@krema: Ај ако не повеќе, барем сподели го dump-от од рисиверот
. Можно е на некој да му затреба... вакви рисиверчиња прилично често се користат во руралните средини (викендички по села, па и луѓето кои редовно живеат таму, особено постарите на кои и не им баш важно дали HD, SD сигналот или не знам каков
), а сите знаеме како знае таму да мавне гром и електромагнетното поле да зезне скоро се полупроводничко во близина
... особено во денешно време, кога се е веќе базирано на, горе долу, некаков тип на board computer (ако има софтвер, процесор, RAM, компјутер е
). Така да, копии од софтверот (dump-овите) се најчесто единственото можно решение да се оправи уредчето во вакви случаи
.
Сега се поставува прашањето, дали самиот чип може да изгуби од перфотмансите со текот на времето, работење, висока/ниска температура, лошо произведен
Не верувам... најверојатно е некоја пасивна компонента, ама иди најди која е :S.
Може да пробаш да го отвориш RF приемникот, да видиш некоја компонента да не греела или да не е лошо залемена, да не пробиена (отпорниче или кондензаторче), под лупа, ама ако и по тоа ништо не забележиш, јас би се откажал. Вади што можеш од него и во ѓубре
.