Прво, никој не беше дрзок, само му беше укажано на членот на пропусти во оваа, но во негови претходно отворени теми... како на пример да се даде заклучок на темата (направено, средено, не направено, се откажав, итн.). Тоа на странски форуми се нарекува solved topic (решен случај). Само кај нас вакви работи се сметаат за „гњавење на членот“
.
Второ, се знае кои се „правилата на игра“. Не мора некаде да стојат или да бидат пишани за да бидат познати. Треба да дадеш за да земеш... поточно, треба да дадеш адекватна информација за да добиеш повратна адекватна информација. Ние не сме гатачи. Ако некој сака да му изгатаат шема или помош за некој проблем, ние не сме луѓето кои му требаме.
Трето, секоја куќа си има правила. Си дошол во некоја куќа, си сакал да бидеш член од таа заедница? Бујрум, ќе се водиш по тоа што ќе ти го кажат резидентите на таа куќа. Секој е доброволно тука, никој никого не фаќа за гуша. Ако на некој не му чини како се водат работите на форумов, нема потреба да биде член на оваа заедница, може слободно никогаш повеќе да не се најави... дури и нудиме опција, ако сака, да му биде избришан профилот, така да, не гледам каде е проблемот. Кој сака, во секој момент, може да си оди без никакви последици.
Четврто, добронамерни критики прифаќаме, но не од членови кои не знаат културно да го наведат тоа. Danielco, се што пиша можеше на многу по културен начин да се напише. Не дека беше вулгарно кажано, далеку од тоа, ама сепак, барем јас, а мислам дека и останатите членови на администрацијата, се осеќаа малку нападнато. На пример, „исфрустрирано“ не би бил адекватен термин за обраќање на било кој член. Јас би можел да кажам дека си „исфрустриран“ бидејќи немаш доволно познавање од оваа проблематика, па нападот е најдобра одбрана и ги напаѓаш оние кои (најверојатно) имаат поголемо познавање од тебе, но поради некои причини, не сакаат да го споделат (во претходните коментари е наведено кои, барем за конкретниот проблем).
Петто, во ниеден момент никој на никого не се закани. Прочитај убаво, и посочи дали некој на некого му се закани. Баш напротив, и покрај лимитираните инфрмации кои беа дадени, Toma проба да му помогне на членот и му даде линк од шема која, врз база на тие лимитирани информации, смета дека е онаа која ја бара. Притоа, само му беше
посочено дека претходно има отворено теми без завршница и дека е пожелно да пише каква била завршницата. На секој странски форум, ова се сваќа како потсетување, а не како навреда, притоа членот се извинува бидејќи не пишал кој е епилогот на тие теми и пишува во адекватните теми.
Шесто, ако некој треба да биде шериф на овој форум, тоа треба да биде администрацијата. Да, ние не сме само шерифи, но не сме и само генератори за одговори
. Ако не забележа, за разлика од Toma, ти ништо конкретно не придонесе во оваа тема во врска со прашањето кое беше поставено, а од друга страна, очекуваш од нас да дадеме одговор за конкретното прашање
. Зошто па ние да бидеме оние кои „секогаш знаеме се“? Нели е форумот на сите членови, а сепак, ние сме тие кои најмногу post-ираат и даваат одговори на вакви прашања. Да, ние треба да бидеме оние кои најмногу помагаме и имаме најголемо искуство од определена проблематика (секој во своето поле), но не треба да сме единствени кои помагаме, а сепак, ако на определена тема не одговори модератор или администратор, практично во темата и нема да има коментари (post-ови). Извини, ама нели мислиш дека ова е малку лицемерно
... твојот кометар нема никаква поврзаност со конкретниот проблем, а пред твојот кометар има post од модератор кој сепак се обидел да помогне во конкретната ситуација и ти го напаѓаш
?