Author Topic: Проблем со Фрижидер „Фаворит“  (Read 676 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Поздрав дечки!
Пред 3 години имав купено голем комбиниран Фрижидер Фаворит! 3 годинки си беше супер, арно ама пред една недела, се одмрзна и повеќе не ни сакаше да стартува да работи. (бидејќи стоеше во ладно, а и температурите беа под -10) пробав да го загреам, поточно да ги загреам решетките по зади, па и со фен го загреав и моторот! не стартуваше пак, пробав да го загреам и термостатот, пак не уклучи.. на крајот го отворив го извадов релето и кондензаторот, ги тестирав во ред се, потоа го проверив термостатот, и тој е во ред..
Што може да биде дечки ?! и дали би било можно да не ги имам точно проврзано жичките кога го ставав назат Релето ?!(п.с го проверив и тоа заштитното склопче.. нешто како термостатче) функционира и тоа.. Можно е моторот да има отидено од арно седење?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3313
  • Gender: Male
Го провери компресорот директно на 220в?

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Го имав истиот проблем, едноставно овие фрижидери на многу ладно не работат.
Моја препорака е да го преместиш во просторија каде што е потопло. Пробај да го загрееш просторот околу компресорот, стави некое калориферче (не со фен) да му дува топло едно 10 до 15 минути  и ќе видеш дали ќе уклучи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@bicikle: Му треба стартната намотка за да запали, ако го нема стартниот кондензатор во колото за палење, нема да запали, само ќе бучи и ако го оставиш така да работи повеќе од 5, 10 секунди, најверојатно ќе го изгориш моторот.

@MKD-Boy: Моторот сигурно има три пина со кој се врзува со она склоче што го викаш (тоа е стартен склоп, најверојатно кондензатор со некое реле или PTC). Некои имаат и четири пина (со целосно одвоена стартна и работна намотка), ама овие мотори се поретки. Тестирај го моторот како на клипчево.

Ако не покажува краток спој од било кој од трите пина према маса (шасијата на моторот), најверојатно моторот е исправен. Ако покаже краток спој од било кој од пиновите према шасијата, најверојатно е изгорен. Ако покажува краток спој со повеќе од еден од пиновите према маса, сигурно е изгорен. Не ни тестирај ништо повеќе, најверојатно е зезната уште некоја компонента во стартното коло (во отворена врска е), така да, ако го смениш стартното коло, само ќе чуеш едно „пау“ или ќе изгори осигурувач (зависи кој е појак :P :D).

Ако моторот изгледа ОК, врати го назад стартното коло и врзи го директно на мрежен напон (рипни термостати, релиња, тантара, пантара) и види дали ќе проработи. Ако проработи, остави го така да работи час или два (нека го олади фрижидерот). Ако не изгаси, најверојатно се е ОК, но некоја од дополнителните компоненти одговорни за прекинување и пуштање во работа на моторот (т.е. термостатот и некои други пропратни, не знам што се имаат модерниве фрижидери како дополнителна електроника) е зезната. Со мерење може да откриеш која е, тоа не е толку тешко. Стави ја сондата на термостатот во фрижидер (исправен :P) почекај да се олади (околу половина час би требало да биде доста) и врти го, стави го унимерот на beeper подрачје и врзи го на краевите на термостатот, ако со вртење на термостатот почнува да прекинува, т.е. унимерот пишти/не пиши, исправен е термостатот ;). Ако не реагира и цело време покажува отворено коло или кратка врска, неисправен е. Дури и ако слушаш дека прави „цк, цк“, а не реагира унимерот, тоа значи дека е неисправен. Ова најверојатно значи дека контактите му се оксидирани и треба да се исчистат или се залепени (зашмелцувале)... треба да се отвори и да се види. Ти си знаеш дали ти се исплати да го отвораш или не :P.

Во секој случај, доколку моторот пали и фрижидерот работи, се останато е пропратно и лесно може да се преправи, дури и ако не може да се најде оригинална компонента ;). Ако не работи, пиши му пепел. Никој веќе не менува мотори на фрижидери. Новите типови на фреон, какви што користат новите фрижидери, се многу скапи и не се исплати (а мора да го испушти стариот за да го смени моторот и потоа пак да го наполни системот со фреон). Освен тоа, често знаат цевките преку кои е врзан моторот за системот да ги прават од железо или алуминиум, па не можат да се лемат туку се спојуваат со бренер. Е сега, проблемот е... новите типови на фреони се запаливи ::) и сервисериве веќе не сакаат да ризикуваат. Тоа стои мислам и на ознаката на самиот мотор, каде би требало да биде наведен и типот на фреонот кој го користи. Провери ја ознаката за типот на фреонот online, пишува дали е запалив или не (скоро сите нови типови се запаливи, особено оние на поевтините модели на фрижидери). Така да... моли се да не е изгорен моторот... бидејќи дур и ако најдеш некој кој ќе се нафати да го смени, ќе те чини колку нов фрижидер ::).

Со среќа ;).

Пиши и модел ако може ;)... не дека некоја разлика ќе направи, ама нека го има и како модел во насловот на темата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Како што напишав погоре, истиот проблем го имав и единствено решение ми беше зимно време да го селам фрижидерот во друга просторија каде што е потопло. Не е практично ова решение за жал, но јас така си го решавам проблемот секое зимо.
И оваа зима кога залади ептен после нова година го приметив фрижидерот дека не работи, го преселив и еве го си работи како што треба. Станува збор за исти фрижидер „Фаворит“, горе мала комора за длабоко а долу нормална големина на фрижидер.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3313
  • Gender: Male
Re: Проблем со Фрижидер „Фаворит“
« Reply #5 on 19.01.2019, Saturday, 02:29:00 (Edited 19.01.2019, Saturday, 11:32:37) »
@bicikle: Му треба стартната намотка за да запали, ако го нема стартниот кондензатор во колото за палење, нема да запали, само ќе бучи и ако го оставиш така да работи повеќе од 5, 10 секунди, најверојатно ќе го изгориш моторот.
[/quote ]
„Ако моторот изгледа ОК, врати го назад стартното коло и врзи го директно на мрежен напон (рипни термостати, релиња, тантара, пантара) и види дали ќе проработи.“
Тоа де, истот го пишав... Некои имаат термостат, тоа е метал кој се шири на топло и прави спој со нула/фаза, па моторот работи, на ладно се збира и нема спој. Најдобро е овој дел да се пресконе/набие со фолија. Делот е околу моторот не знам стучно како се вика ама можеш да јандеш по нетов и да го премостиш.

Edit by Toma
Погледни кога нешто цитираш и што тоа цитираш!!!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Пробано, денес се, моторот(компресорот) нема пробиено, што значи дека е во ред.. после тоа го уклучив дирекно, сосе кондензатор, проработи, збрчи како шВицарски часовник :) пошо имав така денес повеќе време, се позанимавав, детално го испроверив цел уште еднаш, го поврзав се како што си беше, го уклучив во штекер, и бум работи :) и уште ме чуди зошто не сакаше да работи, 2 минутки пред да го врзам дирекно.

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 412
  • Gender: Male
Денес е потопол ден, очекувај ако пак имаме премногу ниски температури да не ти работи фрижидерот!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Денес е потопол ден, очекувај ако пак имаме премногу ниски температури да не ти работи фрижидерот!
Па богами, како што знае Крушево да фати ладно и да држи цела недела -15/20, се што имав дома ми испозамрзна.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3313
  • Gender: Male
Епа тој марифетот е што е за штедење, ако е амбиенталната  не знам испод 0 на пример не работи, значи треба само тој дел да го премостиш, но не знам кај се наоќа баш точно.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Муабетов... зошто на северен пол добро се продаваат фрижидери :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тоа де, истот го пишав... Некои имаат термостат, тоа е метал кој се шири на топло и прави спој со нула/фаза, па моторот работи, на ладно се збира и нема спој. Најдобро е овој дел да се пресконе/набие со фолија. Делот е околу моторот не знам стучно како се вика ама можеш да јандеш по нетов и да го премостиш.

Немој да го вадиш или преспојуваш тој дел! Тоа е заштитен термостат кој реагира во случај ако на моторот му доаѓа/снемува струја неколку пати во минута (проблеми со напојување). Моторот не смее да се изгаси, па по неколку секунду пак да се пушти. Треба да поминат барем неколку минути пред пак да се пушти, инаку заглавува. Епа овој термостат реагира ако струјата на палење е премногу голема (улгавил моторот) и тогаш се одвојува биметалот за да не го изгори моторот. Термостатот не е толку важен дека како што е овој заштитен термостат, во никој случај немој да го преспојуваш или да го вадиш! Ако снема струја и по 10 секунди пак дојде, а моторот работел, ојде моторот.

Башка е тоа, ова само прави прави прекин амо амбиенталната темп. е ниска.

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 147
Re: Проблем со Фрижидер „Фаворит“
« Reply #13 on 20.01.2019, Sunday, 00:50:19 (Edited 20.01.2019, Sunday, 11:18:15) »
Тоа де, истот го пишав... Некои имаат термостат, тоа е метал кој се шири на топло и прави спој со нула/фаза, па моторот работи, на ладно се збира и нема спој. Најдобро е овој дел да се пресконе/набие со фолија. Делот е околу моторот не знам стучно како се вика ама можеш да јандеш по нетов и да го премостиш.

Немој да го вадиш или преспојуваш тој дел! Тоа е заштитен термостат кој реагира во случај ако на моторот му доаѓа/снемува струја неколку пати во минута (проблеми со напојување). Моторот не смее да се изгаси, па по неколку секунду пак да се пушти. Треба да поминат барем неколку минути пред пак да се пушти, инаку заглавува. Епа овој термостат реагира ако струјата на палење е премногу голема (улгавил моторот) и тогаш се одвојува биметалот за да не го изгори моторот. Термостатот не е толку важен дека како што е овој заштитен термостат, во никој случај немој да го преспојуваш или да го вадиш! Ако снема струја и по 10 секунди пак дојде, а моторот работел, ојде моторот.

Toa е најверојатно башка или внатре во моторот :/ бидејки кога го врзував дирекно моторот, врзав жичка од кондензаторот и нулата, а фазата со клешта ја допрев на контактот на моторот, и збрче нормално, ја тргнав жичката на секунда и повторно ја ставив не стартува одма моторот.. после минутка започна пак со работа, од кога збрче пак, го склопив како што беше, и еве го сега си работи за мерак! Се што ставив во комората се е замрзнато.. само малце комората за одржување ми се виде сумљива бидејки имаше капки вода во неа.. ама не беа замрзнати (пошо како и обично порано капките беа замрзнати) ама сепак мислам дека сега е во ред.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11634
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Toa е најверојатно башка или внатре во моторот :/ бидејки кога го врзував дирекно моторот, врзав жичка од кондензаторот и нулата, а фазата со клешта ја допрев на контактот на моторот, и збрче нормално, ја тргнав жичката на секунда и повторно ја ставив не стартува одма моторот.. после минутка започна пак со работа, од кога збрче пак, го склопив како што беше, и еве го сега си работи за мерак!

Во никој случај не го оставај моторот врзан така повеќе од секунда или две (мислам во ситуација запалил, па си го тргнал напојувањето, па сега пак сакаш да го запалиш). Ако гледаш дека не трга, изгаси од штекер или тргни жичка (како и да си го врзал).

Инаку, не верувам дека е во самиот мотор тој термостат. Или е термостат или е PTC (личи на метална паричка). Најчесто е во склопот со кондензаторот кој се врзува за тропинскиот приклучок на моторот.