Ова е прилично честа потреба кај low end графичките картички. Кулерите им се мали и со голем број на вртежи, а најчесто се sleeve bearing. Тропање, лупање, брчење, пиштење... се ова се симптоми на кулерче со пиксни со пролупана пиксна
.
Исто така, честа ситуација е и поддимензионирано ладилно тело на графички картички со пасивно ладење. Прегреваат и компјутерите се гасат или ќе дадат blue screen, па чудете се што е
.
Пациентот за денес ни е EVGA nVidia GeForce 9400GT 1GB DDR2. Графичкава е далеку од нова, но имав потреба од било каква графичка картичка во моментот и оваа ми беше при рака, така да, решив да ја искористам за туториалов
. На графичкава картичка, веќе еднаш и е менуван кулер и е додаван повторно некој мал кулер со пиксна
, кој, кој исто како и претходниот, пролупал
. Ние ќе ставиме нешто подобро
, нешто што сигурно не ви текнало дека може да се искористи - кулери од стари процесори
.
И еве го кулерот со кој ќе биде заменет оригиналниот - стар Intel-ов кулер од P4
.
Овие кулери се сите ball bearing (со лагери) и се практично вечни. Исто се и stock кулерите на AMD со лагери, така да, не мора да е Intel-ов stock кулер, може некој stock и од AMD
. Само да е stock кулер, бидејќи тие се сите ball bearing. Некои и кои не се stock се ball bearing, ама ретки се овие, особено за 775 па нагоре (скоро сите кои се со цена до 300, 400 денари се со пиксни, не со лагери).
Ајде да видиме каде ќе го приклучиме кулерот. Ако графичката картичка претходно имала кулер, работата е прилично лесна, лемите онаму каде што претходно бил приклучен кулерот. Но, ако додавате кулер на гафичка картичка со пасивно ладилно тело, работата може да е малку покомплицирана. Некои картички со пасивни ладилни тела немаат приклучоци за кулери на самата картичка, иако голем дел имаат (се прават две верзии, една со поголемо пасивно ладилно тело и една со кулер, и двете верзии се продаваат паралелно, тие со пасивно ладилно тело се "silent"
). Освен тоа, честа ситуација кај графичките картички купени последниве 5, 6 години, да се кулерите поставени на On/Off контрола за кулерот (не RPM контрола, само On/Off), па ако го приклучите новиот кулер на истите пинови како и стариот, и новите ќе прави „врти, не врти“ врз база на температурата на чипот од графичката картичка.
Искрен да бидам, јас сакам кулерите да ми вртат постојано и на најголема можна брзина. Сметам дека оваа политика е правилна бидејќи до сега многу пати ми се има покажано како точно правилото „колку поладно, толку подобро“
. Значи, во ваква ситуација, ако картичката има интерна On/Off контрола за кулерот или нема приклучок за кулер, ќе мора сами да најдеме каде да го приклучиме кулерот
.
Мислам дека од следните слики ќе стане појасно од каде треба да го земеме напонот за напојување на кулерот
.
На втората слика е обележано каде е 12V-ниот rail и GND, веднаш на почетокот на слотот
. За среќа, во конкретниот случај, кулерот бил поврзан директно на 12V-ниот rail. Се гледа дека има и опција на самата картичка за кулер со PWM контрола со 4 пина (конекторот е веднаш под конекторот за кој бил поврзан фабричкиот кулер), но очигледно е дека таа опција никогаш не била искористена (најверојатно, не се ни монтирани компонентите за PWM контрола кои ја отчитуваат температурата од GPU чипот). Без разлика, за да имам континуирано 12V на краевите на кулерот, без On/Off контрола, проверив дали конекторот за кулерот е директно врзан за 12V и GND. Ситуацијата беше чиста (директна врска), што значи дека кулерот ќе работи цело време, без On/Off контрола
.
