Да, сега сватив што сакаш да кажеш, значи да не биде само за LED strips (ленти), туку и за една LED диода.
Линкот од уредот кој го има ставено Zan го овозможува тоа. Исто така, и напојувањата на некои LED strips работат на сличен начин, со таа разлика што може континурано да го оптоваруваш тоа напојување, за разлика од уредот од кој Zan има ставено линк, кој не може континуирано да го оптоваруваш (тест проба, 30 секунди, минута две и толку). Исто така, на клипот се гледа дека со истиот може да се тестира и една LED диода (затоа не смее континуирано да се оптоварува, границите на излезниот напон му се многу големи, наменет е да тестира универзално, но за жал, тоа повлекува друг проблем, должината на тестот).
Значи, да сумирам, со уред кој работи во линеарен режим, ова не е можно да се изведе. Единствен начин на кој лесно би се извело ова е преку „напојување“ кое работи во импулсен режим. Сличен ваков уред е и тестерот за зенер диоди.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4183.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7756.0
Јас би препорачал со експериментирање со првиот бидејќи е со 555 и автоматски може да се подеси односот импулс/пауза, додека кај вториот ова не е можно. Исто така, ќе треба да експериментираш и со трансформаторчето. Можно е најдобро да одговара некое од SMPS напојување (на пример, она најмалото, за +5V Stand By). Генерално земено, во игра треба да се земе било кое SMPS или RF трансформаторче. Поради начинот на кој уредот работи (импулсен), ова нема да им пречи на LED диодите (баш напротив, повеќето испитувања покажуваат дека импулсниот нестабилизиран режим на работа им го продолжува животниот век на моќните LED диоди наменети за осветлување), а дополнителен бенефит е тоа што краткотрајните импулси, дури и ако напонот е драстично поголем од напонот на проведување на LED диодата, истата нема да изгори. Поради недостатокот на коло за feedback кај ова „напојување“, нема што да сигнализира дека напонот е паднат кога, на пример, се испитува една LED диода, па колото едноставно продолжува да го „гњави“ SMPS трансформаторчето. За среќа, исто како и во случајот со тестерот за зенер диоди, тестовите се краткотрајни и не може да го оштетат ни трансфоматорчето, ни LED диодата (кај шемата од конкретниот пример, со 555, јас лично барем не би тестирал повеќе од 10-тина секунди).
Инаку, сигурен сум дека принципот на работа од она комерцијално уредче од кое стави клип Zan, е идентичен со оној од првата шема. Се разбира, не мислам на шемата, туку мислам на принципот на работа. Конкретна шема и компонентите... во денешно време, тоа е менлива категорија.
Пробај, експериментирај, кај уредите кои работат во импулсен режим важат другу закони од оние кои работат во линеарен режим, а и пресметките зависат од искористените компоненти, како на пример трансформаторчето, од кои често и не можеме да најдеме спецификации (јадро, број на намотки, итн.), а да не го споменувам и фактот што ако се користи во инверзен режим (сменет примар-секундар), тогаш не важат спецификациите, дури и ако може да се најдат од трансформаторчето кои планираш да го користиш.
Постојат и други слични шеми на тестери за зенер диоди. На пример, оваа подолу не користи трансформатор, туку еден индуктивитет врзан за колекторот од трансформаторот (flyback принцип на работа). Сепак, не би ти препорачал да јакристиш оваа шема бидејќи нема галванско одвојување на примар (нисконапонска секција) од секундар, па ако нешто се зезне, може се назад да отиде накај 555 и да изгори колото.
Ако веќе планираш да експериментираш со првата шема, би ти препорачал да ја направиш и следната преправка.
Вака, целосно го одвојуваш примарот од секундарот и нема шанси да се случи нешто во секундарот, а тоа да се рефлектира на примарот
.