Author Topic: Поврзување динамички микрофон на Android телефон  (Read 1674 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 763
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Поврзување динамички микрофон на Android телефон
« Opened on 28.07.2018, Saturday, 23:24:01 (Edited 29.07.2018, Sunday, 07:02:44) »
Проблемот е следниов:
Имам микрофон Audio Technica ATR-1500. Динамички микрофон е. Е сега кога веќе го имам, би сакал да можам да го поврзам да го користам за да снимам со помош на телефонот, нешто што мислев дека е лесно изводливо.
Отворив случајни слушалки што идеа со телефонот, го одлњмив микрофонот и залемив XLR приклучок на кој планирав да го врзам микрофонот, но телефонот прекина да ги препознава слушалките како хедсет и сега не се дава икона со микрофон туку без микрофон кога ќе ги поврзам. Го вратив малото електретско микрофонче и пак работат нормално.
Прашањето ми е дали можам да го средам некако да го препознава динамичкиот микрофон како влез? Знам дека не е ни блиску до професионален снимач ама сакам да работам со тоа што го имам при рака моментално.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Прбај врзи кондензатор во серија со сигналот од динамичкиот микрофон. Пробај со 4.7uF пластичен кондензатор. Работен напон... 63V е повеќе од доволно, може да поминеш и со 50V. Ако немаш на располагање 4.7uF, за да не купуваш за џабе, пробај со било каков кондензатор, и 470nF или 1uF пластичен ќе заврши работа колку за тест. Ако го детектира, долната гранична фреквенција само ќе му биде прилично висока со кондензатори со помала капацитивност, ништо повеќе ;). Зголеми ја капацитивноста за да добиеш пониска долна гранична фреквенција ;).

Ако не го детектира, пробај според туториалот од клипов ;).



Ако профункционира, но го детектира headset-от само ако има приклучено и слушалки, стави два отпорника од 39Ohm-и од L и R према маса, ќе „глумат“ слушалки ;). Ова е во случај да не ти требаат слушалки туку само микрофон за снимање.

Ај, види дали ќе профункционира, па тогаш може да штимаме понатаму ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Јас ти препорачувам да си направиш мало пп за микрофон со регулација на појачување и секако со зголемена импенданса на излез.Оди по шема врзи го на џекчето( има поврзување на видеото), а на место слушалки врзи по 50 оми отпорници од канал кон маса.Не претерувај со појачувањето!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 763
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Пробав со кондензатор сериски, не го бива, слушнав звук што доаѓа од микрофонот. Го измерив сигналот со осцилоскоп на местото од микрофонот.

Што значи и двете шеми не работат.
Претпоставив дека детектира капацитет на овој начин, па врзав кондензатор паралелно, и пак ништо.
Не разбирам што е толку посебно кај електретските микрофони што ги детектира телефонот за да направам коло што би го имитирало.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Читаш постови? >:( Пробај со микрофонско пп за нискоомски микрофон ( 200-600 оми импенданса на влез) и околу 10-100 к на излез. Електретскиот мик. бара преднапон, динамичкиот не треба! Ако немаш шема да праќам... Електретскиот има 1,2 К отпорност на излез.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 763
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Целата поента ми е да не се замарам со две батерии. Сакав да го врзам на телефон. Што би било доколку на веќе постоечкиот електрет му залепам течна пластика за да не слуша ништо, а му го врзам динамичкиот паралелно? Баш ме интересира.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ништо, пак нема да го детектира. Динамичкиот има помала импеданса/отпорност, автоматски таа преовладува.

Ако телефонот може да работи во power bank mode, може да го направиш она што го вика batka, да искористиш +5V од него и да работиш така.