Исто така, се гледа дека имам додадено и еден SMD пластичен кондензатор (C53). Да бидам искрен, ова не е задолжително и не мора да го правите. Јас имав на располагање еден и пожелно е да стои еден (за стабилизација и филтрирање на 12V-ниот напон од матичната плоча), но ете, производителот не ставил (иако било предвидено да стои
), па сепак графичката картичка си работеше без проблем
. Вредноста на кондензаторот не е критична, овој има вредност од 4.7uF, но може да ставите и кондензатор со помала вредност, до кај 1uF. Во секој случај, важен е пробивниот напон. Јас бев сигурен дека има пробивен напон поголем од 12V бидејќи кондензаторот беше изваден од 12V-ниот rail на друга стара (за расход
) графичка картичка (најверојатно има пробивен напон од 16V). Бидејќи овие кондензатори немаат ознаки, ако вадите кондензатори од други стари расипани картички, матични плочи, итн., бидете сигурни дека кондензаторот има пробивен напон поголем од 12V. На пример, доколу начекате кондензатор со димензии исти или слични како на сликата, а капацитивноста му е 10uF, сигурно има пробивен напон од 6.3V или помалку. Кондензаторите околу GPU чипот се вакви и имаат релативно понизок пробивен напон од 12V. Тие се наменети за стабилизација и филтрирање на напонот на GPU чипот, затоа и се поставени блиску до него и имаат мал пробивен напон (тие чипови се напојуваат со напон од редот на 1.нешто V). Затоа, иако можеби личат како да се погодни за оваа намена, најверојатно не се. Доколку не сте сигурни, најдобро е воопшто да не додавате кондензатор
.
Во случаи кога графичката картичка нема конектор за кулер, можете да го поврзете кулерот на краевите на кондензаторот C53
(таа е ознаката на оваа графичка картичка, на вашата, тој кондензатор најверојатно ќе има друга ознака). Доколку нема кондензатор на тоа место (како во овој случај) и не планирате да ставате еден, слободно залемете ги водовите од кулерот на лемните места на кондензаторот. Левата лемна точка е +12V, десната е GND (0V). Доколку решите да ставите кондензатор, залемете ги водовите на кулерот паралелно на кондензаторот (исто како и претходно, левата за позитивниот вод од кулерот, десната за негативниот
).
Само сакам да бидам јасен дека на втората слика од горните две, не прикажувам како треба да се „преправи“ плочката на графичката картичка (што со што треба да се преспои). Ако ова го направите, најверојатно ќе ја изгорите графичката картичка, а можно е и матичната плоча! Само покажувам што треба да се провери (на beeper подрачје на унимер), дали е директно поврзано напојувањето за кулерот со 12V-ниот rail од матичната плоча преку PCI-E слотот или не.Сега, да преминеме на прилагодување на кулерот за нашите потреби
. Проверувате како ќе налегнува кулерот на ладилното тело и отсекувате се што мислите дека нема да ви треба или пречи при монтажата на кулерот. Препорачливо е да го модифицирате кулерот со гравирка или некој сличен алат, но кој е вешт со цвикцангли, може и со нив
. Се разбира, нема обработката да изгледа толку фина како со грвирка, но „што нема, ни цар не јаде“
. Најверојатно ќе треба да ги отсечете сите дополнителни странични додатоци за држење на кулерот за старото ладилно тело, доколку се долги. На пример, кулерите за P4 имаа вакви додатоци, но не и кулерите за PIII и PII. За разлика од нив, кулерите на AMD се кулери со класични димензии (мислам дека повеќето беа кулери со димензии од 5 или 6cm), така да, кај нив нема custom странични додатоци и најверојатно ништо нема да треба да отсекувате. Исто така, искористете што можете како дистанцер за перките на кулерот од новото ладилно тело. Тоа може да се види од следните две слики.
Со црвено се обележани деловите кои ги отсеков, а со сино деловите кои можат да бидат искористени како дистанцери од ладилното тело на графичката картичка. Притоа, ќе напоменам дека не секој кулер за P4 има вакви дистанцери, но повеќето имаат. Ако имате таков кој нема, ќе мора сами да додавате
. Јас ова најчесто го правам со едно или две парчиња плексиглас или некоја друга рамна пластика. Отсекувате мали парчиња од пластиката (за секоја од страните онолку колку што ќе процените дека треба за да бидат перките одвоени од ладилното тело) и ги додавате на местата обележани со сино на кулерот. Се разбира, ова е само пример, ќе ги прилагодите позициите на пластичните додатоци врз база на она што ќе го имате вие на располагање (вашиот кулер и ладилното тело на графичката картичка).
