Author Topic: Видео. VHS конвертор во DVD  (Read 1285 times)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 415
  • Gender: Male
Видео. VHS конвертор во DVD
« Opened on 24.11.2018, Saturday, 18:15:31 »
Молам предлози и искуства за дигитализирани на стари видео касети во dvd, mp4,  hd формат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11797
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Видео. VHS конвертор во DVD
« Reply #1 on 24.11.2018, Saturday, 20:05:58 »
Мислам дека името на темата не е баш најдекватно, но ти си знаеш. Колку што сватив, зборуваме за општа дигитализација на аналогни снимки, а не стриктно за од VHS на DVD.

Ова може да биде многу долга или многу кратка дискусија. Се зависи колку пари си спремен да фрлиш. Има многу добри картици кои имаат одлични capture перформанси, но најчесто се многу скапи. Секое решение од 10, 20 долари е под знак прашалник. Можно е capture чипот да е добар, можно е да е лош... нема правило.

Генерално земено, дали е добра или не capture картицата, без разлика дали е на USB, Firewire или интерна, се гледа како ќе се снајде со оштетена лента (таканаречени „дропсови“, џвакана лента, лепена лента, итн.). Ако закочи или почне да генерира „стоп кадар“ кога ќе изгуби синхронизација (бидејќи, тоа всушност се случува кога лентата е оштетена, се губи синхронизација, оди сигнал, ама не знае што е), не ја бива. Повеќето евтини картици кои се на USB го имаат овој проблем. Имам пробано со две со различни чипови на USB, не ги бива.

Имам добро искуство со старите FM/TV картици. Повеќето од нив го користеа SAA7130HL како capture чип. Имам пробано со две различни картици на PCI со овој чип, искепчаниот сигнал беше прилично солиден по квалитет ;). Најважно беше тоа што не кочеа кога ќе дојдеше оштетен дел од лента, што е многу честа ситуација кај домашните снимки на VHS ;). Баш чувам дома една од нив, за секој случај ;).

Од друга страна, имам работено и со многу скапи capture картици, Matrox, DeckLink, AJA. Не можеш овие FM/TV картици од 1000, 2000 денари да ги споредиш со картица од 1000 евра, квалитетот на сигналот е неспоредлив и, се разбира, ниедна од овие картици не „кркља“ на оштетена лента. Но, колку ќе платиш, толку ќе клатиш.

Можеш да најдеш стари Matrox и DeckLink Blackmagic картици на ebay, користени, за кои нема x64 драјвери, за релативно ниска цена (30, 40, 50 евра). Ќе кепчаш на x86 машина, па потоа, по потреба, материјалот ќе го обаботуваш или експортираш на друга машина. Знам, ова е гњавење, ама ако немаш пари да си купиш ваква нова картица, друг избор немаш :S.

Има и понови модели од овие картици, за кои има x64 драјвери, кои исто така може да се најдат online на старо, а ги продаваат бидејќи немаат, на пример, 4K поддршка или не кепчаат од HDMI, но се разбира, поскапи се во однос на овие само со x86 драјвери (центе им се движат од 100 до 200, 300 евра, зависи што картица ќе начекаш и кои опции ги има).

Околу обработката во HD, има plugin-и за NLE софтвери, како Premiere, кои имаат вакви опции. И самиот Premiere може да прави ваква обработка, но само заматува пиксели, ништо друго. Некои од овие plugin-и имаат прилично добра „регенерација“ на материјалот во HD.

Генерално земено, не можеш да направиш HD од SD. Може само да го „нашминкаш“ многу добро искепчаниот материјал, ништо повеќе од тоа.

А ако зборуваш чисто само за upsampling, тоа лесно се прави при експорт на искепчаниот материјал. NLE едиторот ќе си го експортира како HD, ќе си додаде пиксели, ќе си замати кај што треба и ете ти "HD" снимка ::) :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 415
  • Gender: Male
Re: Видео. VHS конвертор во DVD
« Reply #2 on 25.11.2018, Sunday, 13:20:06 »
Гигават, да тоа ми е потребно што уред да се земе за да се заврши работата.
Земав AV to HDMI но се појавува едана вертикална линија на тв, и плус на компјутер нема HDMI влез.
Поентата ми е кој користи некој таков уред и колку е задоволен од него
Благодарам за информацијата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: Видео. VHS конвертор во DVD
« Reply #3 on 25.11.2018, Sunday, 13:52:11 »
Диди,  што не отвори муабет некна во дукан!? Имам ТВ картици со А/В влез ( и постари-половни)ама скоро сите се на ХР драјвери. Може да пробаш да најдеш драјвери  за PS  ТВ картица за Win 7 и да ја ставиш на фиксен РС, да префрлаш материјал од VHS .Некои картици имаат веке и софтвер за таа работа кој иде со нив и само го даваш sours-ot од каде да превзема сигнал.Звукот може и посебно да се снима и монтира отпосле , да додаваш музика во позадина и сл. Сто кила работа, ако само за тебе сакаш да префрлаш материјал.Ако сакаш да заработиш треба да најдеш добра картица (матрокс-от е добар!), програм за обработка и конверзија на материјалот.Оти не е дигитализација ако само од VHS префрлиш на РС и тоа го снимиш на DVD! Ke добиеш карма-каша резултат без обработка.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11797
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Видео. VHS конвертор во DVD
« Reply #4 on 25.11.2018, Sunday, 15:37:19 »
Поентата ми е кој користи некој таков уред и колку е задоволен од него

Најди стара аналогна FM/TV картица на PCI, кепчај со неа во SD (Standard Definition), обработи што ти треба со Premiere, експортирај во HD. Ова е наједноставно и најевтино, а ќе постигнеш релативно солидни резултати.

Ако користиш ваква картица, наједноставно е да го искористиш VirtualDub за кепчање бидејќи Premiere најверојатно нема да ја препознае (препознава само brand name картици), а освен тоа, Premiere одамна престанаа да го прават за XP.

Диди,  што не отвори муабет некна во дукан!? Имам ТВ картици со А/В влез ( и постари-половни)ама скоро сите се на ХР драјвери.

Ако се со SAA7130HL, има и x64 драјвери за него ;).

Без разлика, ќе склопи стара машина само за кепчање (capture). Потоа материјалот ќе си го ископира каде што му треба ;).

Оти не е дигитализација ако само од VHS префрлиш на РС и тоа го снимиш на DVD! Ke добиеш карма-каша резултат без обработка.

Токму она што и јас го пишав. Најдобро е SD да се остави да си биде SD. Нема потреба да „глумиме лудило“ и да го правиме HD, но ако некој инсистира материјалот да биде во HD, пишав, наједноставно е да се импортира како SD во Premier, обработи што ќе обработиш (сечи, додавај, прави, пусти) и на крај export во HD.

И didy изгледа не си ми го прочитал цел post. HD од SD не бива, а ако евентуално мора да биде материјалот во HD, се кепча (снима) во SD, па потоа се „обработува“ (експортира) во HD снимениот SD материјал.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: Видео. VHS конвертор во DVD
« Reply #5 on 25.11.2018, Sunday, 19:25:25 »
GigaWat, и ти не читаш се: му пишав дека за некои ТВ картици со драјвери за ХР можат да се најдат и драјвери за  win 7.  ;D ;D
Ако е за обично префрлање на видео ленти на диск, за домашна употреба и не е страшно, ама ако сакаш да работиш за друг -муштерија, тогаш мораш да вложиш малку парички! 8) Само со кабел не може!! ??? :D