Еве ја финалната верзија од преправката на вториот монитор.
По некое време, откако го направив мониторот, почна сам од себе да се гаси, а и забележав дека излегуваат високофреквентни пиштења од него. Прво мислев дека високонапонските трансформаторчиња за неонките откажуваат, ама по неколку тестирања, излезе дека тоа не е проблемот. Исто така, уште една чудна работа
. Зашрафи само една маса, нема проблем, работи... пишти ама работи. Врзи ги сите, гаси
... почна да гаси и по 15 или 20 минути работа.
На крајот, излезе дека сепак DL1BT беше во право. Оние дополнителни керамички и пластични кодензатори се додадени од таа причина. Со нив, ни пишти, ни гаси
.
И општо, без разлика колкави се вредностите на кодензаторите кои ги менувате, сите се елтролитски. Тие не може да реагираат толку брзо како пластичните или керамичките. Затоа истите се користат како EMI филтри во високонапонските секции, но, се разбира, истите може да се користат за EMI филтри во нисконапонските секции
. Само врзете по еден пластичен и керамички (пластичнот да има вредност од 100nF, керамичкиот од 100 до 150pF) од секој од напојувачките rail-ови према маса и тоа е тоа
. Во конкретниот случај, јас врзав кондензатори од +12V, +5V, +3.3V и +1.8V према маса. Има еден керамички и еден пластичен на +12V и +5V на плочката за напојување и уште по еден керамички и на двата rail-а на CPU board. Исто така, кога ќе ги врзувате за маса, гледајте да ги врзете за најголемиот ground plane што можете да го најдете во близина
.