Интересна модификација... Јас најверојатно би ги ставил вака легнати под плочката, за да нема толку долги жици...
И јас така мислев, ама подоцна ми текна дека пак ќе бидат блиску до ладилните тела на полупроводниците, така да, се решив вака да ги поставам
. Освен тоа, немаше доволно место за сите, кондензаторите се постари и релативно поголеми од оние кои веќе беа поставени, а освен тоа, поставив кондензатори со дупло поголеми вредности од оние кои беа веќе ставени, така да, сакал-нејќел, не можат да бидат мали
и ќе мора некаде да ги преместиш
.
Лоша одлука, паразитивните елементи си ги зголемил на излезните кондензатори, Највеќе L ќе порасне со што на напонските водови ќе има повисоки „шпици“... Ќе работи, не дека нема, но има шанса дека некој чувствителен дел (пример дигиталните делови) да неможе да ги издржи шпицовите :-)
Не му се грижам многу за тоа бидејќи, како што веќе наведов, вредностите се дупло поголеми од оние кои беа веќе ставени. Вака имам правено повеќе пати, никогаш не сум имал проблем
. Само што, сега ми текна да post-ирам бидејќи... па, ни сум ставил, а не сум ни видел слика на форумов од ваква изведба
.
@DL1BT: Инаку да, се сложувам дека кај многу моќни напојувања ова може да направи проблем. Ова напојување е за монитор... колку моќно може да e
. За вакви уреди за домашна употреба, нема никаков проблем да направи ваква преправка. Вакви преправки имам правено и на ATX SMPS-и, немало проблем
. Еве, баш од компјутерот од кој го пишувам коментарот, така имам сменето електролити во секундарот, врзани се преку увртени парици за плочата, а самите кондензатори... кај имав место, таму ги врзав со „везици“
(не знам како точно се викаа на Македонски). Далеку од тоа дека имам некоја слаба машина, Core i7 со 32GB RAM и 3 диска, далеку од тоа дека не влече струја, си влече, едно 300, 400W континуирано и е скоро 24/7 пуштена, а со вака преправените електролити работи барем една година. Баш пред некој ден ја отворав за да ја чистам и неа и напојувањето, ниту електролитите беа подуени, ниту машината има проблеми при работа
.
Значи, пак ќе наведам, ова не важи за индустриски уреди. Кај нив си има стандарди кои мора да се исполнат... ова е „крпење“ за, генерално земено, домашна употреба
... иако може да се примени и во некои професионални или полупрофесионални ситуации, сепак, треба прво да се проба, да се види дали решението е стабилно и дали прави проблеми, ако не прави, нека тера, ама ако прави, се знае, ќе си се набават адекватни електролити и тоа е тоа
.
И уште ова да го напоменам, во право е DL1BT за дебелината на водовите, ставете колку што можете подебели водови
. Значи, увртени парици од FTP кабел не бркаат работа, ќе треба сами да си вртите лицнасти водови :S. Јас имам искористено прилично квалитетни водови од некој стар уред (мислам дека од некој медицински уред беа извадени жиците, така да, не може да не се со солиден квалитет). Изолцијата не мора да е предебела бидејќи и онака напонот кој го исправуваат не е преголем, но задолжиелно да се изолираат лемните точки меѓу водовите и самите изводи на кондензаторите со панцир (термо) црево, како што е прикажано на сликата. Освен тоа, колку што може подобро одвоете ги жиците од кондензаторите од металната шасија на уредот. На сликата тоа не е прикажано, но подоцна, горниот дел од шасијата, од каде што жиците поминуваат прилично блиску до шасијата, го изолирав со истата онаа изолациона пластична фолија (од пакети од пратки од ebay) и избушени се адекватни места на истата, на истите места на кои металната шасија имаше дупки за ладење на компонентите од уредот
.