Author Topic: Raspberry Pi 3B+ проблем  (Read 768 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #15 on 06.01.2019, Sunday, 00:31:33 »
На RUN покажува дека нема напон, откако поврзав 5V преку отпорник.

Значи упорно го држи на ниско логичко ниво... тоа не е е добро :-\... најверојатно е изгорен MxL7704 :-\.

Немам SMD станица за жал, а и не сакам да ја оштетувам плочката со сечење. Инаку, јас од самиот почеток мислев дека регулаторот не е исправен ради тој спојот што е. Е, сега дали можам да најдам ваков регулатор и да го заменам ( да се снајдам евентуално за одлемување со индустриски фен или од форумџиите ако сака некој да го замени )?

Без да го извадиш rail-от, не може со 100%-на сигурност да кажеш дека е тоа проблемот. Освен ако не „гуглаш“ малку, па да начекаш некој post на некој форум на некој на кого гаранцијата му истекла на RPi 3 B+ (не знам дали има гаранција, претпоставувам дека има бидејќи во оној post во кој цитираше дека има проблем RPi 3 B+ од форумот, пишуваше дека треба да им се вратат овие модули назад на производителот, т.е. од местото на кои си ги кипул, за да ти дадат нов... барем јас така разбрав) и му се случила слична ситуација и установил дека MxL7704 е изгорен, го сменил и проработел RPi, па да кажеш „а, па да, што има барем уште еден или двајца со сличен проблем, најверојатно тоа е проблемот“. Инаку, во секоја друга ситуација, гаѓаш на празно. Најверојатно е така, како што претпоставуваме и јас и ти, но... што ако не е ???. Ќе го купиш MxL7704 за џабе, и еве, некој ти го смени, и... пак не работи :-\... што е ако е проблем со плочката, што ако некој вод е многу тенок и прекинат или во краток спој (установивме дека е повеќеслојна не само двослојна) со некој друг вод или водови ???. Во таков случај, што сакаш прави, модулот нема да проработи. Од тимот на RPi имаат пишано дека 3 B+ имаат маана и дека во некои случаи, може да се случи вакво нешто, но... за жал, немаат пишано што точно е проблемот :-\.

Инаку, за прелемување, слободно може да се обратиш кај мене, не е проблем, ќе го прелемам чипот ;). не би ти препорачал да прелемуваш нешто волку мало со индурстриски фен, особено ако никогаш претходно не си работел со никаква SMD лемна станица. Има големи шанси да ја упропастиш плочката.

Еве, во меѓувреме јас нешто „прогуглав“... чипот е направен специјално за RPi 3 B+ :-\.

Code: [Select]
https://hackaday.com/tag/mxl7704/
Quote
However, where there are semiconductor companies, there’s a possibility of having a custom chip made. [James] talked to [Peter Coyle] of Exar in 2015 (Exar was then bought by MaxLinear last year) about building a custom chip to supply all the voltages found in the Raspberry Pi. The result was the MXL7704, delivered just in time for the production of the Raspberry Pi 3B+.

Тоа е проблемот со вакви развојни околини... често користат custom чипови :-\. Ако ти отиде, иди најди заменски да те видам ::). Затоа обично препорачувам, ако веќе купувате ваква работа, купете си копија. Ем се поевтини, ем најверојатно ќе можете полесно да ги поправите ако случајно нешто се зезне на плочката... а и да не успеете, барем не е оригинал и не чини колку оригиналот, секогаш можете ново да си нарачате ;).

Ова го давам чисто како совет, за членовите кои прв пат почнуваат со работа со вакви развојни околини. Да, одлични се за експериментирање и учење, само, за да не ви биде криво кога ќе ги зезнете (кога тогаш, сигурно ќе се зезне), купете си копија, учете се на неа, па кога ќе бидете малку посигурни во работата со развојната околина, купете си и оригинал ;).

Инаку, ми стана и јасно зошто изгорел MxL7704 ::). Доволно е само да се види дека во absolute maximum ratings во datasheet, за максимален влезен напон пишува 6V ::). Еден напонски шпиц или евентуално стави го прво адаптерот во струја, па потоа приклучи го преку Micro USB (неоптоварен, напонот на излез знае да рипне, иако напојувањето е SMPS) и толку... ајдееее, ојде јабана ::). Па добро бе, кој будала го дизајнирал овој чип ::). Па се знае, дупло повеќе се оди со вакви работи, а не на влезен напон од 5V, ти дефинираш absolute maximum rating од 6V ::) >:(. Ц, ц, ц... се гледа, ова е работено, ама не доработено ::).