Исто така, во овој случај, требав да отсечам и дел од една од страните на кулерот, како и дел од ладилното тело. Ова го правев со гравирка, но како што пишав, може и со било кој друг алат кој ќе ви се најде при рака. На пример, за ладилното тело може да користите шмишајбна или бормашина со додаток за кружна шмиргла... кој што има, тоа
.
Исто така, на една од страните, дистанцерот од кулерот нема да врши функција бидејќи не целото ладилно тело е со ребра, има дел и кој е без ребра, наменет за монтажа на претходниот (stock) кулер, така да, мора да се додаде дополнително дистанцерче за да може кулерот правилно да стои на ладилното тело од графичката картичка. Дополнително дистанцерче може да биде било какво пластично парче или делче, не е критично
. Јас најдов некое по дома, не знам од што е извадено и дополнително го обратив со гравирка до адекватната висина, за да може кулерот право да стои во однос на површината на ладилното тело
. Пластичното делче го лепев со супер лепак. Исто така може да искористите и течна пластика (пластични патрони). Кога се лепи пластика со пластика, не е критично што ќе се искористи
.
Додаденото пластично делче е обележано со зелено на следните две слики.
Сега, останува да го монтирате кулерот на ладилното тело. За прицврстување на кулерот за ладилното тело, слободно може да искористите супер лепак
. Ако ставите кулер со лагери (ball bearing), верувајте, повторно нема да го менувате кулерот, а доколку треба да ја чистите графичката картичка под кулерот, секогаш може да дувнете измеѓу перките, над 90% од прашината сигурно ќе летне
.
Еве како изгледа мојата изведба. На местата обележани со виолетово е залепен кулерот со ладилното тело.
Не е проблем ако го лепите и со ребрата од ладилното тело, тоа е мала површина и нема да влијае многу врз ладењето
. Не пробувајте да ги пополните празнините измеѓу ребрата со супер лепак, нема да ви успее
и само ќе го истрошите супер лепакот
. Не се сомневајте во врската меѓу ребрата и дистанцерот, цврсто се залепени, нема да се одлепат
.
За побрзо сушење на супер лепакот, може да го пуштите кулерот во работа откако малку ќе стегне
. И верувајте, нема потреба да се лепи кулерот на повеќе од две или три места
. Ако беа фабрички лепени, знаејќи ги Кинезиве, најверојатно само на едно место ќе беа залепени
.
Најдобро е ако можете да направите нови дупчиња за зашрафување на кулерот за ладилното тело, но ова бара уште многу дополнителен труд (обележување на дупчиња, бушење, нарежување на наовои во ладилното тело, кратење на шрафовите до адекватната големина, итн.) што во многу случаи не се исплати
. Графичката е престара и едноставно ви треба некоја која „ќе брка работа на PC-то на тета“
. Ова го правите за да не ви се јавува „тета“ на секои два дена со прашања од типот на „зошто ми се гаси компјутерот“
. Така да, во повеќето ситуации, и лепење ќе заврши работа
.
Сега, останува уште пак да го намонтираме ладилното тело на графичката картичка и да го врземе кулерот за неа
. Се разбира, прво ја чистиме старата термална паста и ставаме нова на GPU чипот. Зелениот вод од кулерот слободно може да се отстрани, не ни е потребен (feedback за RPM, Rotations Per Minute), потребни ни се само жолтиот вод (+12V) и црниот (GND). Ако кулерот има 4 контакти, два се за напојување, еден е RPM feedback и еден е PWM (Pulse Width Modulation, потребен е за RPM контрола, односно контрола на вртежи во минута). Слободно може да ги елиминирате RPM feedback и PWM
.
И како за крај, водовите за напојување на кулерот залемени за графичката картичка
.
Генерално земено, тоа е тоа
.
Со среќа со преправките
.