Проба како што е објаснето во клипот? Ама баш како што е објаснето. Да не случајно погрешно имаш нешто поврзано? Ај види како е врзан микрофонот за џекот, преку кои пинови и направи го баш како на клипот, со посебен конектор и се тоа, а не со модифицирање на веќе постоечкиот headset. Некогаш во headset-от има дополнителна електроника за дигање/спуштање слушалка при повик или предпојачувач за микрофонот. Батали се тоа. Не поврзувај „извади кондекзаторски микрофон, врзи ова или она“, почни од почеток, упропасти еден headset, расклопи го 4 пинскиот 3.5mm-тарски конектор и експериментирај така ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Целата поента ми е да не се замарам со две батерии. Сакав да го врзам на телефон. Што би било доколку на веќе постоечкиот електрет му залепам течна пластика за да не слуша ништо, а му го врзам динамичкиот паралелно? Баш ме интересира.
Некои поенти остануваат без  зборови- или стави пп со батерија , со прилагодување на импенданса влез/излез и регулација на појачување  или нема ништо од желбата! Овие уреди сепак не се наменети за експерименти ( скапечки се!) и не ризикувај.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 763
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
« Reply #8 on 02.08.2018, Thursday, 19:52:27 (Edited 02.08.2018, Thursday, 20:25:41) »
@GigaWatt Баш така направив, ама не сака да детектира така. Инаку ми успеа тоа со поврзување паралелно два микрофони, ама дури и целосно излепен со течна пластика пак се слушаше придушен звук и шум од него, па решив да му поврзам тастер сериски. Кога ги вклучувам слушалките сега треба само да го притиснам тастерот и го детектира како целосен хедсет, кога ќе го отпуштам уште стои симболот за хедсет со микрофон и си снима слободно со динамичкиот. Доволно добро за мене, и скоро и да нема шум кога снимам. Исто така и му поврзав кондензатор 2.2uF сериски на микрофонот, во случај телефонот да пушти DC напон.
Едит:
Најдов женско 6.35mm со вграден нормално затворен прекинувач, сега кога ќе го уклучам динамичкиот, електретскиот автоматски се исклучува. ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ете, си најде решение ;).

Дај нацртај како си врзал бидејќи вака некако не ми е многу јасно... баш ме заинтересира ;). Можеби има начин целосно да се елиминира кондензаторскиот микрофон ;).

Инаку тие конектори се 3.5mm-тарски... барем јас така знам ???, не 6.35mm-тарски.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 763
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
« Reply #10 on 08.08.2018, Wednesday, 09:51:56 (Edited 08.08.2018, Wednesday, 11:20:55) »
Најдов кабле XLR to 6.35mm, а за телефонот е стандард 3.5mm TRRS.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е сега, не ми е баш најјасна шемава. Што сакаш да кажеш со тоа NC, за кој вод е тоа?

А зошто едноставно не го „емулираш“ кондензаторскиот микрофон. Измери колкава му е отпорноста и капацитивноста и стави толкав отпорник и кондензатор наместо кондензаторскиот микрофон ;). Би требало да работи ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
XLRа со  to 6.35mm?? Такво нешто не постои во живо ниту како стандард.Постои 6,3 мм микрофонски џек, а кај тебе влезот во тлф е 3,5 мм ама со 4 полиња. Динамички микрофон не можеш да приклучиш  директно  наместо електретски микрофон според ова шема прво затоа што електретскиот микрофон бара преднапон , а него на шемава го  нема! Второ, нивото на динамичкиот микрофон е ниско и не може без пп да работи  како што треба ( има ниска данса од 200-600 оми, наспрема електретскиот микрофон кој има  отпорност 1,2К ома и дава повисоко напонско ниво.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Динамички микрофон не можеш да приклучиш  директно  наместо електретски микрофон според ова шема прво затоа што електретскиот микрофон бара преднапон , а него на шемава го  нема!

Најверојатно го зема преку пинот за микрофонот... има некој преднапон на него. Затоа и го предложив кондензаторот во серија со динамичкиот микрофон, случајно да не го оштети динамичкиот микрофон... а и ми беше претпоставка дека можеби така ќе го детектира како што треба динамичкиот микрофон, како да е кондензаторски.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
A отпорноста- како да ја компензираш? Ако е динамичкиот мик. 200 оми , препознава краток спој.Кога ставаш кондензатор, нема препознавање( отпорност бескрајна). Второ, напонското ниво е од 1 до 50- 100 mV за динамички микр. Овој напон не го покренува влезот на тлф.