Author Topic: Правилна побуда на SCR  (Read 849 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Правилна побуда на SCR
« Opened on 04.02.2019, Monday, 21:05:46 (Edited 05.02.2019, Tuesday, 13:57:13) »
Еве ме и мене пак со нови прашања...  ;D
Не сум сигурен дали е оваа точната тема, ама ми звучеше најдобро.
Имам повеќе SKKT56/12D 50A 1200V тиристорски модули.
Многу се спори, а бидеќи сакам да изведам високофреквентен инвертор, одлучив дека може да се изведе нешто како ТТ, се полни кондензатор, и со помош на снажен прекинувач (во овој случај SCR со антипаралелна диода) се поврзува со индуктивитет кога се постигне некое зададено напонско ниво врз кондензаторот, и се предизвикува осцилација додека кондензаторот не се испразни.

Да не забегувам многу, дали мислите дека е соодветно да имам 5В изолирано напојување само за побудата, преку оптика. како би изгледало соодветно коло за побуда на SCR што би било имуно на (сметњи) пречки? Овој конкретен модул има вградено 16 оми отпорност од гејт во катода, па мислам дека не е многу захтевно, но бидеќи досега имам работено само мосфети и биполарни транзистори, се чуствувам несигурно во оваа област.
Исто така, никаде не можам да најдам, нели уствари SCR е Шоклиева диода со плус една електрода? Дали може да се побудува на ист начин, т.е. дали имате негде сретнато, вклучување со зголемување на dV/dt над дозволеното, со брза струјна заштита за да не се пречекори струјниот лимит на уредот?
Или вклучување со позитивен пренапон анода-катода? Тогаш би можел да работи самостојно како еден вид напонски активиран прекинувач.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #1 on 05.02.2019, Tuesday, 01:12:23 »
како би изгледало соодветно коло за побуда на SCR што би било имуно на сметњи?

Да има доста ground plane :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #2 on 05.02.2019, Tuesday, 17:50:34 »
Моожеби малку, ама само малку се занесов...  ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #3 on 05.02.2019, Tuesday, 23:31:24 »
Не сватив ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #4 on 08.02.2019, Friday, 19:36:00 »
Си го прочитав првиот пост повторно и заприметив дека само нафрлав поими без да ги објаснам како што ми идеа идеи во моментот...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #5 on 08.02.2019, Friday, 23:21:37 »
Е да, малку е хаос :D.

Го корегираше? Да препрочитувам или ??? :)?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #6 on 13.02.2019, Wednesday, 22:22:08 »
Не, секако гледам дека нема одговори....  :-\
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #7 on 14.02.2019, Thursday, 01:26:10 »
Дента кога го прочитав бев уморен, потоа нешто друго работев и пак не можев (реално... не сакав :P :D) да се прешалтам со паметот тука.

Да не забегувам многу, дали мислите дека е соодветно да имам 5В изолирано напојување само за побудата, преку оптика.

Ако планираш да побудуваш со микроконтролер не би рекол дека е премногу. Ако планираш да побудуваш со некое друго интегрирано коло... зависи од колото. На пример 555 е прилично издржливо на варијации во напон, така да, не би сметал дека е апсолутно неоподно да ставиш оптокаплер за изолација од високонапонскиот дел. За микроконтролер, да, би се сложил дека е неопходно.

Се разбира, важна е и намената и условите во кои ќе се користи тоа коло. Ако е за индурстриска намена или во екстремни услови (надвор, дожд, снег, ветар), да, дефинитивно е неопходно користењето на оптичка изолација на високонапонскиот дел од нисконапонскиот, без разлика каков тип на коло се користи за контрола. Освен тоа, кога станува збор за вакви типови на дизајни (наменети за екстремни услови на работа или индустриска употреба), пожелно е, каде може, да се избегнуваат SMPS напојувањата или напојувања изведени директно на мрежен напон (без галванска изолација). Тоа значи дека, во случај да користиш микроконтролер, обично трансформаторче, грец, кондензаторчиња и стабилизаторче 7805 е сосема солидно решение за напојување на колото за контрола. Од друга страна, SMPS напојување не би го издвоил како солидно решение... пред се поради фактот што самото напојување, иако помало по големина, има повеќе електронски компоненти во него отколку класично напојување, а освен тоа, во однос на долговечност, се има покажано дека SMPS напојувањата се далеку пократковечни во однос на класичните напојувања. SMPS се користи само каде што мора и во домашни уреди. Исто така, во уреди за индустриска употреба и/или екстремни услови на работа, не треба да се разгледува ни под разно директно напојување од градската мрежа (оние напојувањана решени со пластичен кондензатор, диодичка, електролитче и една зенерка... како што ги правеа за домашние изведби за LED осветлување или некое слично уредче кое не влече многу струја). Тоа може, ама само ако е за дома и ако не работи постојано. За континуирана работа... ни под разно!

