е баш буквално откако го преселивме форумот. Додека се „стабилизира“ новиот domain (додека сите DNS-и го индексираат), можеби, ама не и потоа. Имаше период кога се беше ОК, барем од моја страна. Некаде по нова година почнаа проблемите со отворање на форумот... барем од кај мене.

Сигурен си дека имаше проблеми цело време откако е преселен форумот на новиот hosting?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Па, отприлика така е, може неколку дена да е се ОК, после тоа неколку пати по ред да зеза. Иначе, не можам баш точно да одредам кога почна, ама тој период е отприлика кога се селеше форумот.
Чудно ми е што секогаш кога ќе се деси пола саат останува блокиран, после тоа ќе проработи, секој пат исто...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Кај мене се исти симптомите како што се опишани во првиот пост на GigaWatt, не сум приметил дали е тоа секој ден или е тоа рандом.
Се надевам дека ќе се реши проблемот во догледно време.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Чудно ми е што секогаш кога ќе се деси пола саат останува блокиран, после тоа ќе проработи, секој пат исто...

Ај пробај смени си ги DNS-ите со овие.

Code: [Select]
https://www.opendns.com/setupguide/
Code: [Select]
208.67.222.222
208.67.220.220

Ова можеш во рутерот да го смениш ;).

Па, отприлика така е, може неколку дена да е се ОК, после тоа неколку пати по ред да зеза. Иначе, не можам баш точно да одредам кога почна, ама тој период е отприлика кога се селеше форумот.

Можно е да поврзано со DNS-ите на твојот провајдер, ама тие изгледа и претходно зезале и нивниот проблем најверојатно не е поврзан со проблемот со Google DNS-ите. Бидејќи кај мене (а колку разбрав, и кај останатите членови), да, имаше мали проблеми со load-ање само што се префрливме на elektronika.mk, ама тоа е нормално и треба да се очекува, сепак, се активираше нов domain и се закупи нов сервер. По неколку недели, кога сите DNS-и (на глобално ниво) се синхронизираа, немаше проблем ;)... барем јас таква информација имам... се до некаде по нова година кога почнаа овие проблеми :-\.

Од tech support ми пратија и CPU/RAM usage graphs... не е оптоварен серверот... мислам оптоварен е, сепак е shared (немаме dedicated, користиме shared), ама далеку од плафониран.

Кај мене се исти симптомите како што се опишани во првиот пост на GigaWatt, не сум приметил дали е тоа секој ден или е тоа рандом.

Мислам дека да, цело време е истата приказна последниве две недели. Првиот load е спор, потоа е се ОК.

Видете, да беше проблем до серверот, ќе јавуваше неверојатно високи load times... значи нешто не може да обработи како што треба, преоптоварен е, итн. Load time е прилично ниско, што значи дека серверот си има ресурси на располагање и дека не е преоптоварен. Еве, моменталниот load time е 0.086 (86ms) (тоа може да го најдете на самото дно на форумот "Page created in X.XX seconds with YY queries"). Тоа е далеку од високо. На пример, за споредба, load time од околу секунда, две или три, значи дека да, серверот е преоптоварен и дека не може на време да го обработи query-то. Но, ситуацијата не е таква. Се јавува пропагација меѓу моментот кога некој ќе ја побара страницата (форумот) и кога DNS-от всушност ќе го сервира („аха, значи бараш elektronika.mk, ОК... барам, барам, барам... барам, барам, барам... а да, еве ја, на оваа IP е“), во овој дел се јавува проблемот.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Може и ове DNS-и!

208.67.222.220
208.67.220.222



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да де, веќе ги пишав, тие се на OpenDNS DNS-ите ;).

Ги користам веќе некое време на неколку различни места, а и на работа. Супер се ;).

EDIT: Моја грешка, сега видов, и овие се на OpenDNS, ама други адреси се ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
За малку ќе те уловев дека не читаш ама си се едитирал. :) ј/к
Да, исто се на OpenDNS.
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/OpenDNS
За жал јас на мојот рутер од VIP (некоја бедна Tenda чинам дека е 303 модел) нема опција дa сетирам други DNS адреси и не можам да ги проверам овие како функционират.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Може да ги додадеш под Windows како статични DNS-и, тогаш би требало нив да ги користи ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
На линукс сум (убунту). :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е, па таму е уште полесно ;). Зависи од desktop environment, но полесно е ;).

Знаев и преку терминал... ова беше кога на работа пробувавме да префрлиме дел од машините на Linux... фијаско ::)... затоа и не помнам веќе, но би требало со малку пребарување да успееш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Проблеми со отворање (loading) на форумот
« Reply #12 on 19.02.2019, Tuesday, 00:28:13 (Edited 19.02.2019, Tuesday, 17:49:18) »
Ќе прочитам малку како да вметнам во линукс DNS и ќе јавам.

edit:

@GigaWatt

Ги додадов DNS-ите од OpenDNS во линуксот (најдов како), ситуацијата останува непроменета, првото подигање на форумот доста бавен а потоа нормално си ги отвара разните теми.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Види дали може да го подесиш некако да ги ротира DNS-ите. Најверојатно прво ги зема default-ните, па ако тие не вратат ништо, оди на наредните. Може да се подеси да ги ротира, да не биде секогаш првиот на листа прв, туку random да побарува... ама, на памет, не ми текнува како се подесуваше :P :D.

Само за споредба, вакви подесувања не можеш ни под разно да најдеш под Windows ::). Да не правам муабет за агрегација на линкови... посебен софтвер треба само за тоа, а под Linux, пуф, самиот кернел го поддржува тоа 8).

Пробај на адресава што ќе ти извади за DNS-ите кои ги користиш ;). Сметај дека ако имаш барем еден од ISP-то, сигурно ќе препрати и до некој друг, трет, итн., што ќе го зголеми бројот на резултати, така да, не е баш точен, ама би требало во листата да ги јави и оние кои рачно ги имаш ставено ;).

Code: [Select]
https://ipleak.net/
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Не можам баш да се снајдам на иплеак (не знам дали е паметно да ставам овде принтскрин од резултатот), инаку ги ставив сега dns-ите на гугл па да видеме до утре дали истото ќе го има.