Author Topic: Проблем со гравирка Extol 40411  (Read 14614 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #30 on 18.04.2018, Wednesday, 23:50:07 »
Луѓе, не знам што да ви кажам, нарачајте си од Кинезиве на ebay, господ да ве види ;). Јас па оригинал купив, не ми се погоди... две од Кинеските копии на Dremel купив, и двете се џам... спијат ;). Да, едната (постариот модел, мојата) има мал проблем со греење на лагерот, ама далеку од страшно е тоа, почнува да грее само ако континуирано ја користиш 7, 8 минути... а ретко ја користам толку долго.

На крајот на краиштата, ако не ви праи ќеиф, секогаш може парите назад да си ги вратите... за разлика од гравирка или било кој алат ако го купите кај нас ::). Така беше и со мојата оригинал Dremel 300 гравирка... ексцентар има, ја носам на сервис... ми викаат исправна е ::) >:(... им викам, да, ама има ексцентар, тресе... прво пробаа будала да ме направат, као демек еве, супер си работи, му викам ај стави ја на максимум, ја стави и кога почна да бучи, тресе, некоја резонантна фреквенција погаѓа, абе буши уши... ми викаат, ништо не можеме да направиме, званично е исправна, работи... >:(... ај да не почнам сега да пцујам мајки, шајки, итн... тоа ти е, Македонија ::).

Тресењето ќе си го решиш со нови лагери, да ги набијаш како што веќе ти кажаа И од ко ќе ја склопиш гравирката, на крајот од цилиндричниот дел кај шо почнува конусниот дел према врвот ќе си стаивш метална стега за црево со шраф шо се стега, земи со Ф60-70mm и монтирај си ја, со усул стегни само и ќе биде топ. Испробано  ;D

Не е лошо, ако веќе го правиш ова, да ставиш од гумата од велосипед и под стегата ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #31 on 19.04.2018, Thursday, 00:42:32 »
Па не знам за гравирки али скоро купував фифи(wi-fi) адаптер од анхоч, ми пишува гаранција продавачката и ми вели " во случај да не ти се допаѓа можеш да ја ватиш за 14(или 15) дена, ама мора амбалажата(опаковката) да биде оригинал па чувај ја за секој случај". Почувам да се штипкам и да си плескам шамарарчиња, не бев сигурен дали навистина почнале и овде така да работат, додуша не знам како би поминал ако отидам да го вратам производот ама сепак муабетот ми беше многу чуден за наше поднебје.
Гига таа  (линкот ппдоле) е новиот модел што не грее?
Инаку имам гледано скф и фаг лагерчиња нови се 100-тина денари ако дојде ред да се мењаваат, само треба радапцигер или преса. Немојте со чекан.
Code: [Select]
https://m.ebay.com/itm/Electric-Dremel-MultiPro-230V-110V-Grinder-Rotary-Variable-Speed-Mini-Drill-Tool-/322383954440?_mwBanner=1

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #32 on 19.04.2018, Thursday, 11:53:15 »
Така прават само во овие продавнициве за IT, аудио, видео и „се останато за дома“ опрема. И тоа за 15 дена ќе ти го наведе само за некоја џабелеску работа... како на пример USB Wi-Fi картица. Отиди купи лаптоп и види дали ќе ти го каже истото ::). Ќе се утепаш од карање за да ти ги вратат парите ако нешто не ти се допаѓа лаптопот (не работи како што треба или едноставно... не ти се допаѓа). Закани се со инспекција и сите стануваат многу фини ::). Или почни глупости да правиш, како на пример да дојдеш до некој друг потенцијален муштерија и да почнеш да му зборуваш како тој производ што го гледа го имаш и е за никаде :D, да видиш како наеднаш се што ти кажале дека не може, може ;).