како би изгледало соодветно коло за побуда на SCR што би било имуно на (сметњи) пречки?

Од страната на контролата... па и не мора да има, и онака е галвански одвоена од високонапонскиот дел преку оптокаплер. Од високонапонската страна... мислам дека доволно би било да додадеш EMI филтер помеѓу анодата и катодата на SCR-ите (или анода 1 и анода 2... заборавив дали беа триаци или тиристори :P :D).

Овој конкретен модул има вградено 16 оми отпорност од гејт во катода, па мислам дека не е многу захтевно, но бидеќи досега имам работено само мосфети и биполарни транзистори, се чуствувам несигурно во оваа област.

Не би знаел да кажам што точно функција има тој отпорник меѓу гејт и катода... не сум многу навлезен во висконапонска електроника и контроли.

Исто така, никаде не можам да најдам, нели уствари SCR е Шоклиева диода со плус една електрода? Дали може да се побудува на ист начин, т.е. дали имате негде сретнато, вклучување со зголемување на dV/dt над дозволеното, со брза струјна заштита за да не се пречекори струјниот лимит на уредот?

Подобро да пишеш што точно сакаш да направиш бидејќи вака муабетот е „абе ова вака треба да биде, ама не е, е сега зошто онаквото со она таквото не сака да работи со оваквото“ ::). Добар почеток би бил, како сакаш да го побудуваш SCR-от. Знаеш дека е всушност струјно контролиран елемент, како и биполарниот транзистор, така?

И јас колку што знам SCR е диода со контрола... не ми текнува точно каква беше, треба да се потсетам (Шоклиева ???... или јас сум заборавил, или мислиш на Шотки ???), но важно е дека е диода со контрола. Не мора многу да навлегуваш во принципот на работа, освен ако не планираш да ги изработуваш ;). Доволно е само да ја видиш распределбата на полупроводничките слоеви во субстратот... а и тоа не е потребно за практично користење на SCR, туку ајде, да не речеш дека викам да не читате :P :D.

Или вклучување со позитивен пренапон анода-катода? Тогаш би можел да работи самостојно како еден вид напонски активиран прекинувач.

Не разбирам што сакаш да кажеш со ова... можеби сакаш да направиш напонска контрола ???.

Види, генерално, скоро секогаш кога станува збор за контрола, размислуваме од аспект на напон (полесно ни е), така да, само на крајот вршиме „конверзија“ на колото од напонска контрола во струјна (практично, само се става еден отпорник и, тадаааа, струјна контрола ::)).

Малку ги преедноставив работите, но генерално, така е. Секоја идеја за контрола почнува со „овој напон оди нагоре, ова оди надолу“ ::)... така сме навикнати да размислуваме, преку напон. Затоа и аналогните кола со биполарни транзистори се тешки за опис. Еквивалентирај со струјни генератори, па ова па она ::)... „више дара него масло“ ;). Кај MOSFET, се е многу просто... особено ако станува збор за контрола. Дури и не мора да има никакви дополнителни компоненти, освен buffer отпорници... а и тие се поставуваат само за „изолација“ на колото за контрола од колото за прекинување ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #8 on 24.02.2019, Sunday, 16:06:51 (Edited 24.02.2019, Sunday, 16:37:32) »
Не бев со време доволно за да напишам добар одговор, па затоа доцнам.

Најпаметно ми е со некое 2-3 вати трафо мислам...
Пишува вака:
IH  Tvj=25°C typ./max.    150/250    mA
IL Tvj=25°C; Rg=33Ohm typ./max. 300/600 mA

Не знам кое од овие е за што, а не се поклопуваат вредностите никако. Страв ми е да не го оптоварам. Иако SCR имам слушано дека се многу отпорни на злоупотреба...

Quote
Не би знаел да кажам што точно функција има тој отпорник меѓу гејт и катода... не сум многу навлезен во висконапонска електроника и контроли.
Гејтот бил премногу осетлив и на најмали струи и шумови, па ова е за да се намали осетливоста.

