Author Topic: Препознавање на чип од ECU на Audi  (Read 1974 times)

Online Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
  • Gender: Male
Препознавање на чип од ECU на Audi
« Opened on 22.04.2018, Sunday, 00:17:21 (Edited 22.04.2018, Sunday, 23:34:31) »
Здраво,

Mе интересира како може да ги препознам чиповите означени со црвено, па соодветно да побарам програматор за нив.

По google нешто не можам да се снајдам. Само информација наоѓам дека се користи во Bosch ECU ??


Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 827
B58911 = EPROM 27C010
Жан

Online Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
  • Gender: Male
Благодарам, порачано

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Genius-G540-USB-Universal-Bios-GAL-Programmer-EPROM-FLASH-51-AVR-PIC-MCU-SPI-support-6000/624769856.html?spm=a2g0s.8937460.0.0.hFcPqI
Ќе ми го треба после и за 29F010 што ќе го користам како заменски за 27.

Online Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
  • Gender: Male
Програматорот стигна меѓутоа не го чита чипот.
Реакција на кинезите е дека бил Bosch производител и не читале B58911.

Дали некој има програматор за платена услуга за исчитување и запишување на 2 чипа ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хммм... би ти помогнал, ама немам програматор... имав намера да го нарачам TL866 MiniPro, ама сеуште го немам нарачано :S.

Ми текна дека може да пробаш со стара матична плоча (од P4 сериите) и UniFlash... со hot swap... можно е да профункционира. Еднаш така поправив некоја стара контрола за печка за леб (од оние индустриските). Газдата имаше две, едната не функционираше, од другата го исчитав софтверот и го запишав во првата со помош на стара P4 плоча... проработе... UniFlash ќе ти даде еден куп предупредувања, не одговара за оваа плоча, овака, онака, дрн, дрн, дрн... игнорирај се и остави го да го испрограмира ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."