А за линкот, не знам дали таа е таква, што не грее. И јас онаа што ја нарачав за пријателот, исто изледаше како мојата (не само на слика, и кога стигна исто изгледаше како мојата... мислам дека само штампата на неа се разликуваше), ама ете, таа не грееше, а мојата грееше. Најверојатно тоа што зезало кај претходните серии, со греењето, го имаат средено кај новите серии, така да, би требало оваа да биде од оние што не грее ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #33 on 19.04.2018, Thursday, 15:56:22 »
Сум немал искуство за поскапа роба(лаптоп, графичка ... ) За бела роба (во нептун фрижидер земав) знам дека ти пишува дека предходно си се запознал со техничките спецификации на уредот, ваљда за да не може да се жалиш.
На wishlst ми е, па кога ќе дојде ќе видиме :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #34 on 19.04.2018, Thursday, 16:40:54 »
Малку е офф топик, ама во СЕТЕК другар ми одбрал слушалки од 50 ЕУ и сакал да ги купи,но не му дале даа ги отпакува и проба!?? И тој зачуден се испокарал: како да ги купам кога не знам дали воопшто работат? А продавачката му вели- ќе ти ги замениме! А во дуќан имаат само еден пар такви слушалки!!! Да се вратам на темата - сум видел вакви бушилки кои по 15 минути непрекидно бушење дупки на витропласт започнале да *бацаат*,односно бургијата на врвот (од 1мм) прави круг 3 мм!Се испостави дека осовината прегрела и футерот почнал да шета.Во случајов мислам дека треба двата лагери да ги смени ( со радапцигер секако!) и ке се заврши работата.Само добро да ги погоди лагерите, да легнат убаво во лежиштата кои за жал се од ептенлита пластика.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #35 on 19.04.2018, Thursday, 21:32:00 »
Сетек ги заобиколувам со гооолем лак.
Чим стегнал изолирбанот не се лагерите :)
Во секој случај ако има сомнеж на лагерите не вреди така да се користи 120 денари мислам беа пар.
Тоа со стегата ми гледа како добра идеја.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #36 on 19.04.2018, Thursday, 22:43:52 »
Искрен да бидам, затоа ги сакам Кинезиве на ebay. Ако нешто не чини, не се замарам да му објаснувам „ама ова беше, она беше, вака ми стигна, онака ми стигна“. Подигаш dispute, фино лепо си објаснуваш што е проблемот, ако не сака продавачот да ти ги врати парите, ebay ќе ми ги врати ;). Да бидам искрен, во 90% од случаите, самите продавачи ги враќаат.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #37 on 19.04.2018, Thursday, 23:33:21 »
Можеби грешката не е кај Кинезите.Ако запнал малку повеќе и подолго време... Сепак, нека проба така да го реши , па да каже што ќе се случи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #38 on 20.04.2018, Friday, 01:56:24 »
Зборувам за недостатоци при пристигање на уредот или компонентата која сум ја нарачал. Често е оштетување при транспорт (што повторно, не е моја вина), ама некогаш, јасно е дека едноставно за никаде е изработката.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #39 on 20.04.2018, Friday, 16:08:15 »
Искрен да бидам, затоа ги сакам Кинезиве на ebay. Ако нешто не чини, не се замарам да му објаснувам „ама ова беше, она беше, вака ми стигна, онака ми стигна“. Подигаш dispute, фино лепо си објаснуваш што е проблемот, ако не сака продавачот да ти ги врати парите, ebay ќе ми ги врати ;). Да бидам искрен, во 90% од случаите, самите продавачи ги враќаат.

Не е баш секогаш вака, може да е вистина со пратки со вредност до максимум 30тина долари, ама за поголема цена ти вика врати го па ќе ти ги вратам парите. Купував камера, чинеше некаде 70-80 долари, кога стигна не беше како опишаното се, отворив dispute и ми вика продавачот врати ми ја камерата ќе ти ги вратам парите.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #40 on 20.04.2018, Friday, 16:31:58 »
ај да си ти на место од продавачот...
Додуша мислам и овде(ако ти вратат пари воопшто) ќе си ја вратиш робата.
Него да наставиме во "нарачки од интернет" или па да си отвориме тема за ривјуа за гравирки стриктно ( како што има за лемилици ) ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со гравирка Extol 40411
« Reply #41 on 20.04.2018, Friday, 23:27:33 »
Бујрум ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14287.0
Тука дискутирајте за граврики, нарачки на истите, искуства и се останато што сакате ;)... поврзано со гравирки и (како што е насловот на темата) слични електрични машини ;). Нека си остане таа тема за нарачки од интернет за се што нема преголем интерес да се категоризира ;).