Quote
Подобро да пишеш што точно сакаш да направиш бидејќи вака муабетот е „абе ова вака треба да биде, ама не е, е сега зошто онаквото со она таквото не сака да работи со оваквото“ ::). Добар почеток би бил, како сакаш да го побудуваш SCR-от. Знаеш дека е всушност струјно контролиран елемент, како и биполарниот транзистор, така?
Сакам да експериментирам со изведба на инвертер, кој теоретски со многу спори компоненти може да даде висока фреквенција. Тиристорот би го менувал поврзувањето на кондензатор, во едната позиција би го полнел од напојување, а во другата би го врзувал во резонантно коло каде што кондензаторот би ја исфрлил целата енергија и процесот би се повторил. Со два кондензатори и два тиристори, додека еден кондензатор би се полнел, другиот би резонирал и обратно, па би имале релативно константна излезна моќ. Ама прво ми треба нешто што знам дека правилно ќе го вклучува за да можам да експериментирам.
Quote
И јас колку што знам SCR е диода со контрола... не ми текнува точно каква беше, треба да се потсетам (Шоклиева ???... или јас сум заборавил, или мислиш на Шотки ???), но важно е дека е диода со контрола. Не мора многу да навлегуваш во принципот на работа, освен ако не планираш да ги изработуваш ;). Доволно е само да ја видиш распределбата на полупроводничките слоеви во субстратот... а и тоа не е потребно за практично користење на SCR, туку ајде, да не речеш дека викам да не читате :P :D.
Shockley diode- a diode consisting of four alternating layers of semiconductor material (PNPN)
Се вклучува самата кога напонот преку неа е доволно голем.
Кога откриле дека ако низ последниот PN спој пуштиш струја, таа се вклучува на било кој напон, го откриле тиристорот.
Во овој случај, доколку би избрал соодветни тиристори, теоретски не би ми требало кочо кое кога ќе детектира одреден напон ќе ми го актовора тиристорот, што автоматски ја олеснува работата многукратно.
Не мислев на напонска контрола, туку на ова.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #9 on 24.02.2019, Sunday, 21:58:35 »
Сакам да експериментирам со изведба на инвертер, кој теоретски со многу спори компоненти може да даде висока фреквенција. Тиристорот би го менувал поврзувањето на кондензатор, во едната позиција би го полнел од напојување, а во другата би го врзувал во резонантно коло каде што кондензаторот би ја исфрлил целата енергија и процесот би се повторил. Со два кондензатори и два тиристори, додека еден кондензатор би се полнел, другиот би резонирал и обратно, па би имале релативно константна излезна моќ. Ама прво ми треба нешто што знам дека правилно ќе го вклучува за да можам да експериментирам.

Јас би пробал прво со оптокаплер... она што го имам на располагање. Ако го имаш тоа трафо на располагање, пробај со со него, ама оптокаплерите се евтини и може да се најдат скоро секаде ;). А и врз база на едно мое истражување во оваа тема, излезе дека оптокаплерите не се ни оддалеку толку осетливи како компоненти ;).

Во овој случај, доколку би избрал соодветни тиристори, теоретски не би ми требало кочо кое кога ќе детектира одреден напон ќе ми го актовора тиристорот, што автоматски ја олеснува работата многукратно.

Не би ти препорачал да го вадиш колото за контрола. Зошто? Ако решиш да ги смениш тиристорите со, на пример, некои појаки, целото коло ќе се разгоди. Ова не е добар инженерски пристап - работи, ама само со тие компоненти. Освен тоа, од кај знаеш дека сите производители ги произведуваат на ист начин овие компоненти? Карактеристиките во datasheet се идеален случај, најчесто, компонентите се со полоши карактеристики од оние пишани во datasheet (ова е ситуацијата во денешно време, за жал... порано, не беше вака). Исто така, ја занемаруваш температурната девијација. Овој напон најверојатно ќе се зголеми или намали на различни температури. Овие работи не се оставаат на случајност, особено кога станува збор за напојувачки секции. Се може да откаже, но не и напојувачката секција (барем кај добро дизајнирани уреди)... а да не го спомнувам и фактот што можно е да се смени излезниот напон... ова ептен не треба никогаш да се случи.

Твоја е одлуката, но колото за контрола на тиристорите, барем според мене, треба да остане.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Правилна побуда на SCR
« Reply #10 on 25.02.2019, Monday, 12:19:08 »
Најверојатно ќе имам две галвански одвоени напојувања за двата тиристори, и транзисторскиот дел од оптокаплерот би бил врзан на тие напојувања, додека диодата ќе си биде од микропроцесор безбедно.