Ама тоа ме зачуди, што пробав и да го фиксирам на фиксна подлога, застанав на еден метар од него.. со злато во раце, како што се движев антената се придвижуваше према мене
Е ај баш снимај
. Ама затвори џамови, ова она, нека нема ветер, промаја, па да верувам, инаку, во секоја друга комбинација (како дечконо на клипот), може да речам „абе ветерот ги држи во таа насока“ и навистина може да е така.
Искрено, не дека не верувам дека можно е да има некакво си привлекување меѓу двата метали, туку повеќе е муабетот, дури и да постои такво нешто, тоа привлекување ќе биде толку слабо што не верувам дека може да се детектира на овој начин со оваа направа. Генерално, ова се базира на некоја си „квази наука“... не е докажано дека субстанции или материјали од ист тип се привлекуваат едни со други повеќе од материјали кои се разликуваат едни од други (тука не ги сметаме материјалите со магнетни својства, тие се посебна група). А дури и ако е така, гравитацијата е сигурно појака и сигурно не може „туку така“ да се анулира со монтирање на неколку лагерчиња.
Ако сакал дечкото да докаже нешто, требал да снима клип како што посочив и како што ти спомна. Ако навистина се случува такво нешто, ОК, можно е со резултати од експерименти во контролирани услови да се отиде до некоја научна институција и да пробаат и таму и да проверат дали ќе добијат исти или слични резултати. Ова се вика научен метод на докажување на определена хипотеза. Ако од сите експерименти се добијат исти или слични резултати, има услови да се испитува овој феномен и да се развие теорија зад него. Ако не се добијат исти резултати или резултатите драстично се разликуваат, најверојатно станува збор за пропадната хипотеза. Единствен начин да се постави теоријата како теорија е ако може математички да се опише. Ако не може, таа хипотеза никогаш нема да стане теорија.
Си има цела наука за детекција на метали и други материјали под земја итн. која е добро естаблирана, и да, генерално, повеќето од нив работат на бел чад
.
Висак ти е тоа како на видеото со жиците бакарни? јас знам дека со жиците бакарни бараа вода, и прецизноста е околу 100%. ваљда на електромагнетно поле реагира. Секој проводник кој се движи (водата) во електромагнетно поле(од земјата) ствара сРуја... па овие се доволно осетливи. Е сега за златото не знам баш,...
Би требало по прецизни резултати да се добијат со некој метал со магнетни својства, по оваа логика, а не со бакар или со злато
. Барем мене тоа би ми било по логично.