Author Topic: Засилувач Philips 70FA920... поправка  (Read 318 times)

Offline bumbar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Opened on 18.12.2018, Tuesday, 17:37:23 (Edited 19.12.2018, Wednesday, 11:41:08) »
....
.....Бидејќи имам многу работа, се одлучив како секој скромен „верувач“ во достигнувањата на нашето општеството да го однесам неисправното појачало (засилувач) во сервис, овластен севис во  Скопје и да почекам неколку денови да ми биде поправено.
Избричен „контра“, поткрепен со дезодоранс што штити 72 часа, го однесов со автомобил марка Мерцедес А-160 појачалото во сервисот во населбата Аеродром и со скромно интонирање неврзани ноти се вратив дома и продолжив со работата со која го хранам семејството.

Чекав 3,5 недели и на крајот вчера, понеделник се јавив да видам да не пребегало појачалото во Будимпешта.

Денеска, вторник ми се јавија и ми рекоа:

- Дечко, појачалото што го оставивте НЕ може да се поправи.
- Зошто, како мислите не може да се поправи!?
- Колегата  ми оставил во компјутер дека нешто со излезот е..
- Мислите со излезните транзистори!?
- Не знам јас ама еве тука така пишува
- Па,нека ги смени излезните транзитори и готово!?
- Ќе мора да дојдете да си го земете...

Ете така ми се случи со пациентот - појачало Филипс ФА 920, чија внатрешност и надворешност е зачувана до имбецилност, но поради некористење речиси две години нешто не го тера да проработи.

НЕ разбрав какви тоа луѓе примаат во овластени сервиси, и дали им даваат да помножат два броја и притоа да не напишат дека множењето е вештерство...Но, ако неписмен дојде кај мене и побара да работи ќе мора да биде тестиран до ниво на „преименуавње соѕвездија“ за да се види дали може да „го биде“ или не во работата.

Откако го чув тој одговор од женскиот глас, поскав да направам крстозбор со пцовки. Во тоа ме спречи помалата ќерка која рече дека најчесто нервните клетки НЕ се обновуваат и затоа би ми било подобро да поработам на усовршување на алгоритмот за системот за кладење и да си купам идната недела ново појачало...

Ако некој сака да гопоправи нека ми пише....

Во спротивно од петок попладне пак овдека ќе одам заедно со вас до крајниот позитивен резултат. (ќе биде поправено, де)....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Reply #1 on 19.12.2018, Wednesday, 01:00:51 »
Ти ја разбирам фрустрацијата... би сакал да ти помогнам, но за жал, веќе прекинав да се занимавам со аудио опрема. Многу мака, малку пари... а и ретко кој сака да поправи нешто вакво, откако почнаа да ми носат компјутерски 2.1 звучничиња од 1000-че, си реков „ајт, батали, толку беше“.

Не верувам дека некој ќе се нафати, но со среќа. Сите веќе се преориентираа на лаптопи, телефони, data recovery, IT, програмирање... што и да е што носи повеќе пари. За жал, сервисирањето не е веќе како порано - купи телевизор од 30.000 денари, па ај ќе фрлам 3000 да го поправам. Сега, имаш телевизори и за 5000 денари, така да, генерално земено не се исплати да се поправаат повеќето кварови. Колку да му земам на муштеријата ???. 2000, 3000 за телевизор кој го земал 7000 ???. Па ќе ми го акне од глава и ќе ми рече нов ќе си купи :D. Е за лаптоп, може да ја наплатиш таа сума бидејќи НЕМА поевтини лаптопи од 13, 14 илјади, така да... тоа е тоа, се ла ви. Истото важи и за телефоните. Многу се скапи, автоматски значи дека може многу да наплатиш за поправка.

А за овластените сервиси... вака иде работата - ако проблемот не може да се најде до 1 час работа, „баци то смече, дај ново дете“. Не поради друго, се губи на бизнис. Додека сервисерот се замара со уредот кој има некој „дубиозен“ проблем, на ред чекаат барем 10 уреди со „плукни-залепи“ проблеми и се решаваат сите за 2 до 3 часа работа. Затоа и не се бара да бидат премногу квалифицирани... да знае да леми, да прочита по некоја шема, да знае што се активни, пасивни компоненти, толку горе долу, се друго може и на работа да го научи. И онака проблемите во денешно време во 90% од случаите се сведуваат на подуени електролити, така да, ако тоа научи да го прави, ехеее, полна капа, тоа му е 90% од бизнисот на газдата.

Како и да е, ако случајно излезе дека не можеш да најдеш сервисер, јас барем сум тука да помогнам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3168
  • Gender: Male
Re: Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Reply #2 on 19.12.2018, Wednesday, 05:43:50 »
Ако не е фабричко земио си некое за 1500-2000 ден со усб микор сд аукс и фм, не се исплати да си киниш живци.
Иако сметам дека излезнитре транзистори или иц е колку некое кинеско радио, ти стојам на располагање за морална поддршка.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2807
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Reply #3 on 19.12.2018, Wednesday, 10:02:05 »
Уште една работа, ако се стварно излезните транзистори отидени, прашање е колку ќе успееш да најдеш кај нас оригинални исти такви за замена.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bumbar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Re: Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Reply #4 on 19.12.2018, Wednesday, 11:02:56 »
...Фала за поддршката...

Платив 300 денари за „земање анамнеза“ во сервисот...Толку им била тарифата...Ми идат зборови што не се за од човечка уста да излезат...

Ќе поставам вечер фото од внатрешноста....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Засилувач Philips 70FA920... поправка
« Reply #5 on 19.12.2018, Wednesday, 11:40:53 »
Ајде, еве да се подготвиме, сервисно упатство ;).

Code: [Select]
https://elektrotanya.com/philips_70fa920_sm_2.pdf/download.html
Има повеќе, различни скенови, но намерно го ставив ова бидејќи ги има шемите на цела страна, а не исцепкани на повеќе страни ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3168
  • Gender: Male
Re: Засилувач Philips FA 920... поправка
« Reply #6 on 19.12.2018, Wednesday, 11:42:49 »
Испцуј ги, нека ти олесни на душичката.
Има и скоро готови китови за 2000 дена као нема транзистори, а и појаки кинески транзитори ќе дојдат таман.

Offline bumbar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
1 - На излез нема прав напон
2- После исправувачот на појачалото има напон колку е според шемата...
3 - По 20 мин. оставено „само на себе“ - се случи да изгоре отпорникот што е назнначен во фотографијата.

 4- Се најде човек кој сака да го купи целисот систем Филипс и со такво - расипано појачало...Да видам дали вечерва ќе дојде да го земе...Непријатно ми е ама сам бараше...


Offline bumbar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3168
  • Gender: Male
Прво провери ги диофите и кондензаторот на омско т.е. beep подрачје, па ќе одиме натака. 2296, 8273,6255,2296, 5254.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А грее откако изгоре 3350 или пред да изгори грееше 7252, па откако изгоре, престана да грее?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bumbar

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
......Го купи човек појачалото денеска. Всушност, целиот 9-ка систем на Филипс. Сам ќе го поправел појачалото...Останатите компоненти беа зачувани до последен детал...

Ви благодарам за несебичната помош ....Почнувам друг проект..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нема проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9417
  • оптимист до крај!
Ако тераш вакви проекти - подобро не почнувај! ;D ;D ???
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.