Но, и ова е добра информација. Еден мој колега има купено баш RPi 3 B+, ќе му речам да си пази со адаптерот (прво стави го Micro USB во RPi, потоа стави го адаптерот во струја, за веднаш да има товар адаптерот и да не може напонот многу да рипне или да се појават шилци од SMPS секцијата) и да стави една зенерка од 5.6V на влез, меѓу GND и +5V.

Во секој случај, барав на ebay... за жал, колото го нема на продажба, најверојатно бидејќи единствени купци се изработувачите на RPi (custom е, нели), а можно е да имаат склучено ексклузувен договор со Exar само на нив да им го продаваат... кој знае. Копии нема, а и да има кој знае под кое име ќе ги најдеш ::).

Не знам што да ти кажам... „гуглај“... ако го најдеш, купи го... јас сепак прво би проверил со прекнување на 3.3V-ниот rail, бидејќи дури и ако го купиш и го смениш, пак ќе има мали оштетувања на плочката, така да... не гледам поента да „ја пазиш“ толку развојната околина... наменета е за работа, не за на изложба ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 632
  • Gender: Male
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #16 on 07.01.2019, Monday, 09:28:16 »
Во право си за се што кажа. Но, во линкот кој го пратив неколку постови претходно ( тој каде што цитирав )  вели дека најчесто при ваков проблем откажува 3.3V rail-от, од која причина и тие не знаат. Што се однесува за чипот, најдов заменски во digikey, но за да го порачам во Македонија поштарината е изгор скапа, а самиот чип кошта некои 5 евра.  ???

А, ова со зенерката е интересна идеја. Дали можам да вградам таква зенерка во самиот адаптер внатре, односно каде што е излезот од адаптерот ама да биде во пластиката т.е каде што е плочката? Да не биде однадвор за да не се гледа.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #17 on 07.01.2019, Monday, 14:07:09 »
Во право си за се што кажа. Но, во линкот кој го пратив неколку постови претходно ( тој каде што цитирав )  вели дека најчесто при ваков проблем откажува 3.3V rail-от, од која причина и тие не знаат. Што се однесува за чипот, најдов заменски во digikey, но за да го порачам во Македонија поштарината е изгор скапа, а самиот чип кошта некои 5 евра.  ???

Не знам што да ти кажам :-\... види си, направи си „рачуница“. Ти се исплати или не. Во однос на цената на RPi 3 B+ мислам... а притоа сметај дека можно е и да не проработи, дури и ако го смениш. Зошто? Па и самиот пиша дека ни они не знаат зошто гори чипот на 3.3V-ниот rail, можно е и да е проблем во дизајнот на плочката... некој слој да е лошо дизајниран, претенок rail, многу блиску до масата и кога ќе изгори, прави краток спој... тешко е да се најде проблемот ако не се направи детална анализа, а очигледно немаат направено нешто такво ::).

Јас би ти препорачал да си купиш нова копија. Ги има по $20, $25. Ако некој ден почнат да продаваат копии од чипов на ebay и/или aliexpress, супер, нарачај си, пробај да го направиш, ако го направиш, топ, си имаш еден RPi плус ;). Ако не, тури му пепел, исчати го и прати го во вечните ловишта... тоа значи чувај го за делови, не да го фрлаш :P :D.

А, ова со зенерката е интересна идеја. Дали можам да вградам таква зенерка во самиот адаптер внатре, односно каде што е излезот од адаптерот ама да биде во пластиката т.е каде што е плочката? Да не биде однадвор за да не се гледа.

Да, може, ама треба да е моќна за да може да издржи долготрајни товари со напон повисок од 5.6V ;) (на пример, последователни напонски шилци од над 5.6V). Значи, да е од оние во метално куќиште, не од оние малине во стаклени куќишта ;). Кога ќе размислам подобро, не мора да е во метално куќиште, такви беа старите дизајни, новиве се пакуваат во пластични куќишта, но во секој случај, да е моќна ;). Колку вати... искрен да бидам, ова никогаш не сум го анализирал, мислам дека LordZi ќе има повеќе информации на оваа тема :P :D. Над 5W ???, така нешто ??? :P :D.

