Едно време беше сервис/продавница за електронски компоненти, лоцирана беше во Аеродром. Мислам дека пред се со аудио се занимаваше сервисот и се викаше „Ваце“ (нали, по газдата
), ама колку што знам, одамна не постои ни сервисот ни продавницата... можно е и да грешам, ама сигурно некој нешто ќе гукнеше „купив ова, она од кај Ваце“ или нешто слично.
Имаше и една друга продавница, „Е и П“, кој ја помни
. Релативно добро снабдена беше, ама за жал, исто како и многу други продавници кои работеа во 90-тите и почетокот на овој милениум, некако не се снајдоа со брзиот напредок на технологијата и дека моментот „направи сам“ или „делови за телевизори“ е веќе минато и не можеш да го базираш бизнисот само на тоа и... за жал, пропаднаа :S. За разлика од нив, оние кои делумно се преориентираа, преживеаја. Loging на еден начин, BT на друг, ГАЦ на трет, ама сите мораа некако да се прилагодат на условите на пазарот.
За Loging, се знае, познати се како „ако го нема во каблето, конверторчето, адаптерчето, итн. во Anhoch, Set, Техномаркет, барај во Loging“. Се што итно ти треба, а не може да се најде во малопродажба, Loging го имаат
.
Иако, да бидам искрен, за во иднина, типувам само на BT и Loging дека ќе опстанат. ГАЦ (татко и синот) се многу арогантни и неуслужливи... половина и повеќе од бизнисот го губат само од тоа. Не знам колку членови на форумот се имаат жалено од нивните „услуги“. Да не го спомнувам моето последно искуство со нив
... и веќе не стапнувам таму, па дури и ако е единствено место на планетава каде што го има она што го барам.