Author Topic: DVI Single Link vs. Dual Link  (Read 109 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11323
  • Gender: Male
  • Не фалширам
DVI Single Link vs. Dual Link
« Opened on 02.10.2018, Tuesday, 15:17:06 (Edited 02.10.2018, Tuesday, 20:27:27) »


Мислам дека од сликата е очигледна разликата. Dual Link DVI ги има сите пинови (без пиновите за аналогниот сигнал, VGA, најчесто овие кабли немаат опција за VGA), на Single Link кабелот му фалат контактите во редовите 4 и 5.

Е сега, каде се јавува проблемот. Online (па и кај нас) често може да се најдат кабли кои се специфицирани како Dual Link DVI, за резолуции поголеми од Full HD (1080p), но ако подесите резолција поголема од оваа (односно имате монитор кој поддржува резолуција поголема од Full HD), иако на страната на конекторите можно е да ги има пиновите од редовите 4 и 5 од конекторот, не значи дека има пуштено жили меѓу нив ::). Практично, имате Single Link DVI кабел кој личи на Dual Link DVI кабел.

По што може да се препознаат овие fake кабли? Single Link DVI каблите најчесто се многу потенки од Dual Link DVI кабелот, така да, ако некој случајно ви продава Dual Link DVI кабел, споредете ја дебелината со некој друг кабел кој сте сигурни дека е Dual Link. Ако е значително потенок, тој кабел најверојатно е single link. Ако ви дозволи продавачот, може да пробате и на лице место, со унимер поставен на beeper подрачје, да проверите дали има контакт меѓу пиновите во редовите 4 и 5 од кабелот. Ако нема, тој кабел е Single Link. Исто така, ако барем еден пин од тие редови е во прекин, кабелот нема да може да работи како Dual Link кабел, ќе работи, но само како Single Link (ќе поддржува резолуции до Full HD).

Ситуацијата со конверторите е малку по комплицирана :S. HDMI стандардот практично го користи иситиот електричен протокол како и DVI стандардот, се разликува само конекторот, така да, во ваков случај (HDMI to DVI) работата е прилично јасна: ако HDMI портот може да поддржи резолција поголема од Full HD, најверојатно ќе работи и со конвертор од HDMI на DVI, по услов кабелот кој ќе се врзе за конверторот да е Dual Link DVI кабел (или кај All-In-One решенијата, HDMI конектор на едната страна, DVI на другата, кабелот да е дебел, т.е. да поддржува Dual Link врска). Проблем се јавува кај Display Port-от :S. Кај Display Port-от се разликува и протоколот за електричните сигнали во однос на HDMI и DVI, така да, мора да има чип за конверзија. Е сега, прашањето е дали тој чип за конверзија може да поддржи резолуции поголеми од Full HD или не :S. За жал, скоро ниеден производител на вакви кабли не специфицира кој чип го користи, така да, практично купувате мачка во вреќа :S. Единствена работа која ќе ви помогне во одлуката е повторно дебелината на кабелот: ако е дебел, наверојатно е Dual Link, ако е тенок, најверојатно е Single Link.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."