Сигнал ињектор е НФ осцилатор за фреквенции во опсегот на слушните фреквенции и е наменет за сервисирање на НФ уреди пред се предзасилувачи и засилувачи.Овој уред на шемата има три подрачја: за бас,средни и високи тонови,па може да послужи и за малку поозбилни тестирања,ако е добро баждарен.Значи,ако имате расипано пп .го поставуваш излезот на ињекторот на влезот и одиш од степен до степен и бараш каде е кварот.Значи ако на база на првиот транзистор не добиваш тон,одиш на вториот степен,па на третиот и така се додека не се слушне сигналот.Значи кварот е еден степен поназад.Исто и со појачувачот - обиќно се поаѓа од звучникот,па излезните,побудните,се до влезот и гледаш каде не поминува,сигнал- тука некаде е дефектот!
За почеток вежбај на некој исправен уред за да стекнеш некоја рутина.Најдобро е да се работи со 1 Кхз,поради звучноста на тонот