Author Topic: Компјутерско напојување како полнач за акумулатор  (Read 14993 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со 4 контакти трафото е, се мислам дека беа по 6В ги врзав сите 3 контакти заедно, ми излегоа, 16,5/6В сеа дава, околу 13В и бучи :D така да или во канта, или еве ако му треба на некој, би му го дал.

Нешто си врзал противфазно или намотките немаат иста излезна моќност па си краткоспоил некоја намотка оптоварувајќи го трафото.

Канта... освен ако не сакаш да го премотуваш :P :D.

Јас сум скептик дека би можело да биде припомош за верглање.

Скептик е оптимистичен термин за ова.

Нема да работи, ќе го изгориш напојувањето, 100%. Треба да може да даде барем 100А во многу краток временски интервал... SMPS-ите за компјутер не се наменети за такви работи... а и кај нив има многу строга регулација на излезен напон. Прво треба да го модифицираш да не ја „почитува“ толку заштитата (т.е. да му дозволиш да варира напонот за волт, два, а не како што е изведено стандардно кај нив, да не може да варира повеќе од 0.5V), па тек потоа да го преправаш со додавање на Шотки во паралела за да крепи до кај 100A. Прв проблем се Шотките, тие се осетливи на струјни и напонски шокови... потоа и се останато.

Не 50, 200-300, но затоа има струјна заштита...

Не, повеќето имаат само напонска. Напонот не смее да падне и да се зголеми над определени граници. Тоа е дел од колото за feedback. Само некои серверски напојувања имаат и струјна заштита, ама нивната изведба за feedback е толку комплицирана, што практично не се исплати да ги модифицираш.

Провери што гори кај SMPS напојувања изгорени поради претоварување. Во 90% од случаите, ќе наидеш на краткоспоени Шотки - доказ дека кај петпарачните ATX-ови нема струјна заштита на секундар. Смени ги Шотките, во 60, 70% од случаите напојувањето си проработува ;). Само ставаат многу моќни шотки, ама и тие си имаат лимит :-\... ако не пазиш, ќе ги изгориш :P.

Совет за MKD-Boy ако веќе се нафаќа да преправа: Прво додади Шотки во секундар во паралела, потоа пробувај што и да пробуваш.

Нема ни да дозволи да го креснеш, одма ќе реагира заштитата.

Да, но бидејќи нема да може да го држи напонот фиксен на толку голема потрошувачка, не бидејќи има струјна заштита. Модфицирај ја напонската заштита и додади Шотки на излез за да може да ја поднесе таа јачина на струја, ќе може краткотрајно да даде 100, 150A. Ама, без тие модификации, да, веднаш ќе изреагира заштитата и ќе се изгаси напојувањето :-\.

Немојте да мислите дека моќните отпорници на излез од rail-овите се за следење на излезната струја. Нема везе, тие се само за мал товар, за да не „шантра“ излезниот напон ако нема товар т.е. за да не прави „пали-гаси“ (да реагира заштитата без потреба), друга намена немаат.

И исходот е, поради поголемата ампеража, акомулаторот се наполна за 2 ипол часа (10 тина) пати заверглав не падна.. значи исправен е, иако сумљав дека е нешто зае*ан, и го изгоре трафото.. меѓу другото, го свртев на максимум потенциометарчето добив максимални 24в на излез, со каснење од некоја секунда.. (некое чаре? за да нема каснење ?)

Континуирано го качуваше или наеднаш рипна кога доцнеше?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Поентата е да помага во верглање, а да верглаш само на напајањето. Ударната струја ја крепи акумулаторот. Стујната регулација ти е уствари детекција на пад на напон и кога ќе дојде до некое ниво се намалува и напонот па така инстујата по омов закон и  ема да има гајле напојувањето. Е сега да, ќе треба постабилни диоди, тие фабричките се ептен кнап, а и моќта е разделена на 3-4 излезни напони, овде сета моќ ти е концентрирана на еден излез и во 20 секунди. Секако напојувањето не може да работи во тој режим постојано, но на ослабнат акумулатор ќе му се добредојдени тие 50 ампери. Или на пример се брзаш, го освежува акумулаторот 10 минути, па поснажно напојување ти дава надеж да заверглаш и да запали.....
За споредба колку малку се 50А, кај дизелите само греачите трошат толку, но кога е слаб акумулаторот ќе му дојдат како кец на десетка. Е сега точно дека со швајцапарат може и така на суво ( без акумулатор) да завергла, но и така има напајања мое мислење е дека вреди да се проба. Па сега ако прегори, на бувљак е 50 денари :)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
GigaWatt наеднаш го завртив, и доцнеше, некоја секунда.. пробав пример и со ДЦ моторче.. не ги зголемуваше рамномерно обртаите, со дрвижењето на потенциометарот.. Пример го вртиш од 0 до максимум, касни моторчето едно добри 5 секунди. што не е исто кај исправљачот што го имам, кај него пример каснењето е 1 секунда, поточно покренувањето на моторчето.

инаку bicikle утре баш ке пробам, нешто да дочачкам, и ке го закачам дирек на клеми :D ако изгори имам уште 29 напојувања хехе.

Ионака сум на заслужен одмор, дур не го лапнам пак тендерчето за осветлување :D па ке се навратам во слободново време од 10/15 дена, на чачкање електроника :D одамна сум немал баш време за чачкања.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
"29 напојувања " woooow хаха машала
Му ја стави струјната заштита? Мада чим си мерел струја во краток спој, би требало да е ставена.
Дека спомна имаш време...
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t446664-100-SMPS-za-pojacaloод aca.jevtic94 имаш многу напојувања, јадра имаш... уживај :)
п.с. види да не има на пин 1 и маса некој кондензатор...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Поентата е да помага во верглање, а да верглаш само на напајањето. Ударната струја ја крепи акумулаторот.

Да, ама не можеш секогаш да бидеш сигурен од каде колку ќе повлече... т.е. колку е полн акумулаторот.

Стујната регулација ти е уствари детекција на пад на напон и кога ќе дојде до некое ниво се намалува и напонот па така инстујата по омов закон и  ема да има гајле напојувањето.

Не важат линеарни закони, како Омов закон, кај SMPS напојувања... барем не при пресметка на излезна моќност. Не можеш да се водиш по Омов закон кај нив, работат во нелинеарен режим.

GigaWatt наеднаш го завртив, и доцнеше, некоја секунда.. пробав пример и со ДЦ моторче.. не ги зголемуваше рамномерно обртаите, со дрвижењето на потенциометарот.. Пример го вртиш од 0 до максимум, касни моторчето едно добри 5 секунди. што не е исто кај исправљачот што го имам, кај него пример каснењето е 1 секунда, поточно покренувањето на моторчето.

Можно е да се полнат/празнат електролити... не може со сигурност да се каже, треба да се мери.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
не морад е омов закон, бирно напојувањто ти оддржава струја, нема да надмине одредена граница, чим на hard short не прегорува, не е битно што ќе повлече струја... Крај краева од 29 напајања и да оди едно фира... :) Ама ако се покаже дека е добро ... :D вреди ризикот .

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа јас не знаев дека има 29 на лагер кога го пишував post-от :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
И да нема, кај ѓупцине(циганине) е 50 че... Јака работа и да прегори. Него ете како се однесува на краток спој, 10A 24V (толку е максимумот). Го пробав и 10-тина секунди, грее ама нема гајле. Е сега не знам како ќе се понаша со индуктивен отпор.
Благодарност до ЛордЗи за Волтметарот.
Ако му се плетка некому горно лимче нема да е на одмет, да го затворам.
Code: [Select]
https://vimeo.com/317169913П.с. не е на јутубе, нема  нерви акаунт да им правам, уште број на долен веш не побара...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако му се плетка некому горно лимче нема да е на одмет, да го затворам.

Јас имам фазла, ќе ти дадам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Пиши пп кога ќе си слободен, може и кафе да утепаме