Инаку, ова не е нова идеја, ама престанаа да ставаат вакви заштити одамна. Јасно е зошто, нели ::).

Може и во паралела на електролитскиот кондензатор на излезот од адаптерот да ставиш и керамички кондензатор од 100pF (доколку нема во самиот адаптер, обично поквалитетните изведби имаат).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 632
  • Gender: Male
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #18 on 07.01.2019, Monday, 14:11:16 »
Веќе купив ново RPi во меѓувреме. Сега ќе барам продавница од каде што можам да го порачам чипот. А, во врска со диодата може да добијам од некој од членовите на форумот конкретно со какви карактеристики да искористам?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #19 on 07.01.2019, Monday, 14:13:22 »
Ајде, LordZi нека се јавиии ;D.

Како што кажав, зенеров напон, 5.6V. Моќност... така... големка да е :P ;D.

Копија купи или оригинал?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2807
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #20 on 07.01.2019, Monday, 14:16:49 »
Ја би ставил тука зенерка од минимум 5W, од оние во метално куќиште со штраф што се... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 632
  • Gender: Male
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #21 on 07.01.2019, Monday, 15:33:06 »
Копија купи или оригинал?

Оригинал. Ова што го зедов ми е 3тo RPi до сега. Најпрво имав RPi 3B, но загина SoC-от од прегревање кога компајлирав OpenCV. Потоа го купив RPi 3B+ уште кога излезе пролетта и не ми беше многу користено, бидејќи во меѓувреме се зафатив и со некои други работи, па еве немав ни со тоа среќа и тоа загина. И сега ова трета среќа.  ;D

Ја би ставил тука зенерка од минимум 5W, од оние во метално куќиште со штраф што се... ;)

Какви се тие со штраф? Немам такви видено воопшто. Да не се големи, па да не ги собере во куќиштето на адаптерот.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9417
  • оптимист до крај!
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #22 on 07.01.2019, Monday, 16:51:30 »
Абе најдобро е да  земеш  од 10W, oд оние со ладилник !  :o ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #23 on 07.01.2019, Monday, 21:07:05 »
Какви се тие со штраф? Немам такви видено воопшто. Да не се големи, па да не ги собере во куќиштето на адаптерот.

Не знам колкаво ти е куќиштето од адаптерот :P.

Инаку, да, големки се, далеку поголеми од зенерки во стаклено куќиште. Не знам точно како се викаат куќиштата, ама вакви се, како заокружените на сликата ;)... барем оние кои јас ги имам дома се такви.

Инаку, сега може да ги најдеш и во вакво пакување (како на следната слика), само што не е метално туку пластично. Личат на 3 или 5 амперски диоди, класични, rectifier diode ;).

Ги имаш на следниов линк сите овие куќишта убаво сликани ;). Мислам дека LordZi препорача да е куќиштето со шраф (многу е слично тоа куќиште за кое зборува со оние заокружените на првата слика, само што на продолжениот тенок дел, има и навој за шраф ;)) само во случај ако долготрајно се случи напонот да рипне (на пример, неисправен адаптер или нешто слично такво ;)).

Code: [Select]
https://www.evilmadscientist.com/2012/interestingdiodes/
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9417
  • оптимист до крај!
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #24 on 07.01.2019, Monday, 21:24:55 »
На ваква мислев!  8) :o

Code: [Select]
http://dsmcz.com/prestashop/zener-diodes/4400-6nz70-zener-diode-5w-11-135v.html
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 632
  • Gender: Male
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #25 on 08.01.2019, Tuesday, 13:18:33 (Edited 08.01.2019, Tuesday, 14:32:43) »
@GigaWatt Еве какво е куќиштето од адаптерот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Raspberry Pi 3B+ проблем
« Reply #26 on 08.01.2019, Tuesday, 15:41:06 »
Убаво изгледа, ама не ќе да собере моќна диода во него :-\. Може на водовите да ставиш.... тоа секогаш е опција ;).

И дефинитивно треба да се уништат сите Micro USB конектори кои се користат за полнење или напојување на уреди со струја поголема од 500mA. Мене не ми е јасно со кој памет ги ставаат, особено на вакви уреди. 2, 3A преку таков конектор ???. Дизајн „држ ме мајко